446. Мои слова
Врежав мои слова
во камен за игра.
447. За опирање
Иде уште еден ветар
на кој ќе му се опрам.
448. Дрво
Урна дрво со сув корен
молња како огнена птица.
449. Покрив
Направив покрив за куќа
без темел и камено огниште.
450. Лидање
Имам цел, немам цел?
Зошто цел, до која цел!?