102. Достоинство
Тоа прво, дури најпрво кога е збор за личноста, но и за колективот на кој таа му припаѓа. Зашто без него не си личност, а колективот не е што треба да биде. Ниту нешто значел во минатото, ниту ќе значи во блиска и далечна иднина.
Недостоинството е беспоговорно веднење глава пред посилниот, помоќниот, беспримерно коленичење при зависност и бесрамно молење за коска што секако застанува в грло и задавува.
Недостоинствените не мислат, не дејствуваат за напред и не создаваат макар за стоење во место.
Достоинството најмногу им пречи и со сите сили го напаѓаат за да го поразат, за да го снеможат, за да го унижат недостоинствените.
Македонски народни пословици и изреки
Наведена глаа под царска сабја поминуа.
Од молчење глаа не болит.
Бега воло да не влези во јаремо.
Пословици и изреки на народи во светот
И кога нема што да јаде, самурајот употребува чепкалка. (Јапонска)
И сонцето минува низ калливи места, но не се окалува. (Српска)
Чекори полека за да не се дигне прашина. (Италијанска)
Кога ќе падне кула, таа е сè уште кула; кога се издига ѓубриште, тоа останува ѓубриште. (Германска)
Нема поголема загуба од онаа кога човек ќе успее да се изгуби самиот себеси! (Германска)
Латински изрази
Орелот не фаќа мушички. (Aquila non capit muscas.)
Одмор со достоинство. (Otium cum dignitate.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Сите човечки суштества се родени слободни и еднакви во достоинството и правата, надарени со разум и совест, и треба да се однесуваат едни спрема други во духот на братството.
Универзална декларација на човечките права
Човечкото достоинство е неповредливо. Да се почитува и да се штити ќе биде должност на сите државни авторитети.
Устав на Германија
Најлесно е да уништиш човек ако му го одземеш достоинството.
Анонимус
Да се роди човек како господин, тоа е случајност. Да се умре како господин, тоа е вистинско достоинство.
Анонимус
Кога Бог од нас бара понизност, тоа никогаш не е за да нè порази и доведе во очајување. Тој внимава на нашето достоинство.
Анонимус
Да знаеш кога во пензија е мудрост. Да бидеш во состојба да работиш е храброст. Да се оддалечиш со крената глава е достоинство.
Анонимус
Без оглед што луѓето земаат од вас, никогаш немојте да им допуштите да ви ги одземат гордоста и достоинството.
Анонимус
Секоја жена има право на достоинство и почитување. Никој не може да ве понижува или злоставува усмено.
Анонимус
Рекле, издумале
Должноста спрема самиот себе се состои во зачувување на човечкото достоинство во сопствената личност.
Имануел Кант
Секој е должен да му го признае човечкото достоинство на секој човек.
Имануел Кант
Со лажење човек го уништува своето достоинство како човек.
Имануел Кант
Достоинството на човекот бара покорување на највисокиот закон-на моќта на душата.
Махатма Ганди
Достоинството на човечката природа бара да се соочиме со бурите на животот.
Махатма Ганди
Мислам дека главата никогаш не треба да се ведне и оти на тешкотиите треба смело да им се гледа в лице.
Мао-Јин-Чу
Мора да е тешко главата секогаш да се држи крената.
Жан Пол Сартр
Нема такво достоинство кое не се истопило во болка.
Жан Пол Сартр
Благородниот човек е достоинствен, но не е горд; простакот е горд, ама не е достоинствен.
Конфучиј
Сето наше достоинство се состои во мислењето. Да настојуваме добро да мислиме-тоа е начело на моралот.
Блез Паскал
Кога пријател ќе ти се извиши високо, не му приоѓај додека не те побара.
Норман Мајлер
Само човекот има достоинство; само човекот може да биде смешен.
Едмунд Џорџ Валпи Кнокс
Достоинството и љубовта не можат да делат исто престојувалиште.
Публиј Насо Овидиј
Човечко достоинство-залудно е да се бара тоа во светот на капиталистите.
Владимир Илич Ленин
Најхрабар чин е без оглед на сè пак да мислиш со своја глава. Гласно.
Коко Шанел
Слобода за мене е да живеам со достоинство, а ако моето достоинство и слободата ги контролира маж, никогаш нема да бидам слободна.
Манал ал-Шариф
Што е достоинство? Мера на слободата.
Џанина Браши
Морам да го истуркам својот камен угоре на ридот на животот со што повеќе морално достоинство.
Меша Селимовиќ
Се претворив во човек кој моли, а тоа е последно суштество на земјата. Под тоа нема ништо.
Меша Селимовиќ
Застрашувачки е да се види колку лесно кај некои луѓе сето достоинство се урнува. Но кога ќе размислиш за тоа, ова е прилично нормално зашто тие го одржуваат ова достоинство единствено така што константно се борат против својата природа.
Албер Ками
Каде тоа има достоинство ако нема чесност?
