ДУМА, ОПИТ, УКА, 161

Потребно време за читање: 30 минути

161. Борч-Долг-Должност-Задолжение

Секој што бил или е борчлија ја знае тежеста на борчот. Секој ја знае, ама не сите борчлии се однесуваат еднакво спрема него. Поготово спрема оној кому му се борчи. Едни не ја забораваат маката дури не го вратиле, други сон не ги фаќа дека го враќаат, а никако не им успева целосно да го вратат, трети си немаат гајле оти научиле борч со нов борч да враќаат.

Секој што имал или има долг спрема некого знае дека нема во животот ништо потешко од негово навремено враќање. И оти е најтешко стар долг со нов да се враќа. Поточно, најстрашна од сè е зависноста што се прави со долгот. Поготово ако му е тоа целта на тој што задолжува.

Со борчот-долгот може да е блиска и да не е должноста или задолжението. Може да е блиска кога е збор за исполнување, на нешто во или во врска со животот. Почнувајќи од должноста или задолжението да се живее животот колку може полесно, порадосно и поспокојно,завршувајќи со должноста или задолжението да не живееш само за себе, туку едновремено и за себе и за друг и за други. Нема кој нема каква-годе должност или задолжение што да се исполни или да се исполнува. Исто како долгот.

Меѓу борчот или долгот и должноста или задолжението е опстанокот на човекот како човек. Додека е живот, до пред смрт.

Македонски народни пословици и изреки

Господ борч не плаќа.

Му влезе змија во ќесето, што не си плаќа борџо.

Никоја рака не го мие, лели во борч влезе.

Од две нешта да се чуат чоекот: од борч и измеќар`лк.

Пат со одење, борч со плаќање.

Плот гниет, борч не гниет.

Од трње борч сака да плати. Или: од трње сака грозје да збира.

Туку борч да клаи, та душата раат да му стори.

Дрво и камен толчеше, и борч неќеше.

Лебо од децата си го дели и во борч не сака да влези.

Од татка си борџо го плати и кабул не стори, на душа да му ји остаи.

Пет пари борч не сака да клаи.

Работи, печали и во борч неќи да влезит.

Скудно живеит за во борч да не влезит.

Од борч глаа не можи да крени.

А у него, а во морето на дно.

До кај втасал, и на вересија закачил.

Борчлија је до парче.

Од кај што зел, не вратил.

Само на вересија да земи, да душата раат да му стори.

Сè што има да продаи, и па борџо не можи да го плати.

Суа рака кај вати, сè ќе исуши.

Ќе му плати коа ќе се вати гламна во градина.

Ќе му плати на лук брање.

Ќе му плати на тој век.

Ако искористуваш некого, не мора да си лош со него.

Саде Бог суди што је истина во душите, а ти си должен да им простиш на сите.

Правата вина е за долго што чоек си го должи на себеси за да си је свој. Неправата она што другите мислат оти треба да биди али је.

Оној владетел што нема совест, ја турка земјата си право во бездна.

Да ​​живејш без долг просто не је можно. Госпо така ни го напрајл живото.

Непрегледен је јазо меѓу она што је забрането и она што се мора.

Ми носат чаша вино ко да ми се блиски, а не ми се. Со тоа мислат оти им станувам должен.

Со што појќе задолженија врската не се праи појака.

Пословици и изреки од народи на светот

Мораш да се смееш кога ти е многу мачно. (Руска)

Секој човек треба да прави колку може за среќата на своите ближни. (Романска)

Она што е тука не мора да е тука, а она што е сега може да не е сега. Многу повеќе веројатности одошто сигурност. (Француска)

Давајќи му на човекот должност, Бог му одзема дел од умот. (Чешка)

Лекарот е должен да ги научи луѓето да бидат здрави не земајќи лекови. (Турска)

Правиш нешта и при ризик по твојот живот. Тоа е дел од смислата на живеењето. (Хрватска)

Како пристоен човек, должен си сè да правиш за да не настрада оној што го сакаш. (Германска)

Латински изреки

Мора, затоа можеш. (Debes, ergo potes.)

Никој не е должен да го прави невозможното. (Impossibilium nulla obligatio.)

Никој не е должен да направи повеќе отколку што може. (Ultra posse nemo obligatur.)

Никој не е задолжен да го прави она што е над неговите сили.

Домисла, гесло, мисла водилка

Твоја должност, човеку, е најнапред да бидеш тоа што си-човек, да бидеш достоен на себеси и достоинствен пред други, а еднакво и во исто време да имаш љубов за секој со тебе. Помеѓу нив е секогаш твоето препознавање што мораш да го браниш со сите сили, до последен здив…со дејствија и дела.
Анонимус

Пред гневен должник, кој вика, се руга и навредува треба да зборуваме бавно и спокојно.
Анонимус

Вие сте должни да правите грешки. Од нив учите-таков е законот на универзумот.                   
Анонимус

Всушност, сите ние сме дел од тимот на човечноста и затоа сме должни да ги споделуваме своите способности.
Анонимус

Не труди се да го промениш светот, а ни да се менуваш себеси. Труди се да ја осознаеш и докажеш твојата суштественост.
Анонимус

Секој е должен во животот да миува низ секакви внатрешни промени.
Анонимус

Само да не дозволиме да ја изгубиме рамнотежата меѓу правата и должностите.
Анонимус

Рекле, издумале        

Ако времето е поспокојно од бура, не е задолжително да е спокојно.
Џенифер Нилсен

Ако му дадеш прст на ѓаволот, со цела рака ќе му останеш должен на Бога.
Лоренс Норфолк

Ако ја држите судбината на земјата во ваши раце, ако сте ја прифатиле својата должност кон својот народ, вашиот живот престанува да биде ваш. Откако ќе ја прифатите титулата владетел, вашиот избор е направен за вас.
Р.Ф. Куанг

Ако еден крал падне во таков презир или завист, што не може да ги задржи своите поданици на нивните должности освен со угнетување и злоупотреба, и со тоа што ги прави сиромашни и мизерни, со сигурност е подобро за него да го напушти своето кралство, отколку да го зачува со такви методи кои го предизвикуваат макар да го чува името на власта, да ја изгуби големината што се должи на неа.
Томас Мор

Ако секојдневно ги исполнувате задолженијата, нема потреба да се тревожите за иднината.
Џордан Питерсон

Ако имате успех, тоа е така затоа што некаде, некаде некој ви дал живот или идеја што ве упатила во вистинската насока. Не заборавајте исто така дека го должите животот додека не му помогнете на некој помалку среќен човек, исто како што ви помогнаа и вам.
Мелинда Гејтс

Ако манипулацијата навистина ја подобрува благосостојбата, тогаш тоа ќе изгледа оправдано и дури задолжително од етички сообразности.
Кас Санштајн

Ако ти е задолжително нужна нечија дозвола за твоето задоволство, тогаш си навистина беден.
Херман Хесе

Ако навистина верувате дека она што го имате е корисно и вредно за вашите клиенти, тогаш имате морална должност да се обидувате да им служите на секој можен начин.
Џеј Абрахам

Ако јавноста е должна да се потчини на законите на кои не може да даде одобрение, тaa е роб на оние кои прават такви закони и ги спроведуваат.
Семјуел Адамс

Ако побарате од Универзумот да ви биде партнер и да ве води на патот кон целоста, таа ќе ве задолжи.
Деби Форд

Ако власта е незадоволна од својот народ, тој е должен да го распушти и да избере за себеси нов.
Бертолт Брехт

Ако спрема должностите се однесувате со ентузијазам, тие веќе не се оптоварувачки.
Питер Акројд

Ако сте изразиле мислење и некој го зел предвид, имате морална должност да се соочите со последиците.
Насим Талеб

