19. Вчерашнина, денешнина, утрешнина
Здраво-живо народецу мој,
Баш сега ми дојде да си удрам едно филозофирање! Да си го концентрирам мозоко на едно нешто и да го исфилозофирам ко филозоф. Не знам дали ме знајте или можи да сте чуле за мене дека, меѓу другото, ептен ме бидува за филозофирање. Тој талент ја си го открив откоо останав сам, откоо ми умре и ме остај мојата никоаш непрежалена Громојца. Ја ко ќе почнам да филозофирам треба да мини многу време дури го најдам крајо на филозофирањето. Поради то и се воздржавам често да го праам то, особено пред некој што многу многу не ја сака филозофијата оту ја смета за млатење празна слама. Таквио појма нема шо е то филозофија оту нема апсолутно никаква врска ни со празна ни со полна слама. А се воздржавам прибидејќи филозофирањето не е баш лесна работа. Ја дури исфилозофирам нешто толку се уморуам што после не моом ни збор да прозборам два-три дни. Поготово коа ќе се фатам за некоа ептен проблематична проблематика од конкретнио живот.
Баш сега ми дојде да си удрам филозофирање за нешто од што од ден на ден мнозина од вас, лујѓе мои, ги боли глаата, а на некои богами ко да ќе им пукни: за вчерашнината, денешнината и утрешнината. Се разбира, оособено она што во нив се однесуа на нас ко народ во ништење и на нашава државичка која во голема мера веќе не е наша, а скоро можи да не биди ич.
Ја имам читнато понешто од умни лујѓе во вчерашнината и денешнинава, кои напрајле и создале многу за сите лујѓе на свето. Најпојќе ме бендисуа она дека вчерашнината е нераскинливо врзана за денешнината, а утрешнината не можи да ни дојди, да заживејме, да поживејме макар некое време ко во утрешнина. Вака некако: вчерашнината и денешнината се во утрешнината, а утрешнината се зародуа во вчерашнината, расте и се претопуа во денешнината. Сакам да речам дека и во мојво филозофирање, ко на многу друзи филозофи слични на мене, ќе ги сумблимирам трите. Не за да ги симплифицирам односно да им ја олеснам проблематиката, ами заради и поради што сметам оту не е можна нивна детерминираност. Ме разбирате, нели?
Значи вака, народецу мој:
Ја просто не моом да им се изначудам на горниве, посебно на најгорниве во власта како можи до толкуа да не знаат али да не разбираат оту вчерашнината, со акцент на историјата не е, нито можи да биди пиши-бриши по нечии ќефој. Не знам дали некои рекле али мене ми паѓа во умо оту историјата ја пишат и бришат победниците, ја допишуаат нови победници, а поразениците не смеат да ја бришат, туку да ја учат ко што им е пишана. Што апсолутно, тотално и резолутно не е точно.
Ко прво и прво, вчерашнината со акцент на историјата не е пиши-бриши на победниците. Таквата е лажи-заборај. Не е ни толкуање. Правата вчерашнина е нејно создаање со знајне, откривање артефакти, знајте што се тоа нели, секакви оригинални писанија и цртанија, непишани небришливи траги во земја и на камен. Ко второ и второ, таа не можи туку-така да се остај сама на себе за никому да не му треба. Знајте заошто? Зато што без неа лујѓето на свето нито постојат, нито можат да постојат во денешнинава. За утрешнината па ич да не прајме муабет. Има и треќо ко треќо: вчерашнината со акцент на историјата е и длабоко и широко врзана со корените и вкоренувањето во плодна земја. Не во опустошена, запустена, пустинеста. Уште ако одозгора на то станува збор за исконски народ ко ние, Македонците, и за негоа исконска земја ко нашава, Македонијава, тогаш тие две нешта-корените и вкоренувањето од филозофска и секаква друга гледна точка се кондицио сине ква нон. Ме разбирате и се разбираме, нели?
Сега дозволете ми, вие лујѓе, на кои им е макар блиско а не дибидус одбивно филозофирањето, за денешнинава да исфилозофирам еден конкретен аспект што ја прави сива, црно-бела и розова истовремено. Мислам на бизнисменско-политиканскио, односно властодржачко-властољубно-мафијашкио аспект. Морам да признаам, овој аспект е многу сложен, поточно комплициран и проблематичан. Ама нема бегање од него, со оглед на денешнинава каква што ни е нам. Ќе се задржам само на едно круцијално прашајне во врска со ваквата каква ни е, а на кое малкумина ко мене му посветуваат доволно филозофско внимание: кој ли ја прави такваа и кој нам ни ја напрај што да не можи на долг рок да се испрај, попрај, препрај, ами да мора час поксоро олдново да се прај од А до Ш?
Ќе се согласите со мене оту аспекто шо ми е на ум не прај вакваа денешнина сам. Демек, така ѝ текнало, така ѝ се можи и така ѝ се сака. Како да не! Не само шо не прај, ами таквио аспект нема шанца да прај ако некој не го стај да владеј со народ и државичка. А кој можи да стај таков ко него? Само таков ко него! Јасно? Нешто ви је збунка? Ај вака, колку да не ви је: бизнисменско-политикантски, односно властодржачко-властољубно-мафијашки аспект можи да натури ко власт, за да прај денешнина ко нашава, ист таков ко стратешки партнер; односно кој командуа со него, односно кому му измеќаруа со народски јазик речено. Најконкретно мислам филозофски на Американа и незиноно НАТО во кое таа нè упика за да стани и наше. Веќе не ви е збунка, нели?
И сега: шо можиме да прајме ние за денешнинава за да не ни биди вакваа каква што ни е, или пак одново да ја прајме од А до Ш прибидејќи е очебијно (баш наместо ми дојде овој збор, особено со бијно во него) оту дотаму ја дотуркаа неарниве во умо? (Да, таквии си се докажаа и ја ги третирам таквии најблаго речено.) Ако се замислиме длабоко филозофски, ќе дојдиме до едно и ниедно друго решение: кревање револуција ко процес на еволуција, и то од голорака, стапорака, ладноорудиена и ладнооружена, па сè до топлооружена односно огненооружена. Ја ко дедо Громче резолутно ви велам: нема друго чаре! Се разбира, ако сакаме дел од денешнинава да ни влези во утрешнината, да ни се пенетрира ко што се вели филозофски. Ќе бидам изваден од такато и нефилозофски вулгарно ќе доречам (а вие не ми го земајте то ко некултурно): ти, народецу мој, да им го ебиш мамичето мамино на овие натурениве на власт и сам да си стајш на твое чело умни, учени, опитни и предисе и надисе чесни лујѓе. Кои ќе ја прават нашава денешнина со прилично голем дел за во утрешнина.
Да бидам искрен, се уморив, скоро папсав од филозофирање, па за иднината само едно ќе исфилозофирам: никој не смеј да си дозволи негоата и нашата да ја напрај тотално, апсолутно и безалтернативно неизвесна.
На оние што уште не знаат, вие што знајте да им кажите:
Ко ќе кажи нешто дедо Громче, кажано је!