52. Љубов
Сè речено за љубовта останува недоречено дури трае, дури го продолжува животот. Во неа се чекори со бавен или брз чекор кон една, а не кон многу цели. Таа цел се вика соединување, се вика единство, се вика сушност на постоењето, се вика создавање и дело.
Македонски народни пословици и изреки
Лицето го покажуа срцето.
Како срце болело, така и очи плакале.
Старо љуби, ден си губи.
На лице светица, а на срце цела курва.
Една става рамна што ти има, како некоја селфија.
Една става што ти има, како некој фидан; како некоја гранка.
Една убаина што ти има, на целио век не се наоѓа.
Жена убаа со пари не се купуа.
Ашколсун на незината убаина што ја има.
Секој ашик је се чини на убаината незина.
Убаина куќа не крепи, ама пак убаина се бара.
Личотијата незина во цел град ја нема.
Личотијата незина во три градои ја нема.
Лична, лична, дури прелична.
Личната мома се големеит со личотата.
Личната мома со личотата се продаа.
Вати да шари со очите моето чупе, зер сака мажење.
Зрелите круши свињите `и јадат, и убаите моми лоши момчиња `и водат.
Која мома момче пребират, брго не ќе се омажит.
Која круша бе опашка, да момче без невеста?
Момче се жени кога да сакат, а мома кога да ја сакаат.
Момче со мустаќи и мома со боски лесно не се учат.
Пословици и изреки од народите на светот
За некого да сакаме совршено, треба да го сакаме така како да ќе умре веќе утре. (Арапска)
Сакај ме малку, а сакај ме долго! (Еврејска)
Да се сака, а да не се биде сакан, е исто што и да се одзиваш, а никој да не те вика. (Еврејска)
Љубов што се одржува со подароци е вечно гладна. (Еврејска)
Во љубовта секогаш еден љуби, а друг подметнува образ. (Француска)
Првата љубов е слична на снег: ретко кога се задржува. (Финска)
Во љубовта единаесет е парен број. (Виетнамска)
Таму кај што владее љубов, нема ни големи ни мали. (Јапонска)
Љубовта за една ноќ е кадарна да изгради кинески ѕид. (Кинеска)
Кога сакаш и мајмунот ти изгледа убав; кога не сакаш, не ти е грижа ни за лотосов цвет. (Индиска)
Љубовта и мошусот не можат да се сокријат. (Индиска)
Љубовта и кашлицата не можат да се сокријат. (Турска)
Љубовната заклетва не важи. (Старогрчка)
Латински изреки
Кој во љубовта ќе се излечи прв, најдобро се излекува.
Љубовта раѓа љубов.
Кој не сакал никогаш нека сака утре, а кој сакал нека сака и утре.
Тешко е да се одрекнеш од љубов која траела долго.
Домисла, гесло, мисла водилка
Стави ме како печат на срце, како печат на мускул. Зашто љубовта е јака како смрт, а љубомората тврда како гроб. Жарта нејзина е како жар на оган и пламен божји.
Песна над песните
Ако зборувам јазици човечки и ангелски, а љубов немам, тогаш сум како ѕвоно кое ѕвони или прапорец кој ѕвечи.
Библија
Љубовта долго трпи, таа е милокрвна; љубовта не завидува; љубовта не велича, не се надувува. Не прави што не чини, не бара свое, не се срди, не мисли за зло. Не се радува на неправда, а се радува на вистина. Сè сноси, сè верува, на сè се надева, сè трпи. Љубовта никогаш не престанува, а и ако престане пророштвото, ако и јазиците замолкнат, ако и разумот исчезне.
Библија
Дечиња мои! Да не се сакаме со зборови, туку со дело и вистина. А кој нема љубов, не го познава Бога, зашто Бог е љубов.
Библија
Во љубовните караници победува оној што попушта.
Курал, класичен текст на тамилски јазик
Јас не знам што е тоа љубов зашто таа доаѓа не знам од каде и завршува не знам како.
Анонимус
Љубовта е како чорапи: морате да имате пар и мора да се сложуваат.
Анонимус
Љубовта твоја е како сенка: ако трчаш по неа, нема да ја стигнеш никогаш; ако ѝ свртиш грб, ќе те следи непрестано.
Арапски поет
Рекле, издумале
Нека благоста ја победи лутината. Нека доброто го совлада злото. Нека алчниот го освојат дарови. Нека лажливецот ја надигра вистината. О, нека омразата преку љубов дојде до крај!
