231. Лик
Еден лик се огледува во длабина,
а не се препознава дека е нов.
232. Река
Секнала река по долг тек
меѓу нејзин и туѓ брег.
233. Распеана
Пее нежна песна убавица
будна во рано утро облачно.
234. Обгори
Се сврте и за последен пат
се загледа во своите обгори.
235. Праслика
Конечно стаса до прасликата
на неговата безвремена слика.