Потребно време за читање: 11 минути

84. Незнаење-Неукост

Од сите со нас и околу нас најлоши, најнеподносливи, најнепријатни, најнепријателски, а пред сè најинфериорни се незналиците. Затоа што не знаат а како да знаат сè. Не им се докажува незнаењето, на знаењето му се спротивставуваат и пред него се агресивни-прават сè со сила, притоа не мислејќи на последиците.

Да, оние што знаат колку не знаат од сè се други. Не само што се трудат да дознаат, да разберат, да научат, туку секогаш  го препознаваат и признаваат поголемото од помалото знаење. Знаат колку и какви сè зла нанесува незнаењето, па се трудат да го совладаат, да го поразат секаде и секогаш. 

Македонски народни пословици и изреки

Их, што му сечи умо глаата!
Не знае.

Без мака нема наука.

Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука не ќе тргаа сиромасите мака.

Ум со пари не се купуат, ами со мака по наука.

Умо му кајдиса ошто е учен.
Му се шегуа на простотијата.

Зер тој не знаи да, тој сè знаи.
Ич не знаи.

Не одил на училиште, ами се научил поеќе од мене.

Пословици и изреки од народи во светот

Нецелосното знаење е поопасно од незнаењето. (Боливиска)

На почетокот на човековиот живот стои незнаењето, во зрелото доба патењето, а во староста жалоста. (Индиска)

Латински изреки

Незнаењето штети. (Ignorantia nocet.)

Сè непознато се смета за величествено. (Omne ingnotum pro magnifico.)

Незнаењето е причина за страв. (Timendi causa est nescire.)

Осудувањето потекнува од неразбирање. (Condemnant quo non intellegunt.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Живеејќи во бездната на незнаењето, а сметајќи се себеси за мудар, незнајковците се вртат во маѓепсан круг како слепци кои водат слепци.
Упанишади

Не плаши се од писмените и неписмените, туку од полуписмените.
Куран

Рекле, издумале

Јас знам само едно, а тоа е дека ништо не знам.
Сократ

Незнаењето е мајка на сите пороци.
Сократ

Луѓето не се намерно зли, туку од незнаење. Треба да се знае што е добро за да се прави добро.
Сократ

Нема полош мрак од незнаењето.
Вилјем Шекспир

Велам дека нема мрак, туку незнаење.
Вилјем Шекспир

Голем незналец е човек кој одговара на секое прашање што ќе му се постави.
ФрансоаМари Аруе Волтер

Не знам ни како мислам, ни како живеам, ни како чувствувам, ни како постојам.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Поретко би грешел кога би го знаел она што не го знаеш.
Публилиј Сириј

Знаењето е моќ, но незнаењето, за жал, ни од далеку не значи немоќ.
Нилс Бор

Ништо не е така штетно како пријател- незналец. Повеќе вреди паметен непријател.
Жан д Ла Фонтен

Незнаењето нека зборува што сака, учењето има своја вредност.
Жан д Ла Фонтен

Незнаењето е поблиску до вистината одошто предрасудата.
Дени Дидро

Незнаењето е подобро од заблудата и е помалку оддалечен оној што не верува во ништо, одошто оној што верува погрешно.
Томас Џеферсон

Никој не го покажува своето незнаење како оној што почнува да зборува пред друг да заврши.
Мусариф- ал Дин Саади

Чувајте се од лажното знаење. Поопасно е од незнаењето.
Џорџ Бернард Шо

Не знае ништо, а мисли дека знае сè. Тоа јасно упатува на политичка кариера.
Џорџ Бернард Шо

Незнаењето е секогаш подготвено да се восхитува на самото себе.
Никола Боало

Има три вида незнаење: да не се знае што треба да се знае, да се знае лошо она што се знае и да се знае она што не би требало да се знае.
Франсоа Ла Рошфуко

И во пријателството и во љубовта незнаењето често повеќе придонесува за нашата среќа одошто за нашето знаење.
Франсоа Ла Рошфуко

Кој не знае, а не знае дека не знае-опасен е
-избегнувајте го!
Кој не знае, а знае дека не знае-дете е
-научете го!
Кој знае, а не знае дека знае-спие
-разбудете го!
Кој знае и знае дека знае-мудар е
-следете го!
Конфучиј

Незнаењето е ноќ на умот, но ноќ без месечина или ѕвезда.
Конфучиј

За светот да го доведеме во ред, прво мораме народот да го доведеме во ред. Суштината на знаењето е да го имаш, да го примениш, а да го немаш е да се признае своето незнаење.
Конфучиј

