СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

66. Судам

Судам дека нема вина
меѓу судени за живот.

 

67. Питомина

Навлегувам сè подлабоко
во моја спокојна питомина.

 

68. Буден во сон

Меѓу живи и мртви ближни
јас буден со незнајно време.

 

69. Слепота

Ни ден ни ноќ во слепота
од несовладлива мразнина.

 

70. Жени во црнина

Се собрале околу мртовец
жени молчаливи и жални.

Leave the first comment