109. Чесност-Нечесност, Чест-Чистота
Чесноста и нечесноста живеат или живуркаат една спроти друга. Близу, не толку далеку што да не се среќаваат, да не се познаваат, дури да се судрат. Најчесто се судираат, а притоа не се знае која од нив ќе надвладее.
Чесноста секогаш живее, како што живее, а нечесноста само живурка, и кога самата мисли дека живее. Тоа е суштинската разлика помеѓу нив.
Да се биде чесен е лесно, ако си човек. Да се биде нечесен е најтешко, дури невозможно ако си човек. Да, чесниот е човек, а нечеснииот нечовек.
Честа и чистотата се со иста сила и согледливост? Можеби не сосема, можеби една со друга, една по друга, една крај друга, ама исто и трајно сјаат.
Со чесноста одат честа и чистотата? Најчесто.Со нечесноста не како чесноста, многу помалу и поретко со честа, а уште помалу и поретко со чистотата.
Чест секому, ама никому да не му дозволиш да ти ја земат, да ти ја одземат. Варди ја од секој што обесчестил друг, зашто кога-тогаш ќе ја нападне и твојата. Друг нема, а ниту може да ти ја доварди.
Само со чест никој не се заборава. Само со чистота во сите времиња.
Македонски народни пословици и изреки
Арамијата и со скорни да шета низ чаршија, пак никој чес не му дава.
Му се сторив мос, и па не познаа од чес.
Ретка е честа, затоа е скапа.
Со топуз чес не се крепит.
У секого имат по троа чес.
Чес има и у сиромасите.
Честа е поскапа од парата.
Честа чес донесуат.
Во еден саат чоек чес добиват и во еден изгубуат.
Голема чес доби, ама кога ја изгуби што дека ја изгуби?
Не те гледаат свето што јадиш, ами што чес имаш.
Ни жив ни умрен, две пари чес нема.
Гладуам, жедуам, гол, бос одам и на честа си стојам.
Тешко нему што не плаќа, си ја скрши честа.
Честа чес носит.
Газ и нос не знаат чес.
Чесна работа без страм.
Чесноста е фалена и оставена да гладуа.
Пословици и изреки од народи на светот
Кој прави идол од сопствениот интерес, својата чесност ја прави маченик. (Индиска)
Нема ништо поопасно од чесен деловен човек. (Германска)
Нечесната жена не може да се одбрани од предавство, а чесната жена тоа на себеси никогаш нема да си го допушти. (Француска)
Чесноста е најдобра политика. (Англиска)
Не гори образот од Сонце, туку од чесни луѓе. (Српска)
Кој еднаш ќе изгуби срам, веќе нема што да изгуби додека е жив. (Португалска)
„Ќерко, каде ја изгуби честа?“ „Таму кај што лошо зборев, а уште полошо слушав“. (Шпанска)
Честа е туѓа, а стомакот твој. (Авганистанска)
Макар и жив не се враќа посрамотен од бој. (Авганистанска)
Кој чесно умира, луѓето го паметат стотина години, а оној што без чест живее го забораваат и неговите родени деца. (Монголска)
Чесните луѓе се придржуваат на своите ветувања во животот, а не се како пеперуги што седат на цвет, па потоа-штом ќе го соберат поленот-веднаш одлетуваат понатаму. (Виетнамска)
Бев на крајот на земјата. Бев на крајот на водите. Бев на крајот на небото. Бев на крајот на планините. Не пронајдов ништо што не ми е пријател. (Навајо Индијанци)
Латински изреки
Ако некој превезува туѓо ѓубре, тоа не значи дека е чесен човек.
Меѓу сиромавите многу чесни луѓе.
На многумина под износената облека им чука чесно срце.
Домисла, гесло, мисла водилка
Чесно да се живее, да не се навредува друг, да му се даде секому негово.
Начело на Римското право
Честа на твојот ближен нека ти биде исто така мила како и твојата.
Талмуд
Многумина се чесни само затоа што немаат прилика да не бидат тоа.
Анонимус
Сурова внатрешна искреност-три најстрашни зборови на планетата, а наедно-најдобар клуч кој ви отвора секоја врата.
Анонимус
Ако го проучите потеклото на зборот чесност, ќе видите дека е поврзана со честа.Честа, чесноста и вистината се тесно поврзани во исти поими.
Анонимус
Зборот на чесниот човек е добар како и неговата заклетва.
Анонимус
Рекле, издумале
Нечесниот човек го смирува стравот, а не милоста.
Публилиј Сириј
Чесноста е како младоста: кога еднаш ќе се изгуби, повеќе не може да се врати.
Чезаре Канту
Кога се урива вистинската чесност, се уриваат темелите на човечката заедница.
Платон
Треба да се биде чесен, но не е добро ако ти паѓа тешко.
Џорџ Бернард Шо
И како противник биди чесен.
Балтазар Грацијан
Честитиот човек го почитуваат дури и оние што тоа не се.
Дени Дидро
На многумина им недостасуваат само пари, па да бидат чесни.
Карло Доси
Оној што едно нешто може да каже со два збора, а го кажува со три, не е чесен човеек.
Џозуе Кардучи
Најдобар човек е оној што црвенее кога го фалите и останува молчејќи кога го прекорувате.
Калил Џибран
Нечесните се служат со трик нудејќи ги своите услуги кои не ни се потребни или кои се неизводливи, за да ги избегнат оние што ги бараме.
Иван Гончаров
Чесноста е најдобра политика зашто со тоа придонесуваш на светот да биде еден никаквец помалку.
