16. Нит` ми се мисли, нит` ми се збори, нит` ми се молчи
Здраво-живо народецу мој,
Белки не помисли, откога ти дојде насловов пред очи, оту сакам да си удрам едно филозофирање, сеедно мало или големо, па што ќе излези на крајо од кажуањево нека излези? Заошто да помислиш ако ме знајш ко дедо Громче кој кажуа директ сè што му е за кажуање, односно за непремолчуање, односно за укажуање, односно за предупредуање, а најсетне за истеруање на нешто на чистина. Да де, и мене ми изгледа баш ко за филозофирање, ама ја непара филозофирам, особено во последново наше време. Наслово ми је за стварно како ми је.
Лујѓе мои, во последново наше време стварно не ми е нит`за мислење, нит` за зборуење, нит` за молчание. Ко што велат младиве и возрасниве накај старите, а и понекој стар ко ја, ми пукна филмо! Кој филм, прашуате? Како кој?! Па овој што ни го режираа за да нè докусурат, платија мафијаши и ги главија во главни улоги на власт, а ние ко епизодисти мора да играме во него дур`докрај не нè изиграат. Оној што се знајт геостратешки со наслов „Кроење и делење на државичка и народ од искони“. Реков геостратешки? Е, то ми је прво кога ми је ко што ми је.
Громојца моја, која, Бог да ја прости, си ја сакав со срце и душа, ми почина пред појќе години и ме остај сам да си туркам ко дедо дур` не си ја дотуркам староста докрај, кога прајвме муабети за личните промашуања во живото често ми велеше ко да ме кара: „Ти бре, Громче мој, си напрајл ептен големо промашуање во живото што си станал библиотекар и цел работен век си бил со книги, книжулиња и книгишта. Ај што си бил, ама и си се отепуал од читање“…Што? Досега не сум ви рекол оту сум пенѕионер-библиотекар? Се извињавам, многу се извињавам…Обично ѝ одговарав на мојата Громојца: „Така ми било пишано, Громојце моја. Некој е за пари, некој цел живот турка, крева, копа, фрла, некој е за господуање, а некој за сиромашуање, и то је дел од живото. Ама ја не се жалам. Знајш и сама оту книгите се најголемо богаство на чоеко. И мене ми се ко на чоек, па не би ги менуал за ништо живо али мртво на свето. Да не ми беше библиотеката, куќаркава ќе ни беше преполна со книги. Ќе имавме голема библиотека што да не мојт да се замисли“. Таа, пак, ме пресекуа: „Сакам да ти кажам дека промашуањето ти е што не си станал геостратешки експерт, аналитичар и колумнист!“. Знајте, луѓе, Громојца моја си беше поприлично модерна и секоаш во тек со времето. Исто ко ја. И најчесто ѝ одговарав: „Во право си, Гомојце моја мила и драга, требало да станам. Геостратешки сум ептен поткован. А заошто мислиш така?“. Таа: „Не мислам, ами знам, тврдам и немам никаква дилема! Ти ко ќе фатиш нешто од геостратегијата, а бе нема промашуање. Ете, на пример филмо што ни го режираа за да нè докусурат, платија мафијаши и ги главија во главни улоги на власт, а ние ко епизодисти мора да играме во него дур`докрај не нè изиграат, што се знајт геостратешки со наслов „Кроење и делење на државичка и народ од искони“.
Туку…за што сакав да кажуам сега и овде?…А да, за то оту нит` ми се мисли, нит` ми се збори, нит` ми се молчи.
Народецу мој, како мине нашево време сè помалу ми се мисли. Речиси ич не ми се мисли. Досега мислев, мислев, се отепуав од мислење и што? Некој се замисли, се домисли, се премисли? Можи има некој, можи има и некои, ама меѓу горнине гарант нема ниеден. То го тврдам и го гарантирам! Па, да имаше макар еден таков меѓу нив, ако не да мисли барем да се замисли, да се домисли или да се премисли отко јас мислев за ова, за она, прво и прво не ќе беше мафијаш, и то од главните во филмо, а второ и второ не ќе го главеа и платија за таков на власт. Уште појќе ме секира то што ние, сакам да речам ја и ти народецу мој, ко епизодисти мора да играме во него дур` докрај не нè изиграат. И ај кажи ми ти како да не ми е нит` за мислење.
Реков и пак ќе речам оту нит` ми се збори. Просто ми се смачи од зборуање за ова, за она, за нешто, па и за ништо. Си велам: кое фајде од зборење? Заошто да си трошам зборој? Заошто да зборам во ветар и магла? Зборев, зборев, еве и сега зборам, сигурно ќе зборам и отко ќе ми мине нерасположениево во кое сум моментално, ама се менуа ли нешто, се попрај нешто напраено, се напрај ново за напред? Напротив, многу од напраеното е веќе расипано, растурено, нема ни кој да попрај нешто, а за праење ново за напред нема ни збор, камо ли муабет. Да де, нормално коа геостратешки се крои и дели државичка и народ од искони. Ама ја мислев и се надеав, многу имам прочитано во книги оту зборуањето можи да смени нешто, да запри па да продолжи по правио пат и да им го остај кривио на кривите. Дури, во нив имам прочитано оту зборој наместо и зборој на вистина можат да бидат толку јаки што да го дотепаат, да го дотолчат непријатело. Сега нит` ми се збори оту геостратешкио туѓин е ја глув при уши, ја си ги наполнил ушите со бубаќ за да не слуша. А и ти, народецу мој, ко да ти је смачено и од мене и од други што ти зборат, особено оту те викаат да станиш, да се крениш на нозе и да земиш стапој в раце, та да им удриш стотици стапој броејќи ги секои сто еден, па да ги напикаш во мрачни зандани али да ги отераш во мајчината мафијашиве главени на власт. Се разбира, пред тоа да го вратат али да им го земиш сето испокрадено од тебе.
Е, ама нит` ми е и за молчание. Сум пробуал и пробуам. Не можам, а да ви кажам право и не сакам да молчам. Чуму молчење, лујѓе? Ко за помируање со состојбите и собитијата, ко не дај Боже за прифајќање и одобруање? Ко за мудруање? А бе ај! Не доаѓа во обѕир! Дедо Громче никоаш нит` молчел, нит` молчам, нит` ќе дозволам некој да ме замолчи. А коа гледам што се прај и не се прај, пред сè и над сè на геостратешки план, работава ептен не е за молчание. Па, зар не гледате, не слушате и не чувствуате оту сме на рабо на амбисо?!
Еве, на крајо баш оту не ми е за молчание, да ви кажам гласно и јасно ко несуден геостратешки експерт, аналитичар и колумнист: зад нас и околу нас се тркала многу голема и тешка стена разнебитувачка. Ко огнена топка. Не зависи од нас дали ќе ја дотркалаат до кај што намислиле за да опожари сè наше од дамнина до денешнина, во исто време нас да нè пеплоса? Зависи од првио али единственио стратешки партнер на државичкава ни, оној што пали и гаси преку од него главените мафијаши на врвојте на власта? Да, ама попрво и појќе од нас самите ко народ. Како? Да се повторам: најпрвин да станиш, да се крениш на нозе и да земиш стапој в раце, та да им удриш стотици стапој броејќи ги секои сто еден, па да ги напикаш во мрачни зандани али да ги отераш во мајчината баш мафијашиве на врвојте и друзите под нив.
Ти знајш, народецу мој, ама мое е да се нагласам:
Ја ко ќе кажам кажано је!