Буда
Што е љубов? Да се сака човештвото.
Што е мудрост? Да се сфати човештвото.
Агни Јога
Моминство, моминство. Каде од мене мислиш да појдеш? Јас заминувам и никогаш кај тебе веќе нема да дојдам!
Сафо
Љубовта е богата и со мед и со јад.
Плаут
Свету, кога ќе умрам сочувај во својата тишина само збор за мене: „Сакав“.
Рабиндранат Тагоре
Нема поезија која би можела да се вивне до оние височини до кои допира љубовта.
Рабиндранат Тагоре
Само она што го правиме од љубов го правиме слободно, па без оглед колку патење од тоа би произлегло.
Рабиндранат Тагоре
Не ставај ја љубовта над провалија под изговор дека тогаш ќе стои високо.
Рабиндранат Тагоре
Без оглед колку е закоравена нечија нарав, ќе се растопи на огнот на љубовта. Ако, пак, не се промени, значи дека огнот не бил доволно силен.
Махатма Ганди
Законот на љубовта не ги познава границите на времето и просторот.
Махатма Ганди
Љубовта која почива на благородни мотиви трае вечно и нè прави убави во староста.
Овидиј
Во љубовта има толку болка, колку што во морето школки.
Овидиј
Најнапред сакај, а потоа прави што сакаш.
Свети Августин
Ако сакаме да нè сака светот, мораме и ние светот да го сакаме.
Свети Августин
Љубовта живее со давање, а не со земање.
Свети Августин
Најпрвин сакај, а потоа прави што сакаш.
Свети Августин
Кога човек има љубов, нема страв.
Лао Це
Љубовта е заедничко трагање по знаење.
Сократ
И во најмалата колиба има место за двајца вљубени.
Фридрих Шилер
Што е љубовта без сјајот на љубовта?
Фридрих Шилер
Мажот може да најде жена што дотогаш немала ниту една љубовна врска, но ретко ќе најде жена што секогаш имала само една.
Франсоа Ла Рошфуко
Сè додека сакаш, простуваш.
Франсоа Ла Рошфуко
Причината поради која љубовниците не си досадни еден на друг доаѓа оттаму што тие секогаш зборуваат само за себе.
Франсоа Ла Рошфуко
Во љубомората има повеќе самољубие одошто вистинска љубов.
Франсоа Ла Рошфуко
Главна работа во животот е љубовта, а не може да се сака ни во минатото ни во иднината. Може да се сака само во сегашноста.
Лав Николаевич Толстој
Вечната љубов е невозможна, исто како што свеќата не може вечно да гори.
Лав Николаевич Толстој
Трајна љубов е онаа што секогаш ги држи силите на две суштества во рамнотежа.
Оноре де Балзак
Разделбата ја слабее просечната љубов, а ја зајакнува јаката како што ветерот го гасне пламенчето, а го разгорува пламенот.
Оноре де Балзак
Љубовта е поезија на сетилата.
Оноре де Балзак
Љубовта е единствена страст која не трпи ни минато ни иднина.
Оноре де Балзак
Да се сведе целата вселена само во едно лице-тоа e љубов.
Виктор Иго
Колку е голема работа да се биде сакан! А, пак, колкава е да се сака!
Виктор Иго
Љубовта е ненаситна: имаш среќа, а сакаш рај, имаш рај, а сакаш небеса.
Виктор Иго
Најголема среќа на животот е убедувањето дека сме сакани поради нас самите, или уште подобро и покрај нас самите.
Виктор Иго
Животот е цвет од кој љубовта е мед.
Виктор Иго
Големите срца се сакаат, малите бараат да бидат сакани.
Виктор Иго
Ако си камен, биди привлечен; ако си билка, биди нежен; ако си човек, биди љубов.
Виктор Иго
Првата љубов е опасна само кога е и последна.
Бранислав Нушиќ
Те сакам, не поради она што си,
Туку поради она што сум јас, кога сум со тебе.
Рој Крофт
Првиот воздив на љубовта е последен воздив на мудроста.
Антоан Брет
Љубовта е среќа што ја даваме еден на друг.
Жорж Санд
„Секогаш се враќаме на нашата прва љубов“. Можеби, но секогаш со друга цел.
