520. Во живото мој сум надминал тешки, дури трагични премрежиња. Фала му на Бога, уште сум жив.
521. Се давиш во матната оти совреме не ти дале сламка на спасот.
522. На апашка и измеќарска власт ич не ѝ је тешко да се бори против ветерници во ветер и магла.
523. Секако ќе падниш меѓу паднати, та ќе нема кој да те стани.
524. Многу је страдално да си богат, а да живејш сиромашки.
525. Глеј се себеси за на старост да не бидиш ко мене никој и ништо.
526. За љубов сè правам со љубов.
527. Прво, најчесто, често и единствено прашање на апашиште на власт:
А шо и колку ќар имам ја од то?
528. Шо било било, шо је којзнај до кога ќе биди.
529. Немаш врски оти те остајле без врска.
530. Исто ти је со мене али без мене? Ја сум искрен и ти велам оти мене ич не ми је.
531. Те играат како им е ќеф? То је зато шо не ти фаќа лејката.
532. Ништо не прајме, а ни праат сè и сешто дури не нè сотрат.
533. Сè ко веќе мртво, а на умирање.
534. Моето полека минува, а твоето ита.
535. Отруен живот од пизма и пакост.
536. Шо ми је целта? Да бидам дури сум.
537. Нема во крај нов почеток кога е предоцна за шо било.
538. Кога не се можи без власт, тогај не се живеј човечки.
539. Нема кој да ти поможи штом не си помагаш на самиот себе.
540. Восклик на восхит од љубов и убост.
541. Кога ќе ти се стемни пред очи, се јавува виделина.
542. Нема поголеми велепредавници на власт од апаши, лигуши, измеќари, платеници и дибеци.
543. Нема крај на трпежо и крпежо со ненародна власт што си трај, си прај и и си свирка.
544. Свето је на пресвртница али на раскрсница?
545. Ја би можел оти знам шо је живот и како треба да се живеј со достојание. Ама никој не ме есапи ни за жив.
546. Поарно да не си со ними, одошто да те користат и трошат.
547. Ја кога љубам, ја љубам!
548. Секое премеже со зошто и до кога.
549. Можи не во друго, а секако во свое време.
550. Си знаел ама не си знаел, па не знаеш.
551. Арно си је времево ко шо је. Ние не чиниме.
552. На последнио крај, пред одење во неврат, можи да има, а можи и да нема виделина.
553. Никој не ти бев и ништо не сум ти? Е, тоа многу, та премногу, та најмногу боли.
554. Многу од мене ќе остани недокажано, ама и многу је докажано.
555. Старец сам жив, а ко нежив.
556. Шо од мене по мене ко моја трага? Вистина не знам. Можи и ништо.
557. Не бегај, ами оди си со стамен чекор и крената глава. Оти беше шо си.
558. Стани, испрај се и разгори го огно во тебе.
559. Имало зошто да живејш, па умри си во смирение.
560. Ако си ја сакаш својта земја, не им ја оставај на туѓински измеќари и изродници.
561. Полесно е за разбирачка кога се случува нешто, одошто кога се случува сешто.
562. Не се ни слуша себеси шо збори, а камо ли да знај шо прај.
563. Моментно замолчев, длабоко воздивнав, па си продолжувам сè да терам по свое.
564. Доста ми је шо сум жив уште само во и со мојто дело.
565. Баш ти је гајле за сè. Поготово оти ними им је ко шо им је.
566. Ќе нè нема откога мене со тебе ќе ме нема.
567. Ја сам, а тие силни сал заедно.
568. Никој не прашува за мене? А што?!
569. Ме нема нигде, ама ме има.
570. Ја сум си одамна докажан во себеси, на себеси и пред себеси.
571. Создадов и создавам дела. Толку од мене.
572. Никому не му зборам за мојо животец. А и нема којзнај шо за зборење.
573. Уште колку време вака без тебе? Не знам. Мислам уште малу до умирачка.
574. Не ти требаат појќе пријатели од правите.
575, Ја можам да предводам само со збор, мисла и дело луѓе чисти, чесни и доблесни.
576. Ја и Ние најтешко рамномерни ем наспоредни.
577. Времето и минливоста заедно во живуркање.
578. Обземен од твојта убајна, моме, играм, пеам и се веселам.
579. Мало одморање по преуморуање.