Ако сте премногу зафатени, тоа значи дека сте натрупале премногу обврски.
Џеф Сандерс

Ако си решил да помогнеш некому, ти носиш одговорност за тој човек и твоја должност е да го доведеш делото до крај.
Тери Гудкајнд

Ако во човекот има талент, тој е должен и во рамките на своето право да го развива.
Дајан Вејн Џонс

Ако луѓето молчат, тогаш наша должност е да го кренеме гласот во одбрана на нашите идеали.
Клара Цеткин

Ако човек сака да живее, тој е должен да искористи поради тоа секоја случајност.
Максуд Ибрахимбеков

Ако човек сака да го промени светот, должен е прво да го разбере.
Џо Аберкромби

Ако се интересираш за туѓото мислење, секогаш ризикуваш да го слушнеш. А ако го слушнеш, сосема е можно ти да си должен да се сообразиш си него.
Фредерик Бегбеде

Актот на справедливоста се состои во извршување на она што е задолжително. Но Бог никому не му е должен. Следствено, справедливоста не му припаѓа на Бога.
Тома Аквински

Ангелите се должни да ги доведат луѓето на овој свет, тие се должни да ги штитат во текот на нивниот живот, да ги штитат од опасности и злодела. Тие се должни да страдаат, да плачат и да страдаат поради секој нивни грев-само кога луѓето би знаеле дека ангелите треба да страдаат за нив!
Олег Рој

Армијата е збир на вооружени мажи кои се задолжени да му се потчинуваат на еден човек. Секој декрет, секоја промена на правилото која го нарушува овој принцип ја ослабува армијата, ја намалува нејзината вредност и ја поразува самата цел на нејзиното постоење.
Вилијам Шерман

Ах, зборови! Нивна должност е да нè збунат.
Клајв Баркер

Ароганцијата е должна да стане штит на скромноста.
Николас Себастијан Шамфорт

Бедната жена верува дека главната должност на педагогот е да ги убие сите земни желби во срцата на децата.
Решат Нури

Бедните се должни да си помагаат еден на друг. Војната започнува од богатите.
Ги де Мопасан

Беспокојството и незадоволството се задолжителни услови за натамошен напредок.
Томас Едисон

Беспрекорниот морал не се јавува како задолжителен предуслов за големи морални достигнувања.
Кристофер Хиченс

Благородништвото задолжува.
Гастон де Левис

Блиското минато нè задолжува да создаваме механизми и институции назначени да служат како антитела на општеството против овие болести на духот, како што се расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата.
Јон Илиеску

Болката можеби е неизбежна, но страдањето не е задолжително.
Вилијам Ири

Биди внимателен, момче мое, биди добродушен. Врши ги своите должности со добра волја. Во животот тоа е залог за успех!
Хектор Мало

Бев обземена од нивните идеи за семејството-од тоа како човек треба да ги одмерува своите посебни должности кон роднините наспроти должностите кон општеството во целина.
Тара Вестовер

Вистина е дека децата се должни-додека остануваат деца-да бидат водени од родителскиот авторитет, но во исто време тие се должни да се подготват за тоа дека нема секогаш да останат деца.
Кристоф Виланд

Вистински чесниот човек е должен да се избере себеси пред семејството, семејството-татковината, татковината-човештвото.
Жан Лерон д’Алембер

Велат дека смртта нè ослободува од сите задолженија.
Холи Блек

Воведувањето даноци, кога тоа го налагаат итни општествени потреби, е должност од најсвет карактер, особено кај слободниот народ.
Џејмс Манро

Вршејќи ја својата должност што му е доделена со природата, човекот не паѓа во грев. Должностите за кои човекот е роден не смеат да бидат занемарени, макар биле и ниски, зашто секоја активност е обвиена со несовршенство, како огнот со дим.
Бхагавад Гита

Во убавина мајсторот задолжително внесува дел од својата душа.
Викторија Платова

Во животот задолжително треба да се проба сè, а потоа безбедно да заборавиш на некои нешта засекогаш.
Софија Лорен

Во некои моменти ти си должен на крајот да го определиш своето минато. Не може цел живот да се живее на средината.
Хавиер Бардем

Во корист на револуцијата, не е задолжително да се гази личноста.
Марк Шагал

Во рајот ви е дозволено да заборавите на страдањата на животот, но во пеколот сте должни да ги помните.
Алекс Павези

Во слободна земја должност на писателите е да не обрнуваат внимание на должноста. Само при диктатура се очекува литературата да пројавува хармоничен дизајн или инспиративен тон.
Е. Б. Вајт

Во театарот на постојана должност може да смета само еден човек-ноќниот чувар.
Талула Банкхед

Во моментот кога веќе не се надевате на ништо друго освен на чудо, задолжително се појавува оној што го прави тоа чудо.
Пјер Леметр

Во човечките концепти е претпоставено дека последната цел е задолжително недостижна, а патот до неа-бескраен.
Јохан Готлиб Фихте

Важните нешта не е задолжително да се кажуваат гласно.
Џим Бучер

Ваша должност е да се однесувате кон секого со љубов како пројавување на Господ.
Свами Шивананда Сарасвати

Верноста значи цврсто да се придржуваме на исполнувањето на должноста, да го држиме зборот и да ги исполнуваме своите обврски. Тоа вклучува лојалност, упорност и надежност.
Боб Кауфлин

Взаемното задолжение е самата суштина и душа на социјалниот и бизнименскиот живот.
Семјуел Ричардсон

Вие не додавате нерешливи проблеми на списокот затоа што се нови, туку затоа што се големи, затоа што луѓето се бореле со нив десетици, можеби дури стотици години, и таа должност сега е ваша. Она што е важно е колку добро управувате со делот од трката што е ваша.
Камала Харис

Вие сте возрасен! Тоа е неспорен факт. Единствениот кој е должен да ве прави среќен, да се бори за вас, да ве заштитува, да се грижи за вас, сте вие ​​самите. Штом ќе почнете да го воспримате животот низ призмата на ова верување, сè ќе почне да се подобрува.
Ника Набокова

Вие сте единствената сопирачка. Единствениот човек кој е должен да ве направи среќни сте вие.
Вирџини Грималди

Војната е нешто жестоко, но не е задолжително луѓето кои ја водат да мора да се жестоки.
Џон Апдајк

Војната е негација на вистината и хуманоста. Прашањето не е толку во убивањето луѓе, бидејќи секој и онака е должен да умре, туку во свесното и нагло ширење на омраза и лаги, кои малку по малку се всадуваат во луѓето.
Џавахарлал Нехру

Внатрешен фокус на контрола се јавува кога развиваме ментална навика да ги трансформираме задолженијата во смислени избори, кога тврдиме дека имаме власт над нашите животи.
Чарлс Дјуиг

Верата е ослободена од задолженија.
Хенрик Ибзен

Верувам, како повеќето луѓе, дека имаме должност да им помагаме на навистина сиромашните.
Ангус Дитон

Верувам дека мажите имаат света должност да одгледуваат силни, способни и чесни синови. Верувам дека мажите имаат света должност да одгледуваат мили, женствени и добродетелни ќерки.
Ендрју Тејт

Во време на добрина и љубов човек не е должен да дозволува смртта да завладее со неговите мисли.
Томас Ман

Во секое море на Умот задолжително постои остров на Глупоста.
Борис Стругацки

Возрасниот маж е должен да стисне заби, разделувајќи се со судбината на родната земја.
Борис Пастернак

Всушност, образованието е само читање книги. Или умееш да читаш или не умееш. Не е задолжително да одиш на некое место кај што точно ќе ти кажат што треба да прочиташ.
Татјана Устинова

