БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Потребно време за читање: < 1 минута

62. Чудак?!

Секој творец е особен човек, чудак? Јас искрено не знам.

Сосема лично и субјективно (молам никој да не ми забележи):

Јас чудак?! Којзнае…

Јас книжевник:

-Дека секојдневно пишувам и објавувам на социјалнава мрежа Фејсбук?

Јас обичен смртник:

-Зашто сакам и ми се може!

-Дека моето творештво брои илјадници (неброени) песни, двостишија, раскази, романи, ескизи („готови“ прозни скици), сатирично-хумористични дела, проблесоци во мислата, афоризми, енциклопедиски одредници-собрани во оформени ракописи од кои можеби ниеден нема да биде објавен како книга додека сум жив?

-Неважно!…Да, и за мене!

Јас книжевник:

-Дека ништо од тоа сѐ не вреди, не значи, не заслужува да биде дел од чиј било и каков било избор од македонското книжевно творештво?

-Не ме засега!…Треба? Колку?

-Дека ниедно мое оформено дело не е преведено на кој било странски јазик?

Јас обичен смртник:

-Жал ми е, ама…па што?

-Дека сум рамнодушен кон сѐ што е во врска со мене како творец?

-Нормално! Зошто да не?

Јас книжевник:

-Дека ништо не ми значи тоа што за досега објавените дела во печатен формат („само“ 8) и за тековното објавување на моето творештво ниту сум добил, ниту очекувам да добијам какво било признание или награда?

-А кому му значи?

-Дека нема шанса да станам член на МАНУ или да добијам национална пензија како многу други-заслужни? Ха!…Ха,ха, ха!

Јас обичен смртник:

-Дека новинарската пензија (не писателска) ми е доволна-колку за живуркање и за крепење во години(ве)?

-Доволна ми е!…Толку заслужив!

Leave the first comment