Чувствата ги исполнуваат празнините на незнаењето.
Максим Горки

Секогаш се претерува во она што не се познава.
Албер Ками

Малку знаење на луѓето им дава горделивост, а многу скромност.
Леонардо да Винчи

Мудрите упаѓаат во незнаење кога се караат со незналец.
Јохан Волфганг Гете

Ништо не е пострашно од да се види незнаење на дело.
Јохан Волфганг Гете

За она малку што го знам му благодарам на своето незнаење.
Јохан Волфганг Гете

Само никогаш да не се наведеш на кавга! Мудрите упаѓаат во незнаење кога се караат со незналец.
Јохан Волфганг Гете

Она што ние го знаеме е само една капка-што не го знаеме е океан.
Исак Њутн

Незнаењето е мајка на злобата, завидливоста, гневот и на сите други мани и гревови на подлите и грдите.
Галилео Галилеј

Незнаењето не е невиност, туку грев.
Роберт Браунинг

Секој е незналец, само во различни домени.
Семјуел Роџерс

Незнаењето е демонска сила и сме убедени дека тоа ќе биде лоша причина за многу трагедии.
Карл Маркс

Незнаењето на идните несреќи е покорисно од знаењето.
Цицерон

Не се срамам да признам дека сум незналец на она што не го знам.
Цицерон

Восхитувањето е ќерка на незнаењето.
Бенџамин Франклин

Да се биде неук не е толку срамота, колку неподготвеноста за учење.
Бенџамин Франклин

Прагот на храмот на мудроста е знаење за сопственото незнаење.
Бенџамин Франклин

Кога човек сака да се допадне во друштво, мора да се преправа дека научил многу од тоа што го знае од оние кои за тоа не знаат ништо.
Себастијан Николас де Шамфорт

Ги избегнувам луѓето кои мислат дека дрскоста е храброст, а нежноста кукавичлак. А ги избегнувам и оние што мислат дека дрдорењето е мудрост, а молчењето незнаење.
Калил Џибран

Незнаењето никогаш не решава прашање.
Бенџамин Дизраели

Лажењето е секогаш кукавичлак, а кукавичлакот е последица на незнаење.
Александер Сатерленд Нејл

Најопасни се луѓето во незнаење.
Хенри Вард Бичер

Не труди се за сè да знаеш сè, за во сè да не станеш незналец.
Демокрит

Недоволното забележување е само облик на незнаење и причина за многу настрани испади и триумф на луди идеи.
Никола Тесла

Нема богатство како што е образованието и нема сиромаштија како што е незнаењето.
Али Ибн Аби Талиб

Во ништо толку цврсто не се верува како во она што се знае најмалку.
Шарл-Луј Монтескје

Образованието, тоа е она што останува откако човек ќе заборави сè што научил во училиште.
Алберт Ајнштајн

Организиравме цивилизација чии сите битни елементи длабоко зависат од знаењето и технологијата кои истовремено никој не ги разбира. Тоа е сигурен рецепт за катастрофа. Запаливиот спој на незнаење и моќ порано или подоцна ќе ни експлодира в лице.
Карл Едвард Саган

Пишувам за неуки во работи во кои и самиот сум неук.
Клајв Стејплс Луис

Според сè, незнаењето не е ни лошо ни страшно ни претерано, ни најлошо од нив. Но големо лукавство и многу учење, следено со лош тренинг, се многу поголема несреќа.
Платон

Постои само едно добро, а тоа е знаењето, и едно зло, а тоа е незнаењето.
Платон

Мислењето е средна точка меѓу знаењето и незнаењето.
Платон

Прв чекор кон знаењето е да се знае дека сме во незнаење.
Ричард Сесил

Војната е мир. Слободата е ропство. Незнаењето е сила.
Џорџ Орвел

Колку повеќе се зголемува нашето знаење, сè повеќе се одмотува и укажува нашето незнаење.
Џон Фицџелард Кенеди

Незнаењето на еден избирач во демократијата ја нарушува сигурноста на сите.
Џон Фицџелард Кенеди

Сета мудрост на светот и човечката способност спрема Божјата мудрост се чисто незнаење.
Свети Јован Крстител

Знаењето и правдата говорат, додека незнаењето и неправдата рикаат.
Артуро Граф

Знаењето има граници, додека незнаењето ги нема.
Бранислав Нушиќ

Незнаењето е неиспишана хартија на која можеме да пишуваме, а погрешното знаење е испишана хартија која мора прво да се избрише.
Чарлс Калеб Колтон

Не плаши се од незнаењето. Плаши се од лажното знаење зашто од него доаѓаат сите несреќи на светот.
Лорд Џорџ Гордон Бајрон