Во моментов, сериозниот однос кон писателското дело-еден од двата задолжителни услова. Вториот, за жал-талентот.
Ернест Хемингвеј

Воопшто не си должен да одговараш за светот во кој живееш.
Ричард Фајнман

Главната цел и должност на секој човек е да биде „не како другите“, бидејќи таков ни е и кодот. Ако некој не се чувствува вака, значи го мрази да мисли и живее.
Ајлин Гоџ

Големите луѓе за да прават големи дела се должни да се опкружат со достојни помошници.
Василиј Јан

Гениите се најсреќните меѓу смртните: нивните должности се совпаѓаат со склоностите.
Вистон Хју Одн

Гениите не паѓаат од небо. Тие се должни да имаат можност да се образуваат и развиваат.
Август Бебел

Глупавиот човек се смета себеси обврзан да ги исполни своите должности, но во него нема волја да ги управува своите склоности и навики.
Георг Фридрих Хегел

Голем и опасен-не е задолжително едно и исто.
Ен МекКафри

Големата предност на докторот се состои во тоа што тој не е должен да ги следи сопствените совети.
Агата Кристи

Граѓанскиот човек сака другите да се среќни со него, самотниот човек е должен да биде среќен сам, инаку животот ќе му биде неподнослив. Така вториот е должен да биде добродетелен.
Силвен Тесон

Должноста е она што го очекуваме од други.
Оскар Фингал Вајлд

Да се истрае во својата должност и да се молчи-тоа е најдобриот одговор на секоја клевета.
Џорџ Вашингтон

Да биде интересно е прва должност на малку познат автор. Правото да бидеш здодевен им припаѓа само на писатели кои веќе се прославиле.
Едмунд Берк

Да ​​бидеш брат значи должност, должност да ја отелотвориш суштинската смисла на братството, да му го покажеш на светот или барем на братот. Да ​бидеш брат е најголемата благодат која може да му се покаже на човек.
Торни Линдгрен

Да му ​​бидеш должен некому, тоа значи да бидеш во ропска зависност.
Виктор Иго

Да бидеш среќен е главна должност на човек пред себеси и оние што те опкружуваат.
Хорхе Букај

Да се ​​промовира литературата и уметностите е должност која секој добар граѓанин ѝ ја должи на својата земја.
Џорџ Вашингтон

Да ​​плаќаш за домаќински должности на дете значи да го збуниш, да го лишиш од неговите идеи за долг, помош, бескорисна работа и семејни односи.
Џулија Хипенрајтер

Да припаѓаш-да бидеш должен, да имаш долг.
Мајкл Ондаџи

Да се ​​спротивставиш на корупцијата во владата е највисока должност на патриотизмот.
Едвард Грифин

Да ги учам луѓето, да ги поправам нивните грешки, да ги поучувам, да ги просветлувам, да ги испитувам, јас како пензионер веќе не сум должен.
Филип Рот

Дали знаевте дека луѓето на такви неофицијални должности често се многу повлијателни од официјалните служители?
Франц Кафка

Дури ни меморијата не е задолжителна за љубовта.
Торнтон Вајлдер

Дури и победоносната војна е зло што е должна да ја спречи мудроста на народите.
Ото фон Бизмарк

Дали не е должност на секој човек да ја зборува вистината и да постапува правилно и чесно?
Лидија Чарскаја

Демократскиот процес на управување со една земја не е нужно зајакнат со демократизирање на помошните делови од процесот.
Роберт Дал

Детето никому и за ништо не е должно.
Евгениј Комаровски

Децата не се право, тие се привилегирана должност.
Лора Шлезингер

Децата растат мислејќи дека животот им е должен со нешто. А тој не им е должен со ништо. Го добиваат само она што самите го даваат.
Дејвид Вајс

Дипломатот е должен да умее да види човек без да гледа кон него, и да гледа во човек без да го види.
Жак Тати

Дисциплината не е толку општествена неопходност, колку што е естетска должност.
Николас Гомез-Давила

Должна сум да ти кажам дека моето срце е скршено, само што јас не верувам во скршени срца.
Ивлин Во

Денеска сите зборуваат за правата, а никој не размислува за должностите. Ние се развиваме во многу чудна насока.
Такеши Китано

Денешната сексуална слобода за повеќето луѓе всушност е само условност, должност, социјална должност, социјално беспокојство, неопходна карактеристика на потрошувачкиот начин на живот.
Пјер Паоло Пазолини

Добриот човек, тој е и глупаво добар, а лошиот е должен да има ум.
Максим Горки

Доброто дело не е просто должност, туку е пред сè привилегија.
Шари Арисон

Довербата е задолжителен услов на животот, темел на кој се градат човечките заемни односи. Без него нема ни љубов ни пријателство.
Јан-Филип Зендкер

Додека жената нема деца, таа размислува што да прави на дождлив ден, но по нивното раѓање, нејзиниот живот му се потчинува на должностите, а не на желбите.
Џуд Деверо

-Дали навистина нема пријатна обврска?-Обврските стануваат пријатни кога се исполнети.
Август Стриндберг

Должностите беа мои; последиците се Божји.
Ендрју Џонсон

Должностите никогаш не завршуваат. Тоа е нивната основна функција.
Ирвин Шо

Должност на секој кој може да влијае на јавното мислење е да го привлече вниманието на јавноста на нешто вредно.
Алан Милн

Должност на праведните луѓе е да војуваат против сите незаслужени привилегии, но не треба да заборават дека тоа е војна без крај.
Томас Мор

Должност на владата е да им отежне на луѓето да прават грешно, а лесно да го прават правилното.
Вилијам Гледстон

Должноста е неизбежна, но не е нужно да се оптоваруваме со дополнителни одговорности. Поддржувајте го едноставниот живот. Откажете се колку е можно повеќе.
Денг Минг-Дао

Должност на филозофот е да ја бара вистината секаде и до каква што провидението му дозволува на човечкиот разум.
Никола Коперник

Душата не се дава како подарок, туку како заем и никој нема право да одлучува кога должникот е должен да ја врати.
Исак Сингер

Душата треба да се простира низ космогониските бездни, додека телото ги извршува своите секојдневни должности.
Парамаханса Јогананда

Души свиткани од јавните гревови, секоја од што има должност како птица во својот кафез.
Георгиос Сеферис

Драматургот воопшто не е должен да ги познава луѓето; тој треба да ги чувствува.
Томас Стернс Елиот

Еден од најголемите пресвртни моменти во мојот живот ми се случи кога престанав небрежно да го чекам успехот и наместо тоа започнав да го прифаќам како долг, должност и одговорност.
Грант Кардон

Единствените две души на целиот свет кои се должни да ве заштитуваат од секакви суровости се вашите родители. Повредите нанесени од нив се во извесна смисла подлабоки отколку што изгледаат.
Дот Хачисон

Едно знае неверникот: ние не сме должни да зависиме во нашите постапки од мислењето на околните.
Никос Казанѕакис

Едно од најголемите задолженија на човекот е гневот.
Никос Казанѕакис

Една од основите на филозофијата на животот е: да се направи од должноста мил обичај.
Божидар Кнежевиќ

Живеј така како сега да си должен да се простиш со животот, како времето што ти преостанува да ти е неочекуван подарок.
Марко Аврелиј

Животот-не страдање или задоволство, туку работа која сме должни да ја работиме и чесно да ја доведеме до нејзиниот крај.
Алексис Токвил

Животот е устроен за задолжително да ви го рани срцето.
Агата Кристи

Животот ми е подарок, а не должност и искористувам максимално од него.
Џон Гордон

За да го промениме нашиот начин на размислување, неопходно е да претрпиме длабоки внатрешни промени и да станеме сведоци на длабоки надворешни промени, особено при исполнување на нашите должности и обврски кон општеството.
Че Гевара

