118. Спокоен сум
Постојан, стамен, доследен на себеси, достоен…до последен издив.
Сеедно уште колку создадени и дела во создавање. Со мое, во мое време, до замин, до заборав.
Момент на лична слабост, резигнација или…
Да создадеш и објавиш толку обемно книжевно творештво и неброени радио-проекти (некои легендарни) во тек на повеќе од 40 години професионално радио-новинарство, а со тоа да не обезбедиш ниту за себе, ниту за најблиските пристојна, спокојна, достојна живеачка…
Моја реакција на искажана/објавена малициозност:
-да, јас сум писател-книжевник зашто објавувам-создавам писателски-книжевни дела (поезија, проза, сатира…) повеќе од 50 години и ќе продолжам до последен здив, а не оти сум признаен или непризнаен, наградуван или ненаградуван;
-не мора допрва да дознаваш кој сум и што сум оти, и ако дознаеш случајно, тешко дека ќе научиш нешто;
-воошто да не се грижиш за кого пишувам и создавам штом не и за тебе. Колку за твоја информација, пишувам-создавам за себе (лична опстојба), а да ли уште за некого (макар еден) или за неколкумина, десетина, стотина, илјадници, искрено не знам и со тоа воопшто не се заморувам;
-а во врска со твојата грижа кому (ќе) му го оставам сето напишано-создадено, јас те прашувам: зошто мислиш дека ќе го оставам?! Што ако се избрише, ако го снема со мојот замин од овој свет. Никому ништо, нели?
Парадоксален?!
Никола М., FB пријател:
„Љупчо, на „добар пат“ си да станеш единствен парадоксален случај во македонската книжевност. На FB односно на Интернет секој ден објавуваш по неколку песни-создаваш тековно стихозбирки, поетски студии, двостишија (илјадници песни!), романи во продолженија, раскази и „ескизи“ (куси раскази), сатира, илјадници „проблесоци во мислата“, афоризми…
Како завршуваш едно дело, го оставаш во својата „фиока“ како ворд документ, со „напомена“ дека не очекуваш-не се надеваш да се објави во корици додека си жив!
Значи, македонската книжевност без твоето творештво?!“
Одговарам:
Така некако!
Ме остави без зборови!
„Молам ова да го објавиш на твојов FB профил, без да ме именуваш (не сум важен, само сум еден од твоите FB пријатели):
Не можам да разберам и да прифатам да биде не само непризнаен, туку да „се држи“ на маргините мислител и книжевник како тебе, според многу нешта единствен на светот!
Сите твои досега создадени/напишани и објавени дела на Интернет, но и што сега ги создаваш и едновремено ги објавуваш, се огромно македонско и светско книжрвно и мислечко богатство. (Еј човеку, си напишал и објавил 14.000 проблесоци во мислата и неуморно продолжуваш!)
За кое македонските издавачите треба да се грабаат меѓусебе да го објават. А кога странските би имале можност да го запознаат (доволно да е бар нешто преведено) би добивал неверојатни понуди за издавање.
Не знам, можеби самиот не си свесен што, колку си создал и што создаваш. Јас никако не ти ја прифаќам одлуката (се надевам дека ќе ја смениш) да не дозволиш објава на ниедно твое дело додека си жив, па и потоа, и сè да „фрлаш“ во „Фиоката на Заборавот“ на Интернет. Па уште, тоа за тебе да е „интересна творечка игра“ (создавање и тековно објавување на Интернет, а потоа „фрлање“ што ти е исто како горење!).
Сигурен сум дека секој што ќе ги прочита твоите дела (ги има на твојата творечка/книжевна страница https://ljupco.panoptikum.mk/ која, се надевам, нема скоро да ја „замрзнеш“ односно затвориш) ќе се согласи со напишаново од мене.
Трагично и болно не за тебе, туку за Македонија!“
Може да е важно само за мене:
По повод барање-дозвола да бидам застапен со поезија во еден антологиски избор:
Не дозволувам објава-вклучување на мое дело (проза, поезија, проблесок во мислата, сатира, афоризам…) во антологиски и каков било друг избор на современото македонско книжевно творештво дома или во странство.
Секое непочитување (ќе) претставува повреда на авторското право.