ДУМА, ОПИТ, УКА, 130

Потребно време за читање: 12 минути

130. Самодоверба, Убеденост, Самокритичност

Самодеверба не е само сакање на себеси, на своето јас сосе своите вредности, сосе своите доблести, ами и единственост и докажаност на себеси како човеек со самосвест кој стамено чекори кон свои цели до својата конечна цел. Без самодоверба човек може да го доведе во прашање и сопственото постоење и сопствениот опстанок.

Самостојно, но и заедно и наспоредно со самодовербата иде убеденоста. Колку е таа позитивна, не е ли повеќе негативна?Како позитивна ја поткрепува, па и ја затврдува стаменоста сосе достојноста. Во позитивна смисла таа значи решителност, а во извесна смисла сигурност. Како негативна, убеденоста е блиска, неретко се изедначува со неподготвеноста да признае туѓа убеденост, туѓи факти и аргументи; која ја препознаваме како тврдоглавост.    

Да си еднакво критичен и самокритичен, е тоа е најпрепознатливото за секого што постојано осознава, досознава, испитува и преиспитува, оценува и преоценува создавањето и создаденото. Можно ли е? Се разбира, но само доколку имаш сопствен критериум за сè вредно и невредно што те опкружува, со што те опкружиле. Многу важно: да не си ниту претерано критичен, ниту претерано самокритичен.

Македонски народни пословици и изреки

Не ви требаат други да ја видат вашата вредност. Морате сами да ја видите.

Казнувањето на себеси за грешките во минатото не може да се прости. Наместо тоа, ти можеш да растеш од нив.

Цвеќето просто цути и не може да се спореди со она покрај него.

Пословици и изреки од народи на светот

Бидете горди на тоа што сте, а не се срамете како некој друг ве гледа. (Италијанска)

Сакањето на самиот себе е карактеристика на егоцентрик. Тоа е неуништлива особина која сама си го трасира патот кон уште љубов и растење. (Италијанска)

И будалиот работи според свое убедување. (Корејска)

Кој не го знае своето место, ќе остане без него. (Арапска)

Ако човек се сака себеси, нека не прави зло, колку да е тоа мало. (Индиска)

Не си ти виновен за тоа како некој друг мисли за тебе. Поседувај ја единствената посебност каква што е. (Холандска)

Кога се сакате себеси безусловно, ќе бидете изненадени од сопствениот потенцијал. (Германска)

Можете да доживеете најголема светска револуција ако едноставно се сакате себеси. (Германска)

Да бидеш и да се сакаш себеси е секогаш подобро зашто фотокопиите сепак не се толку единствени. (Канадска)

Самодовербата е најдобра облека. (Англиска)

Ако не можете да се сакате себеси, немојте да очекувате други да го сторат тоа. (Француска)

Љубовта спрема себеси не е изборна, туку нужна. (Шведска)

Најголема услуга што можеме да си ја направиме на себеси е да го поседуваме она кои сме и да го прифатиме она што сме. (Руска)

Сакањето на себеси учи за самопотврдувањето. Потоа не требаат други за да станете јаки. (Унгарска)

Бидејќи веруваме во себе, не се обидуваме да убедиме други. Бидејќи некој е задоволен со самиот себе, не му треба туѓо одобрување. (Унгарска)

Кога се сакате себеси, тоа ќе биде безусловно. (Турска)

Спротивно на затврденото верување, не е себично да се сакаш себеси. Затоа што е полесно да сакаш други кога се сакаш себеси. (Српска)

Латински изреки

Бидете строги спрема себеси, а благи спрема другите.

Не можеме сите сè. (Non omnia possumus omnes.)

Вистинската убавина се наоѓа во вас самите. Се појавува дури откако ќе се обидете да ја побарате.

Сите ваши други врски го одредуваат начинот на кој се однесувате, сакате и се прифаќате себеси.

Заедно со внатрешната љубов, човек може да доживее поголема стабилност и помал внатрешен хаос.