За мене е закон дека луѓето кои работат со мене се должни да ја кажуваат само вистината.
Шакира

Задачата се претвора во должност од моментот кога ќе се посомневате дека е суштински дел од таа целина, која единствено му дава право на човек да преземе одговорност.
Даг Хамаршелд

Задолженија.-Инсистирајте на нивно исполнување од другите и ослободете се од нив.
Гистав Флобер

Задолженија. Учтивото именување на робовските синџири.
Тери Гудкајнд

Задолжително некој треба да умре за оние околу нив да почнат да го ценат животот.
Вирџинија Вулф

Законите се должни да имаат за сите еднаква смисла.
Шарл де Монтескје

Законите што ги спроведуваме се должни не само да нè казнат, туку и да нè наградат.
Оливер Голдсмит

Законот на слободата има за цел да ја укине доминацијата на расата над расата, на верата над верата, на класата над класата. Тоа не е реализација на политички идеал; тоа е исполнување на морална должност.
Џон Актон

Законот не може да ги направи луѓето слободни; самите луѓе се должни да го прават законот слободен.
Хенри Дејвид Торо

Западниот ентузијазам за демократија престанува кога оние што се спротивставуваат на нејзините политики ќе бидат избрани на должниост.
Тарик Али

Зошто ти недостига сила за да ја избегнеш должноста да дишеш?
Емил Сиоран

Затоа што оваа благодарност не е суштинска добродетел на човечката природа, ниту луѓето секогаш ги подредуваат своите односи според должностите што ги добиле, толку повеќе колку според предностите што ги очекуваат.
Даниел Дефо

Земјата, како што знаеме, не е најзначајната од планетите; а сепак наша должност е да придонесеме за унапредување на цивилизацијата.
Федерико Лорка

Знајте дека радоста е поретка, потешка и поубава од тагата. Откако ќе го направите ова многу важно откритие, треба да ја прифатите радоста како морална должност.
Џек Корнфилд

Знаењето секогаш ќе биде посилно од незнаењето, а народот кој сака да управува со себе е должен да се вооружи со таква сила која ја дава знаењето.
Џејмс Медисон

За секое дело е должен да одговара еден и само еден човек.
Ото фон Бизмарк

За мене има утеха кога знам решение. Не сум должен да си го живеам животот по ничиј план.
Девни Пери

Задоволството да живееш ја води со себе должноста да умреш.
Максим Горки

Има само еден начин човекот да биде бесмртен на земјата: тој е должен да заборави дека е смртен.
Жан Жироду

Имаме должности кон оние што се грижат за нас.
Клои Бенџамин

Имате право, па дури и должност да управувате со вашиот живот.
Пам Граут

Иницијативата да ја преземете вашата најважна должност во животот често е закопана под натрупаните остатоци од човечките навики.
Парамаханса Јогананда

Има време за учтивост и има време кога сте должни да бидете груби.
Даниел Денет

Има зборови кои е задолжително да се кажат гласно.
Рејчел Вард

Има нешта што секој е должен да се погрижи да ги запомни.
Роберт Пен Ворен

Има само еден нескршлив закон, една традиција. И тој вели дека лидерот е должен да го направи она што е најдобро за неговиот клан.
Кристи Голден

Има луѓе кои, откако ќе ви направат услуга, веднаш ќе обзнанат дека сте им должни.
Марко Аврелиј

И секој од нас кој претполага дека раководи други, должен е постојано и напорно да учи.
Анатолиј Луначарски

И пред сè, заборавете на должностите: тие се маѓепсан круг. Ако влезете во него секогаш ќе има должности, засекогаш.
Алберт Еспиноза

Историјата е должна да ги именува сите имиња, да ги набројува сите порази и победи, без да оправдува едни и да а не разубавува други.
Јулијан Семјонов

Им должам на сите што ми рекоа: „Не“. Благодарение на нив, постигнав сè сам.
Вејн Даер

Издигнете се над измамите и искушенијата на умот. Ова е ваша должност. Вие сте родени само за ова; сите други задолженија се самосоздадени и самоналожени поради незнаење.
Свами Шивананда Сарасвати

Исклучителна личност не мора да поседува талент.
Андреас Штајнхофел

И покрај она што го гледаме на екранот секој ден, вонземјаните не се должни да личат на луѓето.
Мичио Каку

Иако бракот е прилично досадно извршување на должноста, таа должност треба да се извршува со достоинство-во спротивен случај станува сцена на грозна борба на страсти.
Едит Вортон

Јас вака го разбирам пријателството: никакви задолженија, освен едно-секогаш одговараш „тука“ кога ќе има потреба.
Жан-Кристоф Гранже

Јас секогаш можам да избирам, но сум должен да знам дека и во овој случај, кога не избирам ништо, јас самиот сè избирам.
Жан Пол Сартр

Јас сум должна да ја видам Смртта за да знам што е тоа Живот.
Марион Жан Вудман

Јас сум убеден дека човек не треба просто да трпи-тој е должен да победува.
Вилијам Фокнер

Каква забавна драма е животот кога човек не е должен да биде еден од хероите!
Робертсон Дејвис

Каква било работа да работите, ваша прва должност е да ја работите добро!
Робин Хоб

Како творци и професионалци, наша должност е да направиме сопствена внатрешна револуција, лично востание во нашите сопствени черепи. Во тоа востание се ослободуваме од тиранијата на потрошувачката култура.
Стивен Пресфилд

Класика-тоа не е нужно она што е совршено; тоа само значи дека на човекот одвреме-навреме му се дава да создаде нешто прекрасно.
Жил Ренар

Кловнот е должен да биде меланхоличен, инаку од него не би би станало добар кловн.
Хајнрих Бел

Книгата не треба задолжително да е напишана на разбирлив јазик.
Борис Вијан

Кога глупакот презема должност, нему му се обраќаат како на гениј.
Клод Адријан Хелвециј

Кога ќе почука можност, не е задолжително да ја отворате вашата врата. Но, си должите на себеси барем да погледнете низ клучалката.
Марк Рендолф

Кога ја имитирате тактиката на непријателот, вие ги преземате неговите должности.
Џавахарлал Нехру

Кога станува збор за изборот, ти го избираш животот. Откако ќе се родиш, ти си должен да заживееш, по секоја цена.
Џејмс Клавел

Кога трудот е задоволство, животот е убав! Кога трудот е должност, животот е ропство!
Максим Горки

Кој е за многумина страшен, тој е должен многу да се плаши.
Солон

Кој има повеќе отколку што сака, должен е да знае дека има повеќе отколку што заслужува.
Георг Кристоф Лихтенберг

Кој не умее да напаѓа, должен е да знае да се заштитува.
Фред Варгас

Комичарите се должни да ги натераат луѓето да се смеат правејќи нешта кои во обичниот живот не можат да си дозволат да ги направат.
Такеши Китано

Комплимент: задолжителна лага-и често обврзувачка.
Адријан Декурсел

Кралот е должен да помни три нешта: дека тој владее со луѓето, дека тој е должен да владее со нив согласно законите, дека нема вечно да владее.
Еврипид

Какви се нашите должности? Вашите должности се да бидете повредни, да работите повеќе и да имате поголеми амбиции од другите.
Џек Ма

Кога ја вршам својата должност, не ме интересираат добрите или лошите последици.
Имануел Кант

Кога ќе направиш нешто по своја совест, не очекувај повеќе од можности.
Ниведита Вогини

Како волшебник кој треба да докаже дека има харизма, Бог е должен да докаже дека има моќ.
Макс Вебер

