86. Мразнина во срце
Мразнина обвива
премалено срце.
87. Сончев зрак
Жизнен зрак разлеан врз
слободна и плодна земја.
88. Камен ѕид
Кренав камен ѕид до небо
да ме брани од мрачнини.
89. Јунак
Се најде јунак еден
против сите зла!
90. Препознатлив молк
Сретнав молк на човек
стамен и достоинствен.