Да се сакате себеси е најдобар начин да си го олесните животот.

Домисла, гесло, мисла водилка

Ако сакаш да бидеш успешен, престани да бараш дозвола.
Анонимус

За да живееме креативен живот, мораме да се ослободиме од страв од грешење.
Анонимус

Љубовта спрема себеси не го менува начинот на кој други нè третираат. Тоа го менува начинот на кој реагираме на прифаќање на други спрема нас.
Анонимус

Рекле, издумале

Јас не се развивам, јас сум.
Пабло Пикасо

Јас не барам. Јас наоѓам.
Пабло Пикасо

За успех во животот ви се потребни две нешта: игнорирање и самодоверба.
Марк Твен

Немојте да чекате додека сè не биде токму како што треба. Никогаш нема да биде совршено. Секогаш ќе има предизвици, пречки и несовршени услови. Па што. Почнете сега. Со секој чекор што ќе го направите ќе бидете сè појаки и појаки, сè постручни, со сè поголема самодоверба и сè поуспешни.
Марк Виктор Хансен

Ништо не ги изградува самопочитта и самодовербата како остварувањето.
Томас Карлајл

Самодовербата е прв услов за големи потфати.
Семјуел Џонсон

Самодовербата доаѓа низ дисциплина и тренинг.
Роберт Кајосаки

Образованието е способност за слушање на речиси сè, а да не изгубите нерви или самодоверба.
Роберт Фрост

Самодовербата…се засновува на искреност, почитување, исполнување обврски, верна заштита и несебична работа. Без нив не може да живее.
Френклин Рузвелт

Потребно е само да имате храброст. Силата без самодовербата е бескорисна.
Џакомо Џироламо Казанова

Вештината и самодовербата се непобедлива војска.
Џорџ Херберт

Протокот на самодовербата е подобар од протокот на парите.
Џејмс Медисон

Заработете го правото да бидете горди и со самодоверба.
Џон Вуден

Освен гордоста, лојалноста, дисциплината, срцето и умот, самодовербата е клуч кој ги отвора сите брави.
Џо Патерно

Само подготвен говорник заслужува да има самодоверба.
Дејл Карнеги

Кога имате самодоверба, може да биде мошне забавно. А додека се забавувате, можете да направите неверојатни нешта.
Џо Намат

Да се знае не значи да се биде. Наученото морате да се обидете да го пренесете во секојдневниот живот. Ако сакаме да успееме во овој свет, мораме најнапред да поседуваме самодоверба, а потоа самопожртвуваност.
Блез Паскал

Без оглед колку малку искуство имаме, ние сме обично повеќе убедени во причините што сами сме ги откриле, одошто во оние што други ни ги пружаат.
Блез Паскал

Нашата најголема слабост лежи во откажувањето. Најизвесен начин да успеете е секогаш да се обидете макар уште еднаш.
Томас А. Едисон

Промени го својот живот денеска. Не се обложувај на иднината, дејствувај веднаш, без одлагање.
Симон де Бовоар

Ако можеш нешто да сонуваш, можеш тоа и да го направиш.
Волт Дизни

Нишани кон месечината. И ако промашиш, можеби ќе погодиш ѕвезда.
Вилијам Клемент Стоун

Кога е нешто доволно важно, направи го тоа дури и ако шансите не ти одат во корист.
Илон Маск

Постави ги своите цели високо и не застанувај додека не ги оствариш.
Бо Џексон

Ќе има пречки. Ќе ги има оние што ќе се сомневаат. Ќе има грешки. Но, со вредна работа не постојат граници.
Мајкл Флепс

Зошто би требало да работиш на остварување на своите соништа? Затоа што да се видат лицата на луѓето кои ти рекле дека нема да успееш е непроценливо.
Кевин Нго

Секогаш се чини невозможно, додека некој не го направи.
Нелсон Мандела

Доколку работиш на нешто што ти е навистина важно, никој не мора да те тера. Визијата ќе се повлече.
Стив Џобс