Како што општеството станува поцинично, политичарот се чувствува сè помалку задолжен да ги сфати своите ветувања сериозно.
Бери Голдвотер

Контемплативен живот треба да водат само ангелите, човекот е должен да дејствува.
Пјер Буаст

Луѓето многу полесно расудуваат за утопии, отколку за утрешните должности.
Елизабет Гаскел

Луѓето можат да ги загубат животите во библиотеките. Тие се должни да бидат предупредени.
Сол Белоу

Луѓето се склони да ги заборават своите должности, но да ги помнат своите права.
Индира Ганди

Луксуз е да го следиш она што те прави среќен; морална обврска е да го следиш она што го сметаш за смислено.
Џордан Петерсон

Љубовта-мудар изум на природата: а кој сака, со леснотија го прави она што е должен.
Вилхелм Швебел

Љубовта е должна да се промени кога се менува предметот на љубовта.
Сара Пери

Љубовта со едната рака ни дава права, а со другата налага обврски.
Надежда Тефи

Љубовта кон другите е огромна одговорност и те задолжува да се сакаш и себеси.
Лаура Имаи Месина

Мојата должност е таква-да правам сè чесно, човечки.
Гаврил Троеполски

Минатото е коренот на сегашноста. Ти си должен да го знаеш минатото, бидејќи тоа е основа на сегашноста.
Хозе Марти

Мислам дека првата должност на општеството е праведноста.
Александар Хамилтон

Мислам дека човек кој има власт е всушност заробеник на своите задолженија, задолженија кон својата партија.
Андре Моро

Младите може да умрат, но старите се должни.
Хенри Лонгфелоу

Моја морална должност е да се обидам да ве разбудам сите. Кога моите деца ќе прашаат што сум правел за време на големото ропство, можам да им кажам дека сум му помагал на секој што ме слушал слуша.
Ендрју Тејт

Моја единствена должност: да бидам.
Ричард Бах

Мојата должност не е засегната од тоа што другите можат или не можат да направат за да ја исполнат нивната.
Дејвид Вебер

Можеби наша должност е да бидеме благородни пред да бидеме среќни.
Кетлин Мекгован

Можеше да ја потрошиш целата своја младост правејќи незначителни разлики помеѓу една морална должност и друга.
Винстон Греам

Моралната култура е должна да се заснова на принципи.
Имануел Кант

Моралот не е песна. Тоа е хармонија на должности  кон човекот и Бога.
Ендрју Клаван

Мажите не би си дозволиле ниту една десетина од бунтовите што би ги направиле, ако нивните жени барем си ги исполнуваат должностите.
Николај Гогољ

Мажот е должен да ја заштитува жената.
Херман Кох

Моралот е наука за односите што постојат меѓу луѓето и должностите што произлегуваат од тие односи.
Пол Холбах

На луѓето им треба само господар додека немаат разбирање за себеси. Колку повеќе придобива разбирање, толку повеќе владата е должно да ги промени своите методи и да исчезне. Најблагородната цел на владата е да стане бесплатна, така што секој да владее сам.
Јохан Готфрид Хердер

Не размислувај за тоа што можеш да направиш, туку за тоа што си должен.
Клавдиј

Ние си ги создаваме животите. Тоа е едновремено наша должност и наша привилегија.
Џулија Камерон

Никогаш не прави нешто само затоа што си должен. Единствената причина да правиш нешто е твојата желба да го направиш и увереноста дека е тоа вистинската работа.
Робин Шарма

Никој не е должен да го подари целосно своето срце.
Халгримур Хелгасон

Никој не е должен да ми ги исполнува желбите.
Натаниел Брендон

Никој не е должен да сака некого. Љубовта треба да се заслужи.
Амели Нотомб

Никој не е должен да учествува во духовната криза на едно општество; напротив, секој е должен да го избегне тоа безумие и да си го живее животот во ред.
Ерик Вогелин

Никој не е должен никому да му се објаснува ако самиот тој не сака.
Џулијан Барнс

Никој не може да биде голем мислител освен ако тој, како мислител, не си ја постави на прво место својата должност да го следи своето сознание, без оглед какви се неговите заклучоци.
Џон Стјуарт Мил

Никој не треба нужно да ѝ верува на својата доблест, чија моќ никогаш не се знае додека не се почувствува, и затоа една од првите должности е да се избегнува искушението од неа.
Мери Монтегју

Никоја земја не може да дозволи нејзината безбедност целосно да зависи од верното почитување од други земји на правилата на кои се задолжени.
Артур Балфор

Ниеден демократски свет нема да функционира како што би требало додека не признаеме дека можеме да се радуваме на кое било право само додека сме подготвени да ја исполниме неговата еквивалентна должност. Тоа се однесува исто за државите во нивните меѓусебни односи, како и за индивидуите во рамките на државите.
Ентони Идн

Ниту едно задолжение во светот не е со обратна сила-човек не може да биде одговорен за минатото, исто како што човек не може да ветува невозможно.
Жан-Жак Русо

Ниту сум должен да кажам зошто сум дошол во овој град, ниту да одговорам на други прашања што ми ги поставуваат.
Ел Греко

Ништо не ме плашеше толку, колку задолжението да ги исправам погрешните верувања на другите луѓе за мене.
Сабахатин Али

Но Фортуна, која никогаш не ја заборава својата должност, го завртува тркалото  одеднаш.
Мари де Франс

Носењето бреме е ваша машка должност.
Рејмон Кено

Некои нешта во овој живот едноставно сме должни да ги правиме. Нас едноставно нè задолжува законот, а тоа не е прашање на лични претпочитувања.
Џон Вердон

Нема должност што ја потценуваме толку многу, колку должноста да се биде среќен.
Роберт Луис Стивенсон

Нема ништо толку апсолутно вознемирувачко за душата како честото занемарување на должноста.
Елизабет фон Арним

Немам апсолутно никаква должност да ве разбирам.
Тејлор Џенкинс Рид

Немате никаква должност под сонцето, освен да ги откриете вашите вистински потреби, да ги задоволите и да се радувате поради тоа.
Франсоа Рабле

На герилскиот борец му е потребна целосна помош од луѓето во областа. Тоа е задолжителен услов.
Че Гевара

На многу начини, кога сте Нобеловец за мир, имате задолжение кон човештвото, кон општеството.
Дезмонд Туту

Не сте должни да правите сè идеално. Вашиот живот не може да биде беспрекорен. Никој не може.
Мишел Обама

Никогаш не го одлагајте за утре она што можете сосема да го избегнете.
Престон Старџес

На фонот на сите ваши должности чувајте неколку часа за себе.
Маргарет Фулер

Надежта е должност, а не луксуз.
Наполеон Хил

Надежта и дејствието се наша должност во неволја. Неактивниот очај е заборав и прекршување на должноста.
Борис Пастернак

Навистина, должност на историчарите е да го истакнат контрастот помеѓу стандардите од минатото и стандардите на сегашноста. Некои ја исполнуваат оваа должност намерно, други случајно.
Норман Дејвис

Навистина се борите да бидете успешна империја, ако сте и најголемиот должник во светот.
Нил Фергусон

Најдобрата сигурност за луѓето кои ја исполнуваат својата должност е да не треба да знаат ништо друго.
Волтер Багеот

Најсилните природи се должни, по правда, да се сметаат оние луѓе кои сосем јасно ги познаваат ужасите и сластите на животот, благодарение на што не попуштаат пред опасностите.
Перикле

Народ кој учи е должен да стане народ што дејствува.
Вилхелм Винделбанд

Националната безбедност е прва должност на владата, но ние сме исто така ангажирани да ја смениме суштинската ерозија на граѓанските слободи.
Тереза ​​Меј

