ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 5 минути

85. Бесконечност-Вечност-Конечност

Мудрите луѓе во минатото и денес, кои со своето дело и творештво трајно ја задолжиле човековата цивилизација, кажале, оставиле мисла или промисла за сè и сешто, но најчесто и најмногу како одговори на судбински, вечни прашања како дел од минливоста на животот и вредностите во него. Сериозно-шеговито, иронично-пакосно, извртено-превртено.

Бесконечноста, бескрајноста, неограниченоста, недогледноста, вечноста сосе вредноста на човекот некогаш му се прикажуваат како конечни, па радоста и тагата просто му се наметнуваат, навалуваат врз него. Каква одбрана? Единствено со навременоста на согледбата и догледбата на вредноста и амбицијата, на личната борба, на доволноста од луѓето и возможноста само со Бога.

Има едно нешто наспроти бесконечноста, бескрајноста, неограниченоста, недогледноста односно вечноста што никако не смее да се пренебрегне: лесно е да се  стане роб, не само со проклетството на богатството и сиромаштијата, туку и во мигови на споделување со ближни и блиски, но не е тешко се биде благословен стареејќи еден со друг, еден покрај друг.

Домисла, гесло, мисла водилка

Бесконечноста се наоѓа во човекот како масло во семе, како вода во река, како оган во свеќа.
Упанишади

Во бесконечното е изворот на радоста! Нема радост во конечното. Настојувај да го запознаеш бесконечното…Бесконечното е бесмртно, конечното  гаранција.
Упанишади

За оној што не знае сегашноста е минлива. За оној што знае оваа иста сегашност е вечна.
Индиски непознат мислител

Рекле некои

Вселената е конечна, но без граници.
Алберт Ајнштајн

Ниеден човек не верува во својата сопствена смрт, и во потсвеста секој повеќе или помалку е убеден во својата бесмртност.
Фројд

Потпри го твоето време на моето, така вечноста ќе трае подолго.
Мирослав Мика Антиќ

Прелетај ја бесконечноста и победи ги времето и фантазијата, но никогаш не заборавај како се чекори по земја.
Мирослав Мика Антиќ

Морето и небото се два симбола на бесконечноста.
Џузепе Мацини

Вечноста е време кога постојат идеали.
Жан Пол

Како што водите брзо се влеваат во морето, така и деновите и годините се влеваат во вечноста.
Гаврила Романович Державин

Неизбежно е, во безбројните комбинации што се случиле и се случуваат во времето без граници и просторот без брегови, да постојат уште милиони други планети и милиони слични на нас, покрај милијарди други помалку или повеќе поинакви.
Морис Метерлинк

Несовршенството не е негација на совршенството; конечноста не ја порекнува бесконечноста. Тоа само целината се искажува во делови, тоа бескрајноста се открива во граници.
Рабиндранат Тагоре

Никогаш не плаши се од моментот-вака пее гласот на вечноста.
Рабиндранат Тагоре

Кога ќе погледнам во себе, гледам дека крајот на бескрајот е сокриен во мене.
Мохамед Икбал

Не вели дека нештата се минливи, зашто секој од нашите часови ја најавуваат вечноста.
Мохамед Икбал

На неизмерноста ѝ е потребна неисцрпност.
Виктор Иго

Како може помал да сфати поголем или ограничен ум да ја разбере бесконечноста?
Џон Драјден

Две нешта се бесконечни: вселената и човечката глупост, но што се однесува на вселената не сум сосема сигурен.
Алберт Ајнштајн

Што сум јас ако се споредам со вселената?
Лудвиг Ван Бетовен

Што е бесконечно во човекот?
Блез Паскал

О, бесконечност! Има една стара спојка меѓу тебе и мене. Тесна спојка што ја исковаа поетите.
Намдев

Што претставува она делче од времето доделено на секој од нас во бескрајната низа на вековите? Во едно трепнување на окото тоа ќе исчезне во вечноста.
Марко Аврелиј

Световите умираат бидејќи се родиле. Се раѓа и се умира без престан. И создавањето, секогаш несовршено, се продолжува во непрестани метаморфози. Небесата, што се сметаат непроменливи, не ја познаваат долговечноста до вечното протекување на нештата.
Анатол Франс

Ништожноста е едно бескрајно ништо, и тоа ништо нè опкружува. Од него доаѓаме, во него заминуваме. Тоа е нешто што не можеме да го сфатиме, но сепак постои.
Анатол Франс