Никогаш не си премногу стар за да поставиш нова цел или да сонуваш нов сон.
Лес Браун

Не чекај; никогаш ќе нема „вистински момент“. Почни веднаш и користи кое биле орудие што го имаш на располагање, а подобро орудие ќе пронајдеш како што ќе напредуваш.
Џорџ Херберт

Било да мислиш дека можеш или не, во право си.
Хенри Форд

Приликите не се случуваат. Самиот ги креираш.
Крис Гросер

Верувај во себе! Имај верба во своите способности! Без скромна, но разумна самодоверба во своите моќи, не можеш да бидеш успешен ниту среќен.
Норман Винсент

Направи го она што го можеш со сè што имаш, каде било да се наоѓаш.
Теодор Рузвелт

Никогаш, никогаш, никогаш не се откажувај.
Винстон Черчил

Не е важно колку одиш бавно сè додека не се запреш.
Конфучиј

Луѓето што се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот, всушност се оние што тоа и ќе го сторат.
Роб Силтанен

Благодарен сум им на сите што ми рекле „не“. Поради нив тоа го работам сам.
Алберт Ајнштајн

Престани да јуриш по пари и почни да јуриш по страст.
Тони Зих

Ми требаше многу време за да престанам да се судам себеси низ туѓи очи.
Сали Филд

Самодовербата е заразна. Како и недостатокот на самодоверба.
Винс Ломбарди

Секогаш биди свој, изрази ја својата личност, имај верба во самиот себе, немој да одиш надвор барајќи некоја успешна личност за да се обидеш да ја копираш.
Брус Ли

Со самодоверба сте победиле сè пред да почнете.
Маркус Гарви

Саморазвојот е побитна обврска од самопожртвувањето.
Елизабет Кеди Стентон

Колкава ни е самодовербата, толкав ни е капацитетот.
Вилијам Хазлит

Што си ти, ти си случајност на раѓањето; што сум јас, јас сум кој што сум. Овде постојат и ќе постојат илјадници принцови; но само еден е Бетовен.
Лудвиг ван Бетовен

Ако ја изгубите самодовербата, немате повеќе ништо за губење.
Виктор Боисте

Јас сум нешто убаво.
Френк Синатра

Не омаловажувај се. Биди и самиот голем.
Корита Кент

Најпрвин да се сакате себеси и сè друго оди по ред. Навистина морате да се сакате себеси за што било да успеете на овој свет.
Лусил Бал

Со годините се критикувате, а не успеало. Обидете се да се одобрите себеси и ќе видите што ќе се случи.
Лусил Л. Хеј

Сакајте се себеси. Бидете јасни за тоа како сакате да се постапува спрема вас. Запознавајте ја својата вредност. Постојано.
Маријам Хасна

Кој гледа надвор, сонува; кој гледа внатре, се буди.
Карл Густав Јунг

Пронајдете ја љубовта што ја барате така што прво ќе пронајдете љубов во себе. Научете се да одморате на тоа место во вас кое е наш вистински дом.
Сри Сри Рави Шанкар

Додека не се цените себеси, нема да го цените своето време. Додека не го цените своето време, нема со него да направите ништо.
Морган Скот Пек

Да се сакаш себеси не е суета. Тоа е здрав разум.
Андре Жид

Сè што можам да сторам е да бидам јас, без оглед кој е тој.
Боб Дилан

Многу сте моќни, под услов да знаете колку сте моќни.
Харбхајан Синг Калса (Јоги Бхајан)

Сакаш ли да ја запознаеш љубовта на својот живот? Погледни во огледало.
Бајрон Кети

Најтежок предизвик е да бидеш свој во свет во кој сите се обидуваат да те натераат да бидеш некој друг.
Едвард Естлин Камингс

Да се биде свој во свет кој од тебе без престан се обидува да направи нешто друго е најголемо достигнување.
Ралф Валдо Емерсон

Нечие достоинство може да биде нападнато, вандализирано и сурово исмеано, но тоа никогаш не може да се одземе освен ако не се предаде.
Мајкл Џ. Фокс