Цицерон
Нечие достоинство може да биде нападнато, вандализирано и сурово исмеано, но никогаш не може да биде одземено освен ако не се предаде.
Мајкл Џ. Фокс
Самопочитувањето е корен на дисциплината. Чувството на достоинство расте со способноста на себеси да си кажеш не.
Абрахам Џошуа Хешел
Најважен човечки стремеж е стремежот за моралност во нашето дејствување. Нашата внатрешна рамнотежа, дури и нашата егзистенција зависи од тоа. Единствена моралност во нашето дејствување може да му дадат убавина и достоинство на на нашиот живот.
Алберт Ајнштајн
Само моралноста во нашите постапки може да му даде на животот убавина и достоинство.
Алберт Ајнштајн
Да се молчи е како бавнорастечки рак за душата и особина на вистинска кукавица. Нема ништо интелигентно во тоа да не се бориш за себе. Можеби нема да добиеш секоја битка, но барем секој ќе знае дека си се кренал за себе.
Шенон Л. Алдер
Достоинството е есенцијално за човечкиот живот како водата, храната и кислородот. Тврдоглавото чување на достоинството, дури и покрај голем физички потешкотии, може да го држи човечкиот дух во телото долго откако телото требало да го предаде.
Лора Хиленбранд
Понижувањето на достоинството е речиси единствена причина за кавга.
Симон Соловејчик
Љубезноста е знак на достоинство, а не на покорност.
Теодор Рузвелт
Достоинството е вродено…Човечкото достоинство не може да биде одземено од власта. Власта не може да им даде на луѓето достоинство, ниту да го земе.
Кларенс Томас
Кога животот е сиот од опасности и страдања, луѓето, водени од дрвени и наследени инстинкти, ги цепкаат и ги делат на моментни впечатоци и непосредна потреба, губејќи се сосема во нив. Зашто единствено така, живеејќи секој момент издвоено и не гледајќи ни напред ни назад, може ваков живот да се поднесе и жив човек да се сочува за подобри денови.
Иво Андриќ
Не постои среден пат, оној вистински што води напред, во постојаност, во мир и достоинство, туку сите се движиме во круг, секогаш по ист пат кој мами, а само се менуваат луѓето и генерациите што патуваат, постојано мамени.
Иво Андриќ
Смислата и достоинството постојат само доколку умееме да ги најдеме сами во себе.
Иво Андриќ
Достоинството на човекот се состои од негов избор.
Макс Фриш
Секоја работа треба да се врши со достоинство, со машкост, но без викање, без навреди.
Фјодор Михајлович Достоевски
Од едно се плашам: да не бидам достоен на своите патила.
Фјодор Михајлович Достоевски
Кога ќе излаже дете, не кажувајте му дека е лажго, инаку брзо ќе го изгуби своето достоинство. Така е и со возрасните.
Жан Пол Рихтер
Оној што се грижи за сопственото здравје би можел да има барем толку достоинство веднаш да легне во гроб.
Хенрик Ибзен
Кога е збор за човечкото достоинство, не можеме да правиме компромиси.
Ангела Меркел
Ако сакаш длабоко само едно суштество, и сите останати ќе ти се чинат достојни за љубов.
Јохан Волфганг Гете
Биди достоен за љубов ако сакаш да бидеш сакан.
Јохан Волфганг Гете
Мене ми е некогаш многу жал за мене.
Огист Роден
Нашето малку може да биде многу за оние што немаат ни малку.
Душко Радовиќ
Не е важно како човек умира, туку како живее.
Спенсер Џонсон
Никој не може да ви всади чувство на помала вредност без ваша согласност.
Бертолд Брехт
Секоја работа може со достоинство да се работи ако се работи како што треба.
Фил Козби
Достоинството е непроценливо. Кога некој почнува да дава мали отстапки, на крајот животот губи. Жозе Сарамаго
Идеален човек ги презема животните несреќи со достоинство, најмногу користејќи околности.
Аристотел
Секој човек или установа што ќе ме лиши од моето достоинство нема да успее.
Нелсон Мандела
Решавањето на сиромаштијата не е гест на милосрдие. Тоа е чин на правда. Тоа е заштита на темелното право, правото на достоинство и пристоен живот.
Нелсон Мандела
Личното достоинство се состои во тоа големината на други да не се ограничи на вазалност.
Антоан д Сент-Егзипери
Постојат два вида гордост, добра и лоша. „Добрата гордост“ ги претставува нашето достоинство и нашата љубов спрема себеси. „Лошата гордост“ е смртоносен грев кој дише со самоувереност и ароганција.
Џон К. Максвел
Ниедна раса не може да напредува додека не сознае дека постои достоинство во работата на терен, како што постои и пишување песна.
Букер Т. Вашингтон
Бидете јаки. Живејте чесно и достоинствено. А кога мислите дека повеќе не можете, на се откажувајте.
Џејмс Фреј
Знам за загуба на достоинството. Знам дека кога ќе го одземете човечкото достоинство создавате дупка, длабока црна дупка полна со пустош, понижување, омраза, празнина, тага, несреќа и загуба која станува најлош пекол.