Томас Карлајл
За да се признае туѓа вредност, треба да се има сопствена.
Артур Шопенхауер
Објективно гледано, честа е мислење на други за нас, а субјективно наш страв од тоа мислење.
Артур Шопенхауер
Ако намерата не е чесна, делото нема да биде добро.
Луциј Анеј Сенека
Без почитување нема вистинска љубов.
Имануел Кант
Не е неопходно штом живеам да живеам среќно, но е неопходно штом живеам да живеам чесно.
Имануел Кант
Бистрата река на разумот не ја губи својата патека во сувиот песок на навиките.
Рабиндранат Тагоре
И што не е забрането може да биде нечесно.
Аристотел
Убаво е да се биде чесен, но е многу важно да се биде во право.
Аристотел
Од далеку почитувањето е поголемо.
Публиј Корнелиј Тацит
Кога некој Персијанец го прашал Лисандар кој државен облик најмногу одобрува, тој одговорил: Оној во кој на чесните и никаквеците им се суди според заслугите.
Плутарх
Кога ќе пораснете ќе сфатите дека имате две раце; едната за да си помогнете на себеси, а другата за да им помогнете на други.
Одри Хепберн
Кога навистина почнав да се сакам себеси, сфатив колку може да биде навредливо кога се обидувам да натерам некого да го работи она што јас го сакам, иако знам дека моментот не е прав и оти тој човек не е подготвен за тоа, па дури и тогаш кога тој човек сум ЈАС. Денес јас тоа го нарекувам ПОЧИТУВАЊЕ.
Чарли Чаплин
Љубов без почитување е грев. Тоа е грев кој раѓа други гревови.
Паоло Мантегаца
Може да изгледа дека чесните стигнуваат последни, но тие обично трчаат по поинаква патека.
Нормант Винсент Пил
Не ѝ попуштај на сетилноста, не ѝ попуштај на мрзеливоста, не ѝ попуштај на себичноста. Не можеш црно да нарекуваш бело, зло да нарекуваш добро ни нечесно она што е чесно.
Францис Хавиер Нгуен Ван Туан
Не е право чесни луѓе да остануваат под сомнение затоа што други се лоши.
Меша Селимовиќ
Ништо немам освен уверувањето дека сум чесен. Ако и тоа го изгубам, ќе бидам урнатина.
Меша Селимовиќ
Да се покаже почитување спрема сите луѓе, но да се ползи пред никој.
Текумсех
Чесните луѓе не ги кријат своите добра.
Емили Бронте
Прв услов на човечка добрина е нешто да се сака, а втор-нешто да се почитува.
Џорџ Елиот
Секој прашува само за пари, а не за чесност.
Тит Мациј Плаут
Успехот на нечесните на многумина им е привлечен.
Метју Арнолд
Повеќе има во светот глад за љубов и почитување одошто за леб.
Мајка Тереза
Злосторниците во срцето често носат повеќе човечност отколку оние студени, нескромни граѓани на добродетелта, во чии бесрамни срца изгаснала силата на злото, но и силата на доброто.
Хајнрих Хајне
Чесен човек повеќе блеска во политиката одошто другаде.
Марк Твен
Подобро е да се заслужат почести, а да не се добијат, одошто да се добијат, а да не се заслужат.
Марк Твен
Секој чесен истражувач признава дека е само професионален аматер. Својата работа ја работи како првпат, што го прави аматер, има доволно здрав разум да сфати дека ќе има многу проблеми ако својата работа не ја врши професионално.
Чарлс Кетеринг
Чесен човек не може да ужива во вршење на власт над своите сограѓани.
Томас Џеферсон
Чесноста е прво поглавје во книгата на мудроста.
Томас Џеферсон
Сите сакаат детето да им биде искрено. Но, често забораваат да ја нагласат важноста од стекнување доверба на своите деца, иако и тоа е облик на чесност.
Џејмс Р. Морисон
Верувам дека темелната чесност треба да биде камен темелник на работењето.
Харви Семјуел Фајрстоун
Бидете чесни, зашто Бог им помага на чесните луѓе. Знајте дека чесните луѓе се на врвот на благородноста и честа, додека лажливците се на работ на пропаста и уништувањето.
Имам Али
Првиот чекор е да се биде чесен, а потоа да се биде благороден.
Винстон Черчил
Кој ќе ја изгуби чесноста, нема повеќе што да изгуби.
Џон Лили
Зашто честа по толку тесна патува врвица,
што само еден може да пројде.
Вилјем Шекспир
Мојата чест е мојот живот, обете во едно сраснале.
Ако ми ја земете честа, мојот живот не сте го спасиле.
Вилјем Шекспир
Честа е како кибрит: може да се искористи само еднаш.
Марсел Пангнол
Честа не може да се одземе, таа може само да се изгуби.
Антон Павлович Чехов
Кога честа еднаш ќе се разболи и ако брзо не оздрави, никогаш повеќе нема да се дигне од мртвите.
Фридрих Хебел
Велик е-кој чест во борби стекнал.
Кондрат Фјодорович Риљеев
Честа е дијамант на прстот на крепоста.
Франсоа-Мари Аруе Волтер
Честа е стар светец кого повеќе никој не го чествува.
Матурин Рењие
Сјајот на честа е како Сахара: една бескрајна празнина.
Леополд Седар Сенгор
Го ценам оној што живее за да учи.
Фридрих Ниче
Чест на оние што не ги соборуваат очите пред судбината.
Жорж Клемансо
Кој ќе посее добродетелства, ќе ожнее чест.
Леонардо Да Винчи