СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

136. Препеана

Препеав нечија песна
за да биде повеќе моја.

 

137. Загрижени

Лица замислени за
сопствен опстанок.

 

138. Матна вода

Претекла матна вода
што брегови мати.

 

139. Лажни зборови

Лажни зборови одамна
избрани за неверување.

 

140. Сиромаси

Јадни, гладни, жедни и боси
живуркаат во пустелија.

Leave the first comment