Потребно време за читање: 2 минути

117. Тековната објава на дела

Еве една белешка на Јас книжевник и Јас обичен смртник, значи заедничка, што допрва ќе се актуелизира сѐ повеќе. Се однесува на тековните објави на книжевни дела во создавање:

Е за промислување тековната објава на творечки дела на Интернет, особено на социјална мрежа:

Има автори-писатели, меѓу кои и мојата дребност, кои објавуваат речиси секојдневно дела во создавање-поетски (одделни песни), прозни (раскази, романи во продолженија), сатирични дела (делови од нив), афоризми итн. Сметајќи на „скромна“ читаност од стотици, па и илјадници пријатели односно „фанови“. Посебно внимание предизвикува нивниот став (и мој) да се остане на тековната објава, без амбиција или надевање дека тие скоро ќе бидат објавени како „целосни“, сеедно дали како електронски или печатени изданија. Едноставно, „готовите“ односно „затворените“ дела ги „складираат“ во нивна „фиока“ на Интернет и продолжуваат да создаваат други (мојот „случај“).

Дали објава на дело во книжен формат (по „нужно“ време за подготовка и печатење), што ќе го прочитаат двајца-тројца читатели (можеби ќе го купат уште толкумина) и еден-двајца книжевни критичари односно теоретичари на литературата?

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Или објава на дело во кое било време на Интернет, на социјална мрежа и како електронска книга (токму сега, едновремено со искажана-изразена самокритичност), прочитано од стотици читатели кои реагираат со лајкови или емотикони, како и илјадници потенцијални?

Куса порака, поточно констатација на пријател во врска со моите книжевни дела што континуирано, некои и секојдневно ги објавувам на Интернет и Facebook:

„Вашите дела ги следат/ги читаат илјадници читатели!“.

Јас не знам, немам потврда и се сомневам дека се „илјадници“, но може да се зборува за потенцијални читатели. Исто како печатен тираж на една книга: може да се продаде целиот, да се купат примероци, но да не се прочитаат, да не се купи примерок, делото да го прочитаат мнозина (во библиотека)…

Лично ме радува дека не е мал бројот на пријатели кои реагираат-лајкуваат/коментираат/споделуваат. Тоа посебно се однесува на моите проблесоци во мислата, песните, расказите и, потенцирам, продолженијата на моите романи, а кои ги создавам и објавувам континуирано. За што сум многу благодарен.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

А каков е и каков треба да биде нашиот однос спрема (само) тековната објава на творечки дела? Особено критичкиот? Дали тие треба да бидат третирани како целосни-комплетирани, како официјални-објавени библиографски „единици“?

Можеби најважно од сѐ: што ако авторот остави завештание по неговото заминување од овоземниот живот тие да се избришат или, пак, да не се објавуваат со години или децении?

Сево приведено како поткрепа на нужното и брзо радикално менување на нашиот однос спрема создаденото и творештвото во создавање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here