ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Потребно време за читање: 2 минути

1. Предгласно мислење или предмонологизирање

Здраво-живо народецу мој,

Ја сум Дедо Громче. Оној што ме знајш од дамна. А ко што ме знајш од дамна, така си се знајме.

Си велам заошто монолог кога со тебе си правев и отсега ќе си правам муабети, прибидејќи и ти ко ја си токму колку што си бил и си, а нетокму се оние што биле ко да не биле и не се оту не се ко нас? Колку што ме држи умо, никоош, нигде и за низашто ја не сум бил спроти тебе, ни ти спроти мене. Па и кога не сме на исто мислење и правење. (Јас ко Дедо Громче сè појќе со мислење, а сè помалу за праење, ко што Госпо го наредил животецо).

Да ти кажам прао, народецу мој, некако ми лежи монолого ко таков. (Ми се влече јазико дури го кажувам зборо, па си мислам оту е поарно да го наречам само гласно мислам.) Си кажуам што мислам, па кому иде нека му иде ко што му иде. Е тоа-гласното мислење ко монолог баш ми е гајле.

А бре лујѓе мои, зар ич не ви текнуа заошто ненародна власт, онаа што сама си се избира со припомош на оние што на народи им избираат власти за сами да си владеат царски и вазалски, жив страв ја јаде од гласно мислење? Заради тоа што не е и не можи да биди едно ко ниедно, ами можи и бива едно ко едноумно? Не! Тамам работа! Ненародна власт се плаши од гласно мислење прибидејќи тоа можи брзо да стани громогласно. Па да се разгрми, па да зататни, па молњи да почнат да го параат небото, па да удрат едни громој што пуздер ќе напраат од нејното самовладеење.

Е, сега да си знајте: ја ко Дедо Громче почнувам гласно да мислам и колку што ме држи гласо да докажуам што мислам, а прифаќам секое гласно мислење да ми се вика монолог не оту ѝ се плашам на едикојаси ненародна власт, ами прибидејќи не знам за однапред со колку од тебе, народецу мој, во исто време ќе дијалогизирам.

И да си знај секој од мене на секој крај:

Ја ко ќе кажам кажано је.

 

Leave the first comment