ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Потребно време за читање: 5 минути

14. За никаде

Здраво-живо народецу мој,

Морам да се констатирам оту уште малу, па ќе пукнам од мака ако не напраам така:

Лујѓе мои, за никаде ни е работава, за никаде ни е државичкава, за никаде е светов наш и ко народ сме за никаде! Заошто така? Како заошто? Поради зато што ништо не прајме, а сè ни праат. Се разбира, не остануам само на кажаново од мене, ами баш прибидејќи ја ко ќе кажам кажано је сега ќе се конкретизирам. И ко што си е, по редо.

Чоеку, стварно ни е за никаде работава! Ја едно време мислев ко секој макар малце мудар чоек оту секој треба дури џабе да работи само џабе да не седи. Ама сега, кога гледам, читам и слушам оту ни е за никаде работава, веќе не мислам така. Мислам ко што се вели-обратно пропорционално: џабе ич не работи али седи си џабе ако не мојш али не сакаш усвет да фатиш. И што ќе правиш така?

Ко прво, нема шанца ич да не работиш, прибидејќи сè помалце се на број оние што работат што било, а на оние што џабе не седат сè појќе им требаат лујѓе за работа и ги плаќаат и допрва ќе ги плаќаат сè појќе. Сте чуле, сте виделе, сте прочитале оту во државичкава за никаде многу рабоќе веќе нема кој да ги работи, односно нема ни работна рака ни работна нога? Ја да, и то ем ме секира ем во крајна инстанца (така се вели коа сè појќе зависи од инстанцата, нели?) ми дава троа надеање дека работава што ни е за никаде ќе дојди време коа ќе ни биди за секаде. Можи ја да не го доживеам то, можи ќе умрам во меѓувреме, ама ми дава троа надеање.

Ко второ, такуѓере ме секира ем ми дава троа надеање вторио дел од обратно пропорционалното: седи си џабе ако не мојш али не сакаш усвет да фатиш. Прито, седењето џабе ич не ме бендисуат и никому не му го препорачуам. Но во крајна инстанца, коа сите до еден за работа ќе седат џабе, мислам на работоспособното население, најмногу на работничката класа која никој не ја спомнува, а секој што помислуа на неа ја вика граџани, ко божем селаните да не се дел од неа, на бизнисмениве, политикантиве и апашиштава на власт ќе им дојди неарна работата, мислам на бизнисменувајнето, политикантствувајнето и апашиштувајнето (си го испокршив јазико, мајката!). Па ја сами ќе треснат одземи, ја ти, народецу мој, ќе ги тресниш. Да де, мислам на она што стручно се нарекуа граѓанска непослушност. Ако некој не знај, да го поднаучам: то значи ќе се договорат сите до еден џабе да не седат и ништо, ама баш ништо да не плаќаат, дури да гладуаат и жедуаат до кога и до кај што можат. Ја лично и персонално гарантирам оту најмногу за недела-две ја сами ќе треснат одземи, ја ти, народецу мој, ќе ги тресниш.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Да се констатирам на крајо по ова прашајне, оту за никаде не ни е работава: за  никаде ни е во переспективна смисла, значи ни до денес, камо ли до утре и зато работава не ни чини ич.

Лујѓе, стварно ни е за никаде државичкава! Ма што има ја да ви кажуам? Па од небоно, од Месечинана, од Марсон, од ѕвездине ноќе се гледа, се слуша, се чита и се осејтува дека ни е за никаде? Е, ама предавнициве, велепредавнициве и апашиштава на власт велат не, то не е точно, и пробуаат да не убедуат дека само што почнало да течи мед и млеко во неа! Од нас треба само уште малу трпеж-крпеж и трпение-спасение, та не да потечит, ами да почниме да пливаме во мед и млеко. Па уште ко ќе ѝ се упикаме на европскана блудница, ко што уште ја нарекуаат оние што ја онадуаат- европскана ороспија односно курва, ма има да биди чудо невидено, нечуено и непишано…Мижи Асан да ти баам!

Ај да ве прашам по логика: како можи да биди за некаде државичкава коа е веќе пред сневидуање, на никој друг во неа ништо не му чини освен на чаушине властодржаки, нивните лигуши и потрчковци, коа апаштитата ја испокрадоа ем уште ја крадат и дење и ноќе? Знајте некаде и за некаде таква држава ко оваа нашава што е? Не, не и не!