Злото на светот не го предизвикуваат оние што кажуваат сè што знаат, туку оние што кажуваат повеќе од што знаат.
Стендал

Незнаењето е мајка на дрскоста.
Тукидид

Незнаењето е здебелено, а знаењето резервирано.
Тукидид

Ништо на целиот свет не е поопасно од искрено незнаење и совесна глупост.
Мартин Лутер Кинг

Незнаењето почесто раѓа самодоверба одошто знаење; оние што малку знаат, а не оние што знаат многу толку позитивно тврдат дека овој или оној проблем никогаш нема да го реши науката.
Чарлс Дарвин

Сè што ви треба во овој живот е незнаење и самодоверба, а тогаш успехот е сигурен.
Марк Твен

Кога бев момче на 14 години татко ми беше толку неупатен што одвај го поднесував старецот во близина. Но, кога имав 21 година се запрепастив колку старецот научил за 7 години.
Марк Твен

Причина зошто има толку незнаење е таа што оние кои го имаат толку сакаат да го поделат.
Франк А. Кларк

Незнаењето на луѓето им ја одзема слободата зашто не знаат кои алтернативи постојат. Невозможно е да се одлучи за она за што никогаш никој не слушнал.
Ралф Б. Пери

Не знаев што не можеш да направиш. Намерно не почнав да измислувам што било. Само ми се чинеше: „Зошто не?“. Постои прекрасен дар кој незнаењето мора да го донесе на било што, знаете. Тоа беше дар кој му го донесов на граѓанинот Кејн, незнаењето.
Орсон Велс

Расправата е размена на знаења, аргументот размена на незнаења.
Роберт Килен

Немате право на свое мислење. Имате право на свое информирано мислење. Никој нема право да биде незналец.
Харлан Елисон

Образованието е систем на наметнато незнаење.
Ноам Чомски

Човек мора да има одредена доза на интелигентно незнаење за да стигне каде било.
Чарлс Кетеринг

Незнаењето секогаш се плаши од промена.
Џавахарлал Нехру

Најнасилен елемент во општеството е незнаењето.
Ема Голдман

Ако е незнаењето блаженство, би требало да има повеќе среќни луѓе.
Виктор Кузен

Единствени победи за кои не се жали се победи кои се стекнати со незнаење.
Наполеон I Бонапарта

Највисок облик на незнаење е кога ќе одбиете нешто за што не знаете ништо.
Вејн Диер

Таму кај што незнаењето е наш господар, не постои можност за вистински мир.
Далај Лама

Човек налик на дете не е човек чиј развој е запрен. Тој е човек кој на себеси си дал шанса да продолжи да се развива долго откако повеќе возрасни се придушиле во чаура на средовечни навики и конвенции.
Алдоус Хаксли

Повеќето незнаења се победливо незнаење. Не знаеме зашто не сакаме да знаеме.
Алдоус Хаксли

Незнаењето раѓа чудовишта за да ги пополнат празните места на душата кои не се зафатени со вистините на знаењето.
Хорас Ман

Рецепт за вечно незнаење е: Бидете задоволни со своето мислење и содржината на своето знаење.
Елберт Грин Хабард

Незнаењето е како нежно овошје кое кога ќе го допре и цутење веќе нема.
Оскар Фингал Вајлд

Незнаењето никогаш не е во стил. Тоа било во мода вчера, денес е бес, а темпото ќе се одреди утре.
Франк Дан (Франк Керби Јенсен)

Незнаењето зборува гласно за да се слушне, но неговиот волумен ја докажува причината за сомнеж во секој збор.
Вес Феслер

Човек кој го сфаќа своето незнаење го направил првиот чекор кон знаењето.
Макс Хејндлер

Незнаењето е доминација на апсурдот.
Џејмс Ентони Фруд

Природната селекција нема да го отстрани незнаењето од идните генерации.
Ричард Давкинс

Во САД постои култ на незнаењето, и секогаш постоел. Сојот на антиинтелектуализмот е непрестана нишка која се провлекувала низ нашиот политички и културен живот, негувана со лажна претстава дека демократија значи дека моето незнаење е еднакво добро како и вашето знаење.
Исак Асимов

Ако знаењето може да создаде проблеми, не можеме да ги решиме со незнаење.
Исак Асимов

Најголем непријател на знаењето не е незнаењето, тоа е илузијата на знаењето.
Даниел Џозеф Бурстин

Најискрени ликови на незнаењето се суетата, гордоста и вознемиреноста.
Семјуел Батлер