Да се сакаш себеси е почеток на доживотна романса.
Оскар Фингал Вајлд

Да се заљубиш во себе е прва тајна на среќата.
Роберт Морли

Секогаш сте само со себе, па би можеле да уживате и во друштво.
Дајан фон Фирстенберг

Сакајте се себеси наместо да се злоставувате.
Каролина Куркова

Ако на своите деца им пружиме здрава љубов спрема себеси, ќе можат да се носат со сè што животот ќе им постави.
Бел Хукс (Глорија Џин Воткинс)

Кога ќе го усвоиш становиштето дека не постои ништо што не е дел од тебе, дека не постои никој што не е дел од тебе, дека секое твое просудување е самопросудување, дека секоја критика што ќе ја изнесеш е самокритика, мудро на себеси ќе си ја прошириш безусловната љубов која ќе биде светлина на светот.
Хари Палмер

Кога би можел барем да почувствуваш колку си важен за животите на оние што ги среќаваш; колку можеш да им бидеш важен на луѓето за кои можеби никогаш не си ни сонувал. Постои нешто од себе што го оставаш при секоја средба со друго лице.
Фред Роџерс

Вашето време и енергијата се драгоцени. Можете да избирате како ќе ги користите. Учете ги луѓето како да се однесуваат спрема вас избирајќи што ќе прифатите, а што не.
Ана Тејлор

Никој не може да ви всади чувство на помала вредност без ваша согласност.
Бертолд Брехт

Бројни се доказите што укажуваат на тоа дека колку е поголемо нивото на самодоверба, поголема е и веројатноста дека лицето ќе се однесува спрема другите со почит, љубезност и великодушност.
Натаниел Бранден

Никогаш не е предоцна да станете она што сте во состојба да станете.
Џорџ Елиот

Изненадувачко е колку луѓе минуваат низ животот, а никогаш да не сфатат дека нивните чувства спрема другите луѓе во голема мера се одредени со нивните чувства спрема самите себе; ако не се чувствуваш добро во својата кожа, не можеш да се чувствуваш добро ни во односот со други луѓе.
Сиднеј Џастин Харис

Најдобар ден во твојот живот е оној во кој си одлучил дека твојот живот е само твој. Без извинувања и изговори. Тој е подарок за тебе-едно неверојатно патување-и само ти си одговорен за неговиот квалитет. Тоа е ден во кој твојот живот стварно почнува.
Боб Моавад

Оној што верува во себе не се труди да уверува други. Оној што е задоволен со себе, не му треба потврда од други. Оној што се прифаќа себеси, прифатен е од целиот свет.
Лао-Це

Не е работата во тоа што ви кажуваат, туку како на тоа одговарате.
Вилијам Клод Дукенфилд Филдс

Никогаш не ја ведни главата. Секогаш држи ја високо. Гледај во светот право во очи.
Хелен Келер

Премногу луѓе го преценуваат она што не се и го потценуваат она што е.
Малколм Стивенсон Форбс

За да ја воспоставиме својата самодоверба, мораме да се концентрираме на своите успеси, а да ги заборавиме неуспесите и негативностите во нашиот живот.
Денис Вејтлеј

Никогаш не допуштајте да бидете злоставувани во тишина. Не допуштајте да бидете претворени во жртва. Не прифаќајте ничија дефиниција на сопствениот живот, дефинирајте го сами.
Харвеј Фирстејн

Сè додека барате од други да го вреднуваат она што сте, барајќи го нивното одобрување, на пат сте во катастрофа. Морате да бидете цели и остварени во самите себе. Никој не може да ви го даде тоа. Морате да знаете кој сте, а што велат други-неважно е.
Ник Шеф

Ни јас не одобрувам сè што сум правела во животот, или што сум или сум била, но јас сум јас. Бог знае. Јас сум јас.
Елизабет Тејлор

