Секнати кладенци

Јанѕи од јава во јазол

Секнале мигум сите кладенци
Што ги знам близу и далеку
И ги вардев со векови ништо
Да не им се случи.

Нешто ненадејно се случило
Или пресушно се случува!

Сè уште имам надеж дека
Тоа не е засекогаш
Туку е последно укажување
На сите годишни доба
Собрани во последниот миг
На својот опстанок
Дека ни во голите камења
Расфрлани на сите страни
На умирањето на светот
Веќе нема ниту искра живот.

Нешто ненадејно се случило
Или пресушно се случува!

Им појдов на сите кладенци
Од најблизок до најдалечен
Што ги знам
За да ги прашам зошто
Му дозволиле на човек
Безводен
Да ги секне да ги исчезне
Да не е за колку да земат здив
Колку да приберат нова сила
Па одново да се родат
Да избијат на поврвнината
На постоењето
Да се разиграат на виделина.

Сите до еден ми одговорија
Дека се сториле подземни
Во длабоки безгласни пештери
За да си ја сочуваат ведроста.

Прочитај и за ... >>  КОЛУМНИСТ ШТО МИСЛИ ГЛАСНО ЗА ЖИВОТ И ЖИВОТНИ ПРИКЛУЧЕНИЈА (ПОЕНТИ), XXVI, роман

Нешто ненадејно се случило
Или пресушно се случува!

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, стихозбирка, 29

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.