Наша должност е да востанеме. Не да уништуваме, туку да надградуваме врз основите поставени пред нас.
Е.Р. Брејтвејт

Наша должност е да застанеме во одбрана на човештвото. Влезете и поправете ги погрешните нешта.
Лејма Гбови

Наша морална должност е на секое дете да му дадеме најдобро можно образование.
Дезмонд Туту

Не e задолжително да ги победиме сите свои демони. Главно е да се бориме со нив.
Карлос Сантана

Не е ли исполнувањето на нашата должност кон ближниот израз на најдлабока желба?
Даг Хамаршелд

Не заборавајте дека минатото не е задолжително да ја диктира иднината.
Брендон Сандерсон

Немој да мислиш дека е срамно да прифатиш помош. Мора да ја исполнуваш својата должност како војник на должност.
Марко Аврелиј

Не мислам дека треба да ги казнуваме луѓето кои ги извршуваа својите должности.
Леон Панета

Не можете да сте должник и да спечалите-тоа не функционира.
Дејв Ремзи

Не си должен да го ветуваш она што не можеш да го исполниш.
Педро Калдерон

Не сум должен да победувам, но сум должен да бидам верен. Не сум должен да успеам, но сум должен да живеам според светлината што ја имам.
Абрахам Линколн

Не дека добродетелниот човек е почестен поради високата должност, туку дека должноста е почестена поради неговата добродетел.
Боетиј

Неволјата ги изградува мажите. Ваша должност е да се предизвикате себеси и да создадете свој сопствен свет.
Ендрју Тејт

Неисполнувањето на должностите е вистинско зло.
Џеф Линдзи

Нека честа биде за нас толку силно задолжение, колку што е неопходноста кон другите.
Плиниј Постариот

Ние не можеме да запреме, ние сме должни да одиме напред.
Нејмар

Ние никому не сме му должни.
Касандра Клер

Никогаш не треба да ги заборавиме нашите должности како политичари кон нашата земја и нејзините граѓани. Должни сме да останеме скромни пред лицето на нашиот народ.
Ангела Меркел

Немаме вечни сојузници и немаме вечни непријатели. Нашите интереси се вечни и непреодни и ние сме должни да ги следиме тие интереси.
Хенри Џон Темпл

Немаме други мотиви да нè поттикнат да ги исполниме ветувањата, освен чувството на должност. Ако одлучевме дека ветувањата не се суштинска морална должност, немаше да чувствуваме желба да ги исполниме.
Дејвид Хјум

Ние сме должни да бидеме издржливи, а притоа да не го изгубиме здравиот разум.
Лех Валенса

Ние сме должни мудро да го користиме нашето време и да запомниме: вистинското дело може да биде започнато во секоја минута.
Нелсон Мандела

Ние сме должни да им простуваме на нашите непријатели.
Роберт Ли

Ние сме должни да научиме да правиме сè најдобро што можеме и да ги откриваме нашите грешки.
Карл Попер

Ние сме должни да се запознаеме и да развиеме грижа и одговорност за сите наши соседи во глобалното село.
Карен Армстронг

Ние сме должни да зачуваме многу врски што нè соединуваат со минатото, но исто така сме должни да раскинеме со традицијата секаде кај што таа го попречува нашето движење напред.
Џавахарлал Нехру

Ние сме должни да го признаеме постоењето на богови и ѓавол, или сè на светот е случајност.
Џон Гарднер

Ние сме должни вистински да се сакаме еден со друг, живеејќи во мир и хармонија. Наместо тоа, ние се караме и војуваме. Не треба да биде така.
Боб Марли

Ние сме должни да ја кажуваме вистината, но да бидеме искрени  никој не ни бара.
Тери Прачет

Не сакаше да биде должен. Тој претпочиташе да му се должни. Тоа е карактеристично за сите големи луѓе.
Џон Ле Каре

Однесувајте се така како вие да сте тој што е должен да ви помогне.
Грег Хруиц

Општеството ни ја доделува должноста на бескрајно трпение кон глупоста, кон изопаченоста и безумието.
Артур Шопенхауер

Основнта должност на секој човек е долгот кон себеси, пред сопствената совест и чест, а не пред должноста.
Рафаел Сабатини

Основната должност на лидерот е да води, а не да ги разочарува луѓето.
Стивен Хантер

Особено просењето од страна на работоспособниот човек е не само грев на мрзеливост, туку и нарушувањето на должноста за братска љубов според зборовите на самиот апостол.
Макс Вебер

Од синот небесен до обичниот човек, сите се должни да почитуваат дека воспитанието на личноста е коренот на сè друго.
Нил Стивенсон

Одговорите на прашањата кои остануваат без одговор, во филозофијата се заклучуваат во тоа што тие се должни да бидат зададени на друг начин.
Георг Фридрих Хегел

Оние од нас, кои имаа достатно среќа да се родат во вистинските земји, имаат морална должност да ја намалат бедата и лошото здравје во светот.
Ангус Дитон

Оној што знае е должен да му помогне на оној што не знае-тогаш тоа е долг на човечноста.
Шусаку Ендо

Оној што сака да се воздигне, должен е да се жртвува себеси за другите.
Естебан Ечеверија

Оној што живее во светот е должен да гледа и чувствува, да слуша, сака и научува нови нешта.
Филип Пулман

Оној што ја цени слободата е должен да направи сè што е потребно за да ја заштити.
Ким Робинсон

Против природата е да се предадеш. Човек е должен да оди напред.
Џон Апдајк

Пријателството-тоа е спокојна и тивка приврзаност, водена и зајакната од навики кои произлегуваат од долгата комуникација и взаемните задолженија.
Дејвид Хјум

Прави го она што си должен да го правиш, а за други работи не грижи се.
Менандер

Правата и должностите се како палми кои не донесуваат плод, ако не растат едни покрај други.
Фелисите Роберт д Ламене

Прва должност на човекот е: да се покори стравот.
Томас Карлајл

Пеколот не се другите луѓе, туку должноста да живееш со нив.
Силвен Тесон

Постои само еден вид работа што не предизвикува депресија-тоа е работата што не си должен да ја свршиш.
Жорж Елгози

Постојат четири нешта кои треба да ги запомните за да бидете среќни: никој не е должен да те сака, ти не си должен да сакаш никого, можеш да бидеш сакан, можеш да сакаш.
Џоб Блум

Педагог-тоа е човек кој е должен на новата генерација да ѝ го пренесе сето вредно насобрано низ вековите и да не ги пренесува предрасудите, пороците и болестите.
Анатолиј Луначарски

Писателот е должен да умее директно да му ја кажува на читателот вистината, без оглед колку е горчлива.
Михаил Шолохов

Плаќањето долг е моја должност; дарувањето-си придавам задоволство.
Жан-Жак Русо

Плаќањето на долговите е света должност на секој народ.
Луис Сепулведа

По Бога, првенствено сме ѝ должни на една жена: прво таа ни дава живот, а потоа му дава смисла на тој живот.
Кристијан Боуви

Половина од светската возбуда и мрачната, профана тага на современото општество потекнуваат од суетните идеи дека секој човек е должен да биде критичар цел живот.
Хенри Ван Дајк

Понекогаш дури сакав да бидам затворен во лудница, каде што би можел да се одморам-никој таму не е должен да ја поддржува реалноста таква, каква што би требало да биде.
Ернесто Сабато

Поради подароци и мито, должностите им се даваат на богатите луѓе кои попрво би требало да бидат погубени од мудреци.
Томас Мор

Последното испитување на кој било метод е должноста да даде практични резултати.
Карл Попер

Почестите обесчестуваат, високото звање понижува, должностите оглупуваат.
Гистав Флобер