Сè што ви се случува е рефлексија на она што го мислите за себеси. Не можеме да постигнеме ништо над своето ниво на самодоверба. Не привлекуваме повеќе од она колку што мислиме дека сме вредни.
Ијанла Ванзант

Она што го мислиме за себе е рефлексија на она што ќе биде нашиот живот.
Стефен Ричардс

Немојте да бидете мал јас, бидете голем јас.
Корита Кент

Ако не знаеш што сакаш, никогаш нема да го најдеш тоа. Ако не знаеш што заслужуваш, секогаш ќе се задоволуваш со помалку. Ќе скиташ бесцелно, затапен во својот свет, прашувајќи се како животот те довел тука. Животот почнува сега, живее, сака, смеј се и пушти твојата светлина да заблеска!
Роб Лијано

Благороден и возвишен. Храбар и одлучен. Полн со надеж и бестрашен. Тоа е она што ти си и секогаш си бил. Ако го разбираш тоа, животот може да ти се промени зашто ова знаење носи доведрба која поинаку не може да се добие.
Шери Лин Дев

Животот никому не му е лесен. Но што со тоа? Мораме да задржиме постојаност и пред сè верба во себе. Мораме да веруваме дека за нешто сме надарени и оти тоа нешто мораме да го постигнеме по секоја цена.
Марија Кири

Повеќе да не се осмелиш, ни една секунда, да се опкружуваш со луѓе кои не се свесни за твојата величина.
Џо Блеквел-Престон

Не го живеј животот според очекувања. Тргни во акција и направи нешто прекрасно.
Венди Васерштејн

Што било да мислиш дека можеш или не можеш, во обата случаја си во право.
Хенри Форд

Морав да направам да го сакам своето тело. Немав добра слика за себе. Тогаш ми светна-или ќе се сакам или ќе се мразам. Избрав да се сакам. Оттогаш сè некако процути. Она за што мислев дека е непривлечно стана секси.
Квин Латифах

Би сакал да ти ја покажам, кога си сам или во темнина, запрепастувачката светлина на твоето сопствено битие.
Хафиз

Сите сме надарени на посебен и еднакво важен начин. Наша повластица и авантура е да се пронајде сопствената светлина.
Мери Данбар

Да се биде убав значи да бидеш она што си. Не е потребно да се биде прифатен од други. Потребно е да се прифатиш самиот себеси.
Тхит Нјат Хан

Сите фантастични подвизи ги постигнале луѓе кои верувале дека во нив постои нешто што е посупериорно од околностите.
Брус Бартон

Ако одлучиш да бидеш свој, ќе му подариш на светот нешто што дотогаш никогаш го немал.
Едвин Елиот

Уживај во своето тело. Прави со него што сакаш. Немој да се плашиш од него, а ни од она што за него го велат други. Тоа е најпрекрасниот инструмент кој ќе го имаш кога било.
Мери Шмич

Ти си прекрасна. Драгоцена. Вредна за восхит. Лесно е да те сака човек. Не затоа што други мислат така. Чувството на сопствена вредност доаѓа од само едно место: од тебе самата.
Карен Салмансон

Од самиот почеток си учен да се споредуваш со други. Тоа е најголема болест; таа е како рак кој ти ја уништува душата затоа што секој поединец е единствен и споредбите не се потребни. Јас сум само јас, а ти си само ти. Не постои никој на светот со кого би можел да се споредиш.
Чандра Мохан Јаин Ошо

Некогаш се плашев дека луѓето ќе речат: „Што мисли таа, која е таа?“. Сега имам храброст да станам и да речам: „Ова сум јас“.
Опра Винфри

Биди свој! Ако се пуштиш низ вода за да им удоволиш на луѓето или да се вклопиш или за никого да не навредиш, ја губиш моќта, страста, слободата и радоста. Многу е полесно да се сакаш себеси кога си свој.
Дан Коперсмит

Еднаш кога ќе почнеме да веруваме во себеси, можеме да рескираме со љубопитство, скитања, спонтано одушевување или со кое било искуство што го открива човечкиот дух.
Едвард Естин Камингс

