Потребно време за читање: 2 минути

28. Перформанс

Визуелен и аудио контакт меѓу Ѕезвдана, Апостол, Бисера и Пламен.

Ѕвездана:

-Мамо, тато, да ви се пофалиме! Јас и Апостол направивме, поточно создадовме наш, оригинален музичко-компјутерски перформанс. Во него ве „сместивме“ и вас. И идејата и реализацијата ни се заеднички. Се разбира, мој претежен дел е музиката, а на Апостол компјутерскиот систем, поврзувањето и наспоредното ритмичко „оживување“ на просторот, времето, јас, тој, вие и светот меѓу нас.

Апостол:

-Го направивме, поточно го организиравме дома, пред избрана публика; наши познајници, пријатели, соученици, соседи и сожители во нашата населба. Просто ја префрливме и ја надградивме „Габерија“, просторот во и околу нашата куќа во еден единствен музичко-временско-просторен, на граница на стварносно-нестварен свет.

Бисера меѓу зачуденост и радост:

-Перформанс?! Дома?!…Рековте дека во него сте нè „ставиле“ и мене и татко ви? Како?!…Јас како мединцински технолог во Монтреал, а Пламен како градежен инженер во Бирмингем? Можеби и неговиот проект „Паметна висококатница“?

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман, 82

Ѕвездана:

-Да, и така, но најпрвин и најмногу заедно. Овде, таму, таму овде и овде таму. Заедно во црвено, огнено, скрвавено сонце, а ние корени во него.

Пламен со некаква воздржана ведрина на лицето:

-Од кога вие двајца толку сте зближени што сте почнале дури заедно да создавате уметност? Позближени од брат и сестра?!

Апостол речиси занесено:

-Тоа е само почеток! Всушност, веќе имаме идеја перформансот да го продолжиме во повеќе чинови, близу до драмска претстава со мошне интензивно дејствие, а направениот-поставениот-прикажаниот да биде вовед.

Ѕвездана:

-Што?! Не ве интересира што и како?!…Го поставивме на YouTube. Еве ви го линкот…Погледнете го, па ќе разговараме за него. Ај чао!

Перформансот:

Бавно, најпрвин во тишина, а потоа проследено со далечни, па сè поблиски дисонантни тонови на кавал, гајда и седум-осмински ритам на тапан изгрева црвено, огнено, скрвавено сонце со шеснаесет жолти зраци. Се доближува и станува сè поголемо пред Ѕвездана и Апостол како легнати сенки на гола земја, и Бисера и Пламен на раб на бездна. Во сонцето сè појасни, сè пораширени и сè поиспреплетени нивни корени.

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман, 77

Сонцето е веќе излезено цело кога почнува тивка, одвај чујна тажаленка. Три жени во црнина се доближуваат.

Просторот во и околу куќата во Габерија во неколку секвенции се престорува во „Паметната висококатница“ на Пламен во Бирмингем, потоа во неговата карпеста населба со двокатни семејни куќи, па панорамска слика на Бирмингем; потоа Монтреал, Монт Ројал, големиот парк и црквата во градот со огромна купола Ораторство на Свети Јосиф; следат секвенца на зданието на Невролошкиот институт при Универзитетот Мекгил и панорама на градот.

Бисера и Пламен наеднаш се престоруваат во ластовици и полетуваат кон далечен хоризонт, придружени со хармонични акорди на пијано. Свири занесено Ѕвездана, со пијаното поставена среде сонцето.

Јасните, раширените и испреплетени корени во сонцето го заигруваат македонското оро „Тешкото“.

На Бисера и Пламен перформансот не им се допадна, но се договорија да го пофалат и да ги поддржат Ѕвездана и Апостол во намерата да го продоложат, „близу до драмска претстава со мошне интензивно дејствие“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here