ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: < 1 минута

Вовед

Може ли да се мерат и измерат мудростите за сешто или само за нешто, па да се издели една што би можела да се нареди над другите? Која би била мерата, какво би било мерењето?

Некои го прават тоа, па изделената, без јасно покажана и докажана мера според која е измерена, ја  назначуваат како појадровита од другите, помудра или потемелна, поопфатна, дури поубава, дури „златна (не оти вреди, сјае, привлекува како златото, туку како од „златна уста изречена).

Да, може да се прифати од многу мудрости на показ за едно нешто и да се издели една за истото или за друго, а притоа да не се бара мерата и мерењето. Можеби за да се запомни барем таа, ако не и другите, а можеби сите заедно со неа. Како една од многуте.

А може да е најдобро неколку како едни од многуте, па нека си избира секој по свое.

 

Leave the first comment