СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 341-345

Потребно време за читање: < 1 минута

341. Она

Она време кога она е сама
во камена земја без корен.

342. Сознание

Луѓе тргаат кон изгрејсонце.
Веќе не можат да стојат во место.

343. Судам

Само ти си виновна за залудноста
на нашиов опстанок во самотија.

344. Одлука

Ќе се најдеме скоро јас и ти
среде урнатина под ведро небо.

345. Насилување

Се насилиле живи коски
да урнат ѕид од мртви коски.