406. Само љубов
Отсекогаш беше и си
мое постоење во спокој.
407. Ништо близу
Сè веќе предалеку
за наше достасување.
408. Доверба
Стамен чекор прв
кон друго време.
409. Пак
Нема зошто за мене
што некогаш било.
410. Оставнина
Му остави дело без крај
на незнаен далек потомок.