181. Вознемирен
Тој се вознемири откога
мигум се најде на чистина.
182. Ништо нема
Пред него ништо нема
зашто зад него остана сè.
183. Последна трага
Последнава трага докажува
колку траги имало пред неа.
184. Срцето му
Срцето му се смее и му пее
ко на дете во игра спокојна.
185. Обгор
Обгор од негов последен дом
му обгори крв и коски бестрага.