Правата и должностите се неразделни.
Мери Волстонкрафт

Правата се заштита од општеството. Но, само со исполнување на своите должности кон општеството, поединецот може да ја осмисли оваа заштита.
Џон Ралстон Сол

Прави го она што си должен.
Џилијан Флин

Превосходна должност е да бидеш човек на земјата.
Максим Горки

Превосходно дело-задолжително секојдневно извршување на неголем долг.
Ежен Делакроа

Порано директорот беше достатно да биде психолог, сега тој е должен да биде психијатар.
Рене Клер

Прекумерниот идеализам и моралната супериорност често потекнуваат од тоа што човек не е склон да ги исполнува своите секојдневни должности.
Емил Диркем

Поучувањето на учтивост е должност на семејството.
Стивен Картер

Пријателството е задолжително да биде бесмртно, а непријателството смртно.
Тит Ливиј

Простувањето не е чувство, тоа е избор, тоа е должност.
Гери Чепмен

Прстите се должни на клавирот да го создадат она што го сака главата-а не обратно.
Роберт Шуман

Прво ќе кажат дека е можно, после-дека е правилно, после-дека е задолжително.
Николај Стариков

Првата должност на војниците е кон нивната совест.
Ејми Кауфман

Првата должност на демократијата не е да го клевети вчерашното зло, туку неуморно да ги разобличува денешните злосторства и пропусти.
Паскал Брукнер

Првата должност на лидерот е да предизвика да биде сакан, без да се додворува на љубовта. Да биде сакан без да му „игра“ на никого-дури ни на себеси.
Андре Малро

Првата должност на владата е да го едуцира народот.
Симон Боливар

Првата должност на револуционерот е да биде образован.
Че Гевара

Првата должност на суверенот е да го заштитува општеството од насилство и инвазија на други независни општества што може да биде исполнето само со помош на воена сила.
Адам Смит

Работата е она што човекот е должен да го направи, а играта-тоа е нешто за кое тој не е должен.
Марк Твен

Радоста е среќа без никакви должности.
Мишел Гејбл

Реалноста не е задложително да биде убедлива.
Педро Хуан Гутиерез

Ритуалот е задолжителен-хорот е доброволен.
Јуриј Лотман

Родени сме со само една должност-да бидеме целосно тоа што сме.
Марк Непо

Се вели дека сочувството е симптом на емоционална зрелост; тоа не е морална должност или чувство што доаѓа од размислување.
Марија Дуенас

Сакам повеќе луѓе да се чувствуваат должни кон природата и да се стремат да вратат барем дел од долгот.
Џералд Дарел

Среќни се оние што откриваат каде лежи нивната вистинска должност.
Фридрих Вилхелм Ниче

Се гледа дека човек кој веднаш заборавил на својата должност, потоа лесно ја запоставува во сè.
Рабиндранат Тагоре

Секогаш помни дека немаш право да бидеш личност, туку ти имаш должност.
Елинор Рузвелт

Секој граѓанин треба да може да умре за татковината, но никој не е должен да лаже поради неа.
Шарл де Монтескје

Секој е должен да биде величествен во своите дела.
Балтазар Грацијан

Секој е должен да има храброст да се залага за своите убедувања.
Александер фон Хумболт

Секој има должност да остане со својот ближен кога е во беда. Секој треба да помогне и да го поддржи својот ближен ако сака во иднина да му се помага во неговата несреќа.
Мартин Лутер

Секој е должен да учествува во зачувувањето на културата.
Дмитриј Лихачев

Секој е должен сам да го избира својот пат.
Кетрин Валенте

Секој е должен сам да изработи патека за себеси, како земскиот црв.
Милорад Павиќ

Секој живот е достоен и секој живот е способен за величие. Имаме должност да гарантираме дека има можност за величие.
Кондолиза Рајс

Секој има должности во животот и е подобро да ги исполнува правилно.
Николас Спаркс

Секој интелигентен човек е должен да прочита 8-10 книги во својот живот. Кои точно? За да го знаете тоа, треба да прочитате петнаесет илјади тома.
Исак Бабел

Секој културен човек е должен да умее да молзи крава!
Владимир Санин

Секој од нас е должен да си го постави прашањето: дали го направив она што зависи од мене за да обезбедам стабилен мир и просперитет во мојот град, во мојата земја?
Нелсон Мандела

Секој од нас знае дека имаме должност да се грижиме за старите, младите и болните. Ние стоиме најсилно  кога стоиме со најслабите меѓу нас.
Сара Пејлин

Секогаш кога некому ќе му дадам добра должност, јас правам деведесет и девет незадоволни и еден неблагодарен.
Луј XIV

Секогаш кога ќе се почувствувате должни да ги објасните вашите постапки, како да сте единствениот на земјата кој не живее правилно.
Карлос Кастанеда

Секој треба да си ја врши својата должност; и ако тоа не биде ценето од вашиот претпоставен, можете да бидете сигурни дека тоа ќе биде ценето и наградено од Господ.
Тереза ​​Авилска

Секој треба да разбере дека не може да се бара солидарност кога има проблем и да се избегнуваат задолженијата кога има решенија.
Франсоа Оланд

Секој човек е должен (нагласувам-должен) да се грижи за својот интелектуален развој. Тоа е негова должност кон општеството во кое живее и кон себеси.
Дмитриј Лихачев

Секој човек е должен да се грижи колку што е можно повеќе за добрата на другите, а тој што не им носи полза на другите, не вреди ништо.
Рене Декарт

Секој човек има како поетска, така и човечка должност.
Хасан Бласим

Секој човек има свои должности што одговараат на она со што го надарила судбината.
Иван Ефремов

Според мене, секој човек е должен на својата професија.
Френсис Бејкон

Секој што веднаш го избрал насилството за свој метод, неизбежно е должен да ја избере лагата за свој принцип.
Александар Солженицин

Секој што води кампања за општествена должност се лишува од правото да врши која било должност.
Томас Мор

Секој што сака е должен да ја сподели судбината на оној што го сака.
Михаил Булгаков

Сите имаме некоја основна должност еден кон друг.
Ричард Хас

Сите се должни да знаат уште нешто за колективот-тој не може да постои вечно.
Ричард Брансон

Сите луѓе, еднакви во правата и должностите, сите луѓе еднакво одговорни за судбината на човештвото-каква мечта!
Леон Буржоа

Сè во светот задолжително влијае на сè во светот.
Виталиј Мелентиев

Секоја држава има не само право, туку и должност да обезбеди соодветна сопствена одбрана на начин на кој смета дека е најдобар, под услов тоа да не го прави на сметка на која било друга држава.
Лестер Пирсон

Секоја нација има морална должност да ја чува иднината.
Ал Гор

Секое утро по будење си должен да кажеш: Јас гледам, јас слушам, јас се движам, јас не страдам! Благодарам! Животот е прекрасен!
Жил Ренар

Секој достоинственик е должен да почитува две правила: секогаш да ги воздржува своите чувства и никогаш да не ги исполнува своите ветувања.
Џонатан Свифт

Сè додека луѓето разбираат дека се должни да работат, сè ќе биде нормално.
Ли Куан Ју

Со надеж дека ќе ја освои наклонетоста на жената, мажот го прави првиот чекор кон неа-тоа не е само обичај, туку должност што му е доделена од природата.
Блез Паскал

Слободни сме да постапуваме како што мислиме. Нема никој во целиот свет на кого сме му должни да му даваме отчет.
Хенри Џејмс

Со примање вера, вие добивате повеќе должности отколку привилегии.
Ерик-Емануел Шмит

Спротивставувањето на корупцијата во владата е највисоката должност на патриотизмот.
Едвард Грифин

Со други зборови, творечката слобода не може да се комбинира со должноста да се чита.
Даниел Пенак