Незнаењето никогаш не е подобро од знаењето.
Енрико Ферми

Потребно е човек да пати од незнаење и насмевка.
Стинг

Сите се неуки, само на различни теми.
Вил Роџерс

Навистина, најважен производ на знаењето е незнаење.
Дејвид Грос

Да се биде незналец на своето незнаење е доблест на незналец.
Амос Бронсон Алкот

Да се знае што било добро, вклучува длабока сензација на незнаењето.
Џон Раскин

Единствено добро е знаењето, а единствено зло незнаењето.
Херодот

Една од најголемите радости што му е на човекот позната, е полетот во незнаење во потрага по знаење.
Роберт Стотон Линд

Да се биде горд на учење е најголемо незнаење.
Џереми Тејлор

Неговото незнаење беше еднакво вредно колку и неговото знаење.
Артур Конан Дојл

За да имаме мудрост мораме да имаме незнаење.
Теодор Драјзер

Велат дека малку знаење е опасна работа, но не е ни наполу толку лошо како многу незнаење.
Сер Теренс Дејвид Џон Прачет

Ако мислите дека образованието е скапо, обидете се со незнаење.
Џеф Рич

Не постои ропство, туку незнаење.
Роберт Грин Ингерсол

Нечие незнаење е нечиј главен имот.
Валас Стивенс

Незнаењето ми е најмалку омилена работа. Навистина мислам дека тоа е срж на сите наши проблеми.
Наоми Џад

Отстранувањето на незнаењето е важна гранка на добронамерноста.
Ен Платон

Незнаењето е најмека перница на која човек може да ја потпре главата.
Мишел д Монтењ

Повеќето луѓе се втопуваат во своето заблудено незнаење, а да не знаат дека нивното патење го создале сами.
Јакушо Квонг

Незнаењето за сопствената несреќа е очигледна добивка.
Еврипид

Не незнаењето, туку незнаењето на незнаењето е смрт на знаењето.
Алфред Норт Вајтхед

Незнаењето и празноверието кога било имаат блиски и математички односи на едни спрема други..
Џејмс Ф. Купер

Потешко е да се прикрие незнаењето, одошто да се стекне знаење.
Арнолд Х. Глазов

Глупоста е намерно гаење на незнаење.
Вилијам Гадис

Незнаењето може да се подобри со намерно незнаење, а неработата е непростлива.
Дејвид Брок

Колку е поголемо незнаењето, толку е поголем догматизмот.
Вилијам Ослер

Нашето знаење може да биде само конечно, додека нашето незнаење нужно мора да биде бесконечно.
Карл Попер

Не знам ниедно време во човечката историја кога незнаењето било подобро од знаењето.
Нил деГрас Тајсон

Нема грев освен незнаењето.
Кристофер Марлов

Верувам дека религијата не е ништо повеќе од детска играчка и оти нема друг грев освен незнаењето.
Кристофер Марлов

Рамнодушноста и незнаењето ги спречува луѓето да работат исправно.
Диего Луна

Да се знае дека не се знае е најдобро. Да се мисли дека знаете кога не знаете е болест. Препознавањето на оваа болест како болест е ослободување од неа.
Лао-Це

Запознајте се со сопственото незнаење.
Исак Вотс

Ако немам мудрост, можам да ве научам само на незнаење.
Лео Бускаглија

Невиност е кога нè шармира, незнаење кога не.
Мињон МекЛоглин

Зад секој аргумент стои нечие незнаење.
Луис Д. Брендис

Образованието е прогресивно откритие на сопственото незнаење.
Вилијам Џејмс Дурент

Незнаењето е неуспех во разликување на трајното и непостојаното, чистото и нечистото, блаженството и патењето, на себе и несебството.
Патањали

Незнаењето е закана на мирот.
Пол Перси Харис

Параноја е само уште еден збор за незнаење.
Хантер С. Томпсон

Спознанието на незнаењето е прв чин на спознанието.
Џин Тумер

Зошто да се губи време на учење кога незнаењето е моментно?
Бил Ватерсон

Незнаењето секогаш било оружје на тиранот, а просветлувањето спас на слободните.
Бил Ричардсон

Неговото незнаење е енциклопедиско.
Аба Ебан

Верувам дека незнаењето е корен на сето зло. И никој да не ја знае вистината.
Моли Ивинс

Незнаењето и непромисленоста се две големи причини за пропаст на човештвото.
Џон Тилотсон

Вистината е непобитна. Злобата може да ја напушти, незнаењето да го исмее, но на крајот е тука.
Винстон Черчил

Многу интелигенција може да се вложи во незнаење кога потребата од илузија е длабока.
Сол Белоу

