Некој поп си имал во џебо на антеријата педесе зрна грав и секој ден вадел по едно зрно гра, та го врлал. Коа ќе и доврлел зрната од џебо, тогај ќе дојдел Велигден. Сопрво го прашал коџабашијата колку дни имало до Велигден:
-Колку дни имаме до денес, а оче, до Велигден?
-Чекај да видам, коџабаши, као ќе ми кажат граоите-му рекол попо и посигнал по џебо, та изваил зрната од грав и ‘и пребројал.
-Као што ми кажуаат мене граоите, коџабаши-му одговорил попо-уште четириесе дни има до Велигден.
Коа видел и чул тоа нешто коџабашијата, си скинал срце од смеа и му раскажал на сите селани оти попо на граои го нашол Велигден коа ќе биди. Секој од селаните коа ќе го видел попо, се ќе го прашал уште колку дни има до Велигден; на секого попо со граоите му го кажуал Велигден. Арно ама, Велигден поминал и на попо граоите не се биттисале, чунки ѓаол попадија му притурала по печес зрна во џебо, да се позабаи Велигден, дека имала платно да ткаи и кошула на попо да му шие.
И за овие граои се прикажуаат и ден-денеска коа му иди зборо.*
_____________________________
*Едни ја прикажуаат оваа приказна со слануток; друзи слануток во тиква, а не во џебо. Како и да се прикажуа, се имало некој таков поп.