Џејмс Фреј
Порадо би сакала да бидам сама со достоинсто, одошто во однос во кој го жртвувам своето самопочитување.
Менди Хал
Достоинство значи да заслужувам најдобро лечење што можам да го добијам.
Маја Ангелоу
Достоинство е способност да останете силни и со крената глава додека сте соочени со неволји, додека сте во можност да ги почитувате старешините и да ползите со деца. Достоинство е да стоите цврсто во своите убедувања без затворање на умот во друго мислење.
Мичел Вин
Најтежок вид убавина до која може да се дојде е внатрешност, сила, храброст и достоинство.
Руби Ди
Во вашето битие постои достоинство, дури и ако е понижено она што го правите.
Тарик Рамадан
Пријателствата што се создадени да траат се оние во кои секој пријател го почитува достоинството на другиот до таа мера што всушност не сака ништо друго.
Сирил Коноли
Понизноста е способност на откажување од гордост и зачувување на достоинство.
Вана Бонта
Достоинството и гордоста не се само различни чувства, туку се на некој начин и спротивни. Можете да ја понизите својата гордост за да го сочувате своето достоинство, а своето достоинство можете да го уништите поради својата гордост.
Луиџина Згаро
Кога поединци протестираат против одбивање на општеството да го препознаат нивното достоинство како човечки суштества, нивниот единствен чин на протест донесува достоинство.
Бајард Растин
Личното достоинство мора да се мери со стапот на совеста, а не со пресуда на други луѓе.
Фаусто Церцињани
Нашата испразнетост е постојан непријател на нашето достоинство.
Софи Светчин
Зрелоста е способност за размислување и дејствување со своите чувства во границите на достоинството. Мерило на вашата зрелост е како сте станале духовен среде вашите фрустрации.
Семјуел Улман
Најлуксузниот посед, највредното богатство што го има секој е личното достоинство.
Џеки Робинсон
Крајна цел на секоја револуционерна општествена појава мора да биде воспоставување на светост на човечкиот живот, достоинство на човечкото суштество и право на секое човечко суштество на слобода и благосостојба.
Ема Голдман
Борбата за правда против корупцијата никогаш не е едноставна. Тоа е прецизна штета за нас и за нашите најмили. На крајот, мислам дека, како што е тоа случај во мојот случај, цената што ја плаќаме е вредна на тоа што се држиме до нашето достоинство.
Франк Серпико
Ја прифаќам својата судбина, бнез оглед што е таа, но ќе се борам за својата чест и достоинство.
Фернинанд Маркос
Од длабочината на потребата и пустошот луѓето можат да работат заедно, можат да се организираат за решавање на сопствените проблеми и достоинствено и силно да се задоволат сопствените потреби.
Цезар Чавез
Хомофобијата е како расизмот, антисемитизмот и другите форми на нетолеранција кои настојуваат да дехуманизираат голема група луѓе за да ја негираат нивната хуманост, достоинството и нивниот квалитет како личности.
Корета Скот Кинг
Како мажите и жените стануваат пообразовани, вредносниот систем треба да се подобрува, а почитувањето на човечкото достоинство и човечкиот живот треба да биде поголемо.
Елен Џонсон Сирлаф
Денот кога нашето достоинство ќе биде сосема обновено е ден кога нашата цел ќе престане да биде да преживееме додека сонцето не излезе следното утро.
Табо Мбеки
Нема повпечатливо достоинство, нема поважна самостојност од живеење со сопствени средства.
Келвин Кулиџ
Образованието може да ви даде вештина, но либералното образование може да ви даде достоинство.
Елен Кеј
Имам можност секогаш кога отворам уста: можам да говорам со љубезност, со достоинство и милост, или не.
Дана Перино
Сакам да остарам со некое достоинство.
Пит Таунсен
Сите души се убави и драгоцени, заслужуваат достоинство и почитување, и заслужуваат мир, радост и љубов.
Брајан МекГил
Не менувајте го своето достоинство според популарноста.
Стив Мараболи
Достоинството е независно од националните пречки. Секогаш мораме да ги браниме интересите на сиромашните и прогонетите во други земји.
Кјел Манге Бондевик
Почитувајте се себеси така што ќе постапувате со достоинство и прибраност.
Алан Локос
Во љубовта проголтај ја својата гордост, но никогаш своето достоинство.
Карлос Салинас
Некогаш било неугодно да се гледа човек кој го губи достоинството, а сега тоа се очекува како дел од програма со која се чувствуваме угодно.
Лиза Валери Кудроу
Достоинството е награда за послушност спрема вашето срце.
Вес Феслер
Достоинството на вистината се губи по голем протест.
Бен Џонсон
Толку сум храбар да верувам дека луѓето ширум светот можат да имаат по три оброци дневно за своето тело, образование и култура за својот дух и достоинство, еднаквост и слобода за нивната душа.
Мартин Лутер Кинг