Само постепено се убедуваш во мислите дека кон животот треба да се однесуваш како кон должност, а не како кон задоволство.
Александар Твардовски

Слободата и должноста секогаш одат рака под рака и ако слободните не ја прифатат должноста како социјална одговорност, нема долго да останат слободни.
Џон Фостер Далес

Слободата е основната основа, задолжителен услов на моралот.
Хенри Хазлит

Слободните народи се должни да бидат неодоливо и ревносно будни во чувањето на својата слобода.
Бенџамин Френклин

Скромноста е задолжителна добродетел за оние кај кои нема други.
Георг Кристоф Лихтенберг

Следствено, за општествениот интерес и ползата на човечкото општество е неопходно на совеста на луѓето да ѝ се доделат највисоки можни должности.
Исак Бароу

Смислата на постоењето е во душевниот мир и отсуството на неисполнети должности.
Александар Ширвинд

Смислата на вашиот живот доаѓа преку задолженијата кон другите.
Лора Шлезинџер

Смртта утешува – за жал! – и задолжува да се живее. Тоа е целта на нашиот живот и единствената надеж која како еликсир нè освежува и опива и ни дава храброст да чекориме по свој пат до вечерта на нашето постоење.
Шарл Бодлер

Сметам дека е моја должност да додадам дека не сметам оти успешните уметнички дела се создаваат во „часовите на слободното време“.
Чарлс Дикенс

Страдањето е задолжителен услов за формирање на „натчовекот“.
Херман Хесе

Сметам дека е должност на извршната власт да инсистира на штедливост во трошоците, а штедливата економија сама по себе е голем национален ресурс.
Ендрју Џонсон

Се сметам себеси за одговорен пред другите. Затоа сум должен да се однесувам така што да им давам пример на другите.
Брендан Фрејзер

Современиот човек пројавува премалку дисциплина надвор од неговите службени должности.
Ерих Фром

Слушни ме. Отсекогаш сме имале жртви и тие секогаш без сомнение си ја вршеле својата должност. Но, во деновите и годините што следат имаме потреба од нешто различно. Ни требаат градители.
Тед Вилијамс

Среќата на луѓето се состои во тоа да го правиш она што си должен да го направиш.
Клод Адријан Хелвециј

Смртта е толку задолжителна што е речиси формалност.
Марсел Пањол

Три добродетелства ја красат душата: убавина, мудрост и љубов. Човек е должен да ги почитува и да се труди да ги постигне.
Хорхе Рици

Тешкотија-тоа е да знаеш дека си должен да го направиш, а не го правиш.
Конфучие

Ткивата на општеството стануваат канцерогени кога должностите на едни се трансформираат во права на други.
Николас Гомез-Давила

Транспарентноста е за оние кои исполнуваат јавни должности и вршат јавни власт. Приватноста е за сите останати.
Глен Гринвалд

Твојата прва должност се состои во тоа да се направиш себеси среќен. Ако ти самиот си среќен, ти ќе ги правиш среќни и другите. Среќниот може да гледа само среќни околу себе.
Лудвиг Фоербах

Такви се неговите должности: да ги исполнува своите должности.
Даглас Адамс

Ти си должен да ја искористиш непредвидливоста на животот, а не да се плашиш од неа.
Тејлор Свифт

Ти си должен да научиш да се забавуваш, инаку ќе станеш здодевен, ограничен човек.
Ајн Ранд

Тоа што се случува во срцето едноставно се случува. Но, понекогаш вистинската љубов нè повикува на повисока должност. Треба да го правиме она што е правилно, а не е секогаш она што го сакаме.
Глен Мид

Тој веруваше, како и јас, дека ние сме беспомошни да се спротивставиме или да влијаеме на она што нашите срца се должни да го прават.
Тереза ​​Ен Фаулер

Ќе дејствувам како што сметам дека бара мојата должност.
Патрик Хенри

Убавината е должна да ја почитува возраста.
Ден Браун

Убавината е задолжителен услов за целосно познавање на Бога.
Салвадор Дали

Уметниците носат одговорност пред масите и затоа се должни да мислат за тоа што го зборуваат.
Шакира

Учтивоста воопшто не е задолжителна меѓу пријателите.
Агата Кристи

Уметноста е должна да се откаже од вчерашното.
Казимир Малевич

Уметноста е исцрпувачка должност и прекрасна привилегија.
Елизабет Гилберт

Уметноста не е задолжително да има смисла.
Ришел Мид

Уметноста не трпи кога ја ограничуваат нејзината слобода. Точноста не е дел од нејзините должности.
Јохан Хојзинга

Уметноста-тоа е религија која има свои свештеници и е должна да има свои маченици.
Оноре де Балзак

Умот-тоа не е задолжително здрав разум.
Алфред Адлер

Успехот треба да се разгледува од етичка гледна точка. Успехот е ваш долг, ваша должност и ваша одговорност.
Грант Кардон

Учениот човек не е должен да биде писмен.
Сол Белоу

Учителот, ако е чесен, секогаш е должен да биде внимателен со ученикот.
Максим Горки

Уметникот е должен да биде спокоен.
Андреј Тарковски

Уметникот мора да биде егоист. Тој е должен да внимава на секоја секунда од своето време.
Ирвинг Стоун

Филозофот кој сака да го оправда своето мислење за бескрајно усовршување е должен да покаже какви слики на посветеност на народите и усовршување на законите можат да предизвикаат кај човекот нови способности.
Џозеф Пристли

Храброста е задолжителен квалитет.
Џозеф Дилејни

Целиот живот е само момент од времето. Затоа, наша должност е да го искористиме, а не да го злоупотребуваме.
Плутарх

Чувството на должност е корисно во работата, но навредливо во личните односи.
Бертранд Расел

Честа на уметникот е многу слаб квалитет. Тој е должен со сета своја сила да ја одржува чиста, како што целото негово постоење зависи од угледот; од моментот кога е извалкана, неговата среќа пропаѓа засекогаш.
Франциско Гоја

Човек секогаш може да го направи она што е должен.
Глен Кук

Човек е должен да го посакува доброто и големото.
Александар фон Хумболт

Човекот е должен да има сила да биде свој.
Елијас Канети

Човекот е должен да остане човек независно од целта и крајниот резултат.
Џејмс Дашнер

Човекот е должен да прави избор. Во тоа и се состои неговата сила-во моќта на неговите одлуки.
Пауло Коељо

Човекот е должен да се научи разумно да управува со своите желби.
Василиј Аксјонов

Човекот е должен да се труди, инаку воопшто не е човек.
Кон Иглдон

Човекот може да го прави она што е должен.
Јохан Готлиб Фихте

Човек не е должен да биде среќен. Среќата е непродуктивна состојба. Луѓето ги прават најважните работи во својот живот кога се апсолутно несреќни.
Андреј Геласимов

Човек кој добил благодат должен е да го памети целиот свој живот, а човек што направил благодат треба веднаш да заборави на тоа.
Демостен

Човекот е способен и има должност да стигне до најдалечната точка на патот што го избрал. Само со надеж можеме да го постигнеме она што е надвор надежта.
Никос Казанѕакис

Човек во детство е должен да се замисли за сè што гледа, да страда за нечесноста, да се бори со лагата и треба да биде чесен пред сè пред самиот себе.
Хозе Марти

Чувствувам во себе голема творечка сила, која сум должен да ја развивам за да создавам достојни дела.
Винсент ван Гог

Што треба да прави човек кога неговите должности кон семејството му противречат на други должности-кон пријатели, кон општеството, кон себеси?
Тара Вестоувр

Што се однесува на потомството, можам да прашам што направило тоа некогаш, та да ме задолжува?
Томас Греј