Кога ќе започне незнаењето, тоа нема граници.
Вил Роџерс

Расизмот извира од незнаењето.
Марио Балотели

Луѓето се раѓаат незналици, а не глупави, туку обраованието ги прави глупави.
Бертранд Расел

Незнаењето не е блаженство. Незнаењето е сиромаштија. Незнаењето е пустош. Незнаењето е трагедија. Сè произлегува од незнаењето.
Џим Рон

Демократијата е јадно верување во колективната мудрост на поединечното незнаење.
Хенри Луис Менкен

Незнаењето е блаженство или барем нам така ни зборуваат. Лично сметам дека и незнаењето е судбина.
Гејл Линдс

Квалитетното образование ни дава способност да се бориме против војната, против незнаењето и сиромаштијата.
Чарлс Б. Рангел

Знаењето полека го гради она што незнаењето го уништува за час време.
Џорџ Елиот

Науката е мајка на знаењето, но мислењето го генерира незнаењето.
Хипократ

Сите зли нешта почнуваат со незнаење.
Ернест Хемингвеј

Потребна е значителна количина на знаење за да ја спознаеме димензијата на сопственото незнаење.
Томас Совел

Живееме на остров опкружен со море на незнаење. Како нашиот остров на знаење расте, така расте и нашиот брег на незнаење.
Џон Арчибалд Вилер

Дискусијата е размена на знаења; борбата е размена на незнаења.
Роберт Килен

Постои ли нешто што науката не би требало да се обиде да го објасни? Науката е знаење, а знаењето е сила, моќ да се прават добри и лоши работи. Поради тоа понекогаш незнаењето е благослов.
Пол Дејвис

Теоријата ни помага да го елиминираме непознавањето на фактите.
Џорџ Сантајана

Сите умови се создадени да растат поради знаењето и грешат против својата природа кога се осудени на незнаење.
Вилијам Елери Чанинг

Незнаењето е работа на мрзеливоста, рамнодушноста и апатијата.
Том Такредо

Кај што постојат добродетелство и мудрост, нема ни страв од незнаење.
Сан Фанциско де Асис

Понизноста и знаењето ги надвладуваат гордоста и незнаењето во скап костум.
Вилијам Пен

Во судирите на незнаењето и интелигенцијата, незнаењето е обично агресор.
Пол Харис

Најголема гордост или најголема малодушност е најголемото незнаење на нашето битие.
Барух Спиноза

Екстремизмот многу добро расте меѓу незнаењето, бесот, заплашувањето и кукавичлакот.
Хилари Клинтон

Против логиката нема подобар оклоп од незнаењето.
Лоренс Џ. Петер

Од незнаење и страв произлегуваат предрасудите и поделбите.
Дејвид Џејмс Фурниш

Молитвата е чесна изјава на незнаењето.
Виктор Иго

Далеку и натаму најголема закана на океанот, а и со нас претставува незнаењето. Но, можеме да направиме нешто по тоа прашање.
Силвија Ерл

Стравот е единствениот вистински непријател роден од незнаење и е родоначалник на бесот и омразата.
Едвард Алберт

Ако незнањето е благослов, незнаењето е да се биде мудар.
Томас Греј

Образованието е прогресивно откритие на нашето незнаење.
Вил Дурент

Причината се покорува, а незнаењето му е подредено на она што наредува.
Томас Пејн

Мислам дека незнаењето не е начин за постигнување дистанца од нешто.
Алис Себолд

Љубопитноста убила мачка, но што се однесува на луѓето здравото љубопитство единствено што може да го убие е незнаењето.
Хари Лорејн

Несреќна работа на оваа планета е таа што не недостасува незнаење.
Не-Јо

Кога се карате со некој помудар од вас за други да можат да се восхитуваат на вашата мудорст, ќе го откриете вашето незнаење.
Ширази Саади

Вистината секогаш ќе биде вистина, без оглед на неразбирањето, неверувањето или незнаењето.
Вилијам Клемент Стоун

Незнаењето и грешката се неопходни за живот, како леб и вода.
Анатол Франс

Информациското доба стана доба на незнаењето.
Марк Криспин Милер

Во непрактицирање на незнаењето се крие мудрост.
Бодидарма

Незнаењето, омразата и алчноста се смртна природа.
Масанобу Фукуока

Колку е тешко да се спаси кората од репутацијата на карпата на незнаењето.
Франческо Петрарка

Незнаењето и предрасудите се особини на лоши советници.
Саманта Пауер

Конфликтот е роден од незнаење и сомнеж.
Гордон Битнер Хинкли

Нашите животи универзално ги скратува нашето незнаење.
Херберт Спенсер

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here