392. Несомнено, Владата на Северџганија е циркуска, составена од министри мајмуни и кловнови. На чело со празногалва ќурка.
393. Гнилиот Запад пред економско-социјален и општествено-политички колапс?!
Биди на штрек, народе, и реагирај совреме.
394. Јас мислев дека Владата умее попаметно да се мајмунисува пред народот.
395. Во скоро пропадната држава најпрвин да си немаш никаква работа со власта и банките. Или да си имаш колку може помалку.
396. Не чув, не прочитав, па да прашам:
Македонски народе, „стратешкиот партнер“ САД и „партнерката ни“ ЕУ ти го честитаа Илинден или не?!
397. Поради наследена алчност и несфатлива омраза:
Имам внуци и правнуци од сестра и брат кои ме заборавиле, а јас не ги познавам.
398. Здравје за умни и разумни луѓе.
399. Генијот е нескротлив творец во време.
400. Што ли уште од мене?! До смрт уште нешто!
401. Недозволиво е ништожни туѓински измеќари да владеат со достоинствен и мудар исконски народ.
402. Безгранична е убавината во човек.
403. Со стојности најпрвин во свое време.
404. Споделена љубов секогаш во мир, спокој, нежности и со добра мисла.
405. Партиските политиканти и измеќари се најголеми трујачи на народот.
406. Ако си прав, нема зошто да се криеш и да се покриваш со заборав.
407. Не против говор на омраза, туку против она или оној што омраза предизвикува.
408. Исто е да владееш со и против народ. Штом владееш.
409. Злото се сотира дури не закоренило.
410. Секогаш малку сам, а многу со други.
411. Нема смрт за срце во љубов.
412. На непријателска власт народот ѝ е прв непријател.
413. Штом зависи од мене стар и обеснажен, тешко добро за нас.
414. Ако не знаеш што и како денес за утре, прашај кој знае и него прашај го.
415. Сè почесто се прашувам дали да продолжам и продолжувам.
416. Од што немаш што да кажеш, зборуваш глупости.
417. Нешто меѓу сешто и ништо.