Ако можеш да се вознесеш со духот над просторот и времето, тогаш во секој момент се наоѓаш во вечноста.
Лав Николаевич Толстој

Она што е вечно, не може да се мери.
Хермес Трисмегист

Бог е бескрајна сфера чие средиште е секаде, а периферијата никаде.
Свети Августин

Убавината е живот, кога животот ќе ја симне коприната од своето свето лице. Но, вие сте тој живот и вие сте таа коприна. Убавината е вечност што се гледа во огледало. Но, вие сте таа вечност и вие сте тоа огледало.
Калил Џибран

Мислата не познава време. Во тоа е разликата меѓу мислата и соништата. Мислата може да види сè во секунда. Можеш и да поставиш затворено коло, а мислите ќе се вртат по него без престан. Такви ти се мислите. Не се тие како сон кој може да се прекине. Тоа ти е како енциклопедија на чепкалка.
Харуки Мураками

Оној што ја љуби радоста во лет, живее во вечноста на изгрејсонцето.
Вилијам Блејк

Да се види светот во зрно песок и небото во див цвет, да се држи бесконечноста на дланката на раката и вечноста во еден час.
Вилијам Блејк

Она што останува е отсјај на восхитувачката илузија на светот: животот е вечен и ние живееме вечно само ако ни успее да ја симнеме змиската кошулка на своето Јас и сфатиме дека смртта е преобразба.
Ерих Марија Ремарк

Одмаздата е сласт која може да трае еден ден, великодушноста е чувство на кое можеме да му се радуваме вечно.
Фридрих Рикерт

Овде на земјава ништо не е твое. Она што е твое е надвор од времето и просторот. Побарај го таму.
Назим Хакани

Сериозноста настанува поради преценување на времето! Но во вечноста времето не постои. Вечноста е само момент, тамам доволен за една шега.
Херман Хесе

Реките течат со векови, а човечките судбини се одигруваат на бреговите. Се одигруваат за утре да бидат заборавени, а реките ќе продолжат да течат.
Милан Кундера

Јас имам намера да живеам засекогаш. Досега оди така добро.
Стивен Врајт

Смртта и животот се едно, а универзумот е нивна вечна рекомбинација. Во таквиот универзум да се биде жив или мртов е всушност исто.
Борислав Пекиќ

Што сега би дал за непроменлива географска карта на вечното и постојано неискажливото? Да поседувам своевиден атлас на облаци.
Дејдвид Мичел

Сите ние сме семе и потомство на вечноста.
Бјернст Јерне Мартинус Бјернсон

Тешко му на оној голем човек кому можеме само да му се восхитуваме, но не можеме да го сакаме. Љубовта е вечна како бог, восхитувањето минливо како светот.
Шандор Петефи

Кој сака да живее засекогаш?
Фреди Меркјури

Вечното забало на вечната мрачнина ни зборува ни светлост губи.
Петар Петровиќ Његош

Вечни сме минувачи покрај нас самите, нема друг предел од пределот на нас самите. Не поседуваме ништо зашто ни себеси не се поседуваме. Немаме ништо зашто не сме ништо. Кои раце да испружам кон кој свет? Светот не е мој, светот сум јас.
Фернандо Песоа

Вечната ништожност е в ред ако си облечен за таа прилика.
Вуди Ален

Времето лета, вечноста чека.
Карол Војтила

Жештината е неодвоива од огнот, како и убавината од вечноста.
Џон Китс

За повеќето разумни луѓе животот е вечен компромис меѓу идеалното и остварливото.
Бертранд Расел

Мојата добрина е безгранична како морето. Мојата љубов е еднакво длабока. Колку повеќе ти давам тебе, толку повеќе имам сам, зашто обајцата сме бесконечни.
Вилјем Шекспир

Не можеме да избегаме од бескрајноста со бегство во некоја друга бескрајност. Не можеш да избегаш од истоветното залажувајќи се себеси дека можеш да пронајдеш различно.
Умберто Еко

Не користи зборови преголеми за тема. Не вели бескрајно кога многу мислиш; инаку, ќе немаш зборови кога сакаш да зборуваш за нешто навистина бескрајно.
Клајв Стејплс Луис

Сети се на вечерашната ноќ, таа е почеток на вечноста.
Данте Алигиери

Leave the first comment