Ја вака велам и колку што треба ќе повторуам:

Ако ти сам скоро не сториш нешто, народецу мој, ако не се крениш на нозе и не земиш стапој в раце, ќе се сневидиш и ти и јас со тебе, ко дедо Громче, и државичкава која од нас ја украдоа за да ја докусурат.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Има нешто главно и најважно поради зато што ни е државичкава за никаде: прибидејќи чаушиве властодржачки ѝ го продаваат минатото на злонамерниве соседи, то не се вика инаку освен велепредавство, а денесов ѝ го прават вазалски, то се вика платеничко слугуање и подлизуање, утрешот нејзин е појќе од неизвесен.

Во контексто на ова ќе ви докажам: ми се гади, ми се повраќа коа мафијава на власт ја слави нејзината самостојност и независност од пред не така дамна. Па одозгора на тоа сама не знај за која земја прославуа: за онаа на народо али за онаа што ја украдоа од него.

Да не спомнуам, а само ќе ги спомнам главните нешта што се гледаат, се слушаат и се читаат од небоно, од Месечинана, од Марсо, од ѕвездите ноќе заошто ни е државичкава за никаде: сенародна сиромашија, беда, јад, страд, болештини, од нив и од мака и од самост и од снеможеност и од мрак на очи дење-ноќе неброени умирачки, сè поголема скапотија а сè побезвредни пари, бегање на секој умен што можи подалеку, запустена земја…и џабе е што уште да ви редам.

Оту светов наш стана за никаде, можам да ви кажуам надолж и нашир, ама што да ви кажуам  кога сè си знајте, лујѓе мои. Само едно можи уште да не согледуате: тој ем се растура, го растураат силните против слабите, ем се подготвуа за ново кроење прибидејќи не можи никако да биди ко што беше вчера и е денес. И то кроење на слабите од силните, па слабите се со пуста надеж дека нема да го извлечат подебелио крај.

Намерно остајв за најнакрај да ти докажам, народецу мој, оту ко народ сме за никаде! Нема што многу да ви кажуам, ама ја ко ќе кажам кажано је:

Ко народ сме за никаде баш поради зато што ни е гајле за сè, ама ко да ич не ни е гајле за ништо. И одозгора на то, малу ни треба за да ни биди добро коа ни е ептен лошо. Џгано политикантски и апашки баш то најдобро и најмногу го научи, па му е од лесно полесно да владеј со нас ко народ и да ни прај што сака и како ќе му речат да прај оние што ги плаќаат плус од украденото од нас.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Прво ни е гајле за сè и то го покажуаме на суратите ни, посебно им е гајле на оние меѓу нас што во меѓувреме станаа ненародни прибидејќи им е сè тамам и имаат дури отпојќе. Одозгора на тоа се над нас, па дури и ни се качиле на главите. И за таквите да не ни го скројат ептен тесно и за во тесно да не нè напикаат, се прајме ко да ич не ни е гајле за ништо. И сега да се замислиме: на едни меѓу нас, што не се малу на број, им е гајле ама ко да не им е; на други, што такуѓере не се малу на број, не им е гајле ама се преправаат ко да им е; а на трети, што се меѓу нас сè помалу на број, ептен им е гајле за сè и од сè им пукнал филмо, што се вели им е одамна паднат мрак на очи, ама сè појќе им паѓаат морало и куражо и скоро дигнале раце од сè.

Е, тие, третите, често велат помирливо дека не можат ништо! То је то, како је-така је, не се мојт надвор од оваа кожа, па што ќе биди нека биди. Не оту тие станале безнадежни, уште стојат цврсто на ставо дека надежта ќе им умре последна, може и дури отко ќе умрат, ама има виша сила што ја викаат „стратешки партнер“ и против која никој ништо не можи. А велепредавнициве и апашиштава на власт се од нив клаени и платени да свршат работа, да збришат и народ и држава, надеајќи се на нив по свршуањето оту нема да ги пушти низ вода, да ги однеси матната, ами ќе ги сокрие во глувчешки дупки али ќе им ги препрај суратите да не можат да ги припознаат ни нивните родени мајки.

За најнакрај на крајо од ова мое кажуање акценто го ставам на ова:

Не се слагам со оној што рекол дека народо има власт каква што заслужуа. Ја велам дека во ова, сегашново без идно време во државичка како нашава за никаде, на народо му натураат власт каква што ич не заслужуа. А му натураат таква власт отко ќе видат дека народо како народ во неа е за никаде!

Leave the first comment