Или ќе се движиш како дел од својата приказна или ќе стоиш надвор од сопствената приказна и ќе живуркаш со својата безвредност.
Брен Браун

Прифаќањето на самиот себе зрачи со природна убавина која не бледнее и не може да се игнорира. Самоуверен, моќен, нескротлив фраер-тоа си ти!
Стив Мараболи

Желбата да бидеш некој друг е залудно трошење на самиот себе.
Курт Кобејн

Прифати сè што има врска со тебе-но баш сè. Ти си ти и тоа е почеток и крај-без извинување, без каење.
Кларк Мустакас

Наш најдлабок страв не е дека не се вклопуваме. Наш најдлабок страв е дека сме неизмерно силни. Нашата светлина, а не нашата темнина, е она што навистина нè плаши. Се прашуваме: „Кој сум јас за да бидам извонреден, прекрасен, талентиран, фантастичен?“. Всушност, кој си ти за да не бидеш? Ти си дете Божјо. Твоите ситни стремежи не служат за ништо. Нема ништо добро во тоа да се стиснеш така што другите да не се чувствуваат несигурно во твојата близина.  Сите сме создадени да блескаме како што тоа го прават децата. Пуштајќи ја сопствената светлина да сјае, несвесно им даваме знак на другите да го прават истото. Ако се ослободиме од своите стравови, нашата присутност ќе ги ослободува другите.
Маријан Вилијамсон

Јас не сум мудар, и тоа го знам; други не се мудри, и тоа не го знаат.
Сократ

Со самиот себе не треба да се биде незадоволен, зашто е тоа малодушност. Уште помалку треба да се биде задоволен, зашто е тоа глупост.
Балтазар Моралес и Грацијан

Кој премногу се расфрла со своето знаење, покажува дека не е достоен за него.
Балтазар Моралес и Грацијан

За да може да се поправи самиот себеси, човекот мора да признае дека не е добар, а тоа никој не го сака.
Лав Николаевич Толстој

Ние сме подготвени самите себеси да се прекориме, под услов во тоа со нас никој да не се согласи.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

За да може самиот себеси да се поправи, човекот мора да признае дека не е добар, а тоа никој не го сака.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Мајмуните се посупериорни од човекот во ова: кога мајмунот се посматра во огледало, тој гледа мајмун.
Малколм д Шазал

Најголемите реформатори што светот ги имал биле оние кои со реформи почнале од самите себе.
Џорџ Бернард Шо

Повеќето луѓе сонуваат само за тоа да ја подобрат својата среќа; малкумина се трудат да се подобрат самите себеси.
Пол Брантон

Во огромно мнозинство луѓето се спрема себеси субјективни, а спрема другите објективни, додека, за свое добро, би требало да се однесуваат спротивно.
Серен Кјеркегорд

Џентлменот се обвинува себеси, додека обичниот човек обвинува други.
Конфучиј

Кога ќе видиш некој добар човек, обиди се да го надминеш неговиот пример. Кога ќе видиш некој лош човек, испитај дали и ти ги имаш истите грешки.
Конфучиј

Многумина велат: „Немам среќа!“
Но ниеден да се сети
Па некогаш и тоа да го рече
Дека нема- памет.
Јован Јовановиќ Змај

Живеам во убедување дела публиката и натаму ме гледа како оној млад перспективен глумец.
Џек Николсон

Кога ќе влеземе во одредени години, почнуваме да користиме маска на сигурност и убеденост. Со време таа маска се залепува за лицето и повеќе не можеме да ја симнеме.
Пауло Коелјо

Ретки се луѓето толку мудри што повеќе сакаат покуда која им е корисна, одошто пофалба со која им се подметнува.
Франсоа Ла Рошфуко

Ништо не е ни добро ни зло, туку такво го прави нашето убедување.
Вилијам Шекспир

Убедувањето во извесност е извесен доказ на глупоста и крајната неизвесност.
Мишел де Монтењ

Leave the first comment