466. Жени
Се собрале жени во круг
на родна светлина и молк.
467. Птици
Олку многу секакви птици
никогаш во лет на чисто небо.
468. Благодарност
Топол насмев и нежен допир
на ново утро со вратен живот.
469. Трајно
Врежан лик во самотен камен
никој да не може да го избрише.
470. Никогаш повеќе
Со тебе никогаш повеќе
во еден крај со два краја.