Станислав Јержи Лец
Да се сака еден час е ознака на животно; да се љуби еден ден е особина на човек; да се љуби цел живот е ознака на ангел; но да се сака цел живот едно суштество, тоа е особина на боговите.
Паоло Монтегаца
Љубовта е состојба во човекот во која најмногу ги гледа нештата онакви какви што не се.
Фридрих Вилхелм Ниче
Јас сум премногу горд за да верувам дека некој може да ме сака: тоа би претпоставувало дека знае кој сум јас. Исто така, малку верувам дека некого ќе сакам: тоа би претпоставувало дека сум нашол човек кој би ми бил рамен-што би било чудо над чудата.
Фридрх Вилхелм Ниче
Во љубовта секогаш има нешто бесмислено; секогаш има и нешто памет во бесмисла.
Фридрих Вилхелм Ниче
Нека ви служи на честа секогаш повеќе да сакате одошто да сте сакани.
Фридрих Вилхелм Ниче
Кој се мрази самиот себеси, од него треба да стравуваме зашто ќе бидеме жртви на неговата лутина и одмазда. Значи, да се обидеме да го наведеме да се сака самиот себеси.
Фридрих Вилхелм Ниче
Еден ден ќе се сакаме само себеси, затоа прво да научиме да сакаме.
Фридрих Вилхелм Ниче
Вљубеноста и мудроста се две сестри кои никогаш особено не се согласуваат.
Вилјем Шекспир
Љубовта е двобој во кој послаб посилен соборува.
Вилјем Шекспир
О моќна љубов! Понекогаш од човек правиш животно, а понекогаш од животно човек.
Вилјем Шекспир
Кога би ја знаела таа внатрешна сила на љубовта, би знаела дека да се гасне нејзиниот пламен е исто како оган со снег да се пали.
Вилјем Шекспир
Барај љубов и најди ја, а ако не ја најдеш, не давај ништо!
Клеопатра
Почетокот на љубовната врска се одликува со возвишени чувства, а крајот со безначајни кавги.
Андре Мороа
На почетокот љубовниците зборуваат за иднината, а кога љубовта е при крајот зборуваат за минатото.
Андре Мороа
Да се сакаме, зашто имаме исти слабости.
Џонатан Свифт
Љубовта е најстар, најнов и единствен светски настан.
Фридрих Рикерт
Ако не нè сака никој, тогаш и самите себеси повеќе не се сакаме.
Мадам де Стал
Љубовта е сиот жената, а епизода во животот на мажот.
Мадам де Стал
Љубовта има одлики на вечност: ги брише сеќавањата на почетокот и стравовите на крајот.
Мадам де Стал
Без заемно почитување нема вистинска љубов.
Имануел Кант
Мажот е љубоморен кога сака, а жената и кога не сака.
Имануел Кант
Љубовта е вечна додека трае.
Матурин Рение
Во љубовта искуството не вреди; кога би вредело, луѓето повеќе не би се заљубувале.
Матурин Рение
Кога човек сака, тој сака нешто да учи, на нешто да му служи, за нешто да се жртвува.
Ернест Хемингвеј
Љубовта има две правила: добрина и трпение.
Данте Алигиери
Љубовта е партија карти во која сите мамат: мажите за да добијат, жените за да не изгубат.
Алфред Хичкок
Ако некого сте засакале без причини, тие причини подоцна ќе ви недостасуваат сè повеќе.
Душан Радовиќ
Антитеза на љубовта не е секогаш омразата-тоа може да биде и друга љубов.
Тадеуш Котарбински
Законот на љубовта е посилен од законот на деструкцијата.
Свами Вивекананда
Те сакам и те љубам, а ако е тоа грев ќе го молам Алах тие гревови никогаш да не ми ги прости.
Харун ал Рашид
Кога во рајот свет би влегол и во него не би те нашол, од него би излегол.
Харун ал Рашид
Брачната љубов го создава човештвото; пријателската го усовршува, но разузданата го расипува и понижува.
Френсис Бекон
Љубовта има законитости во својот развој, свои животни времиња, како цвеќето, како човековиот живот. Таа има своја раскошна пролет, свое жешко лето и, конечно, есен која е за едни топла, светла и плодоносна, а за други-студена, гнила и јалова.
Висарион Григориевич Бјелински
Вистинската љубов го цени тоа што го љуби, но не е вистинска онаа љубов што го љуби само тоа што е ценето.
Лудвиг Борн
Љубовта гледа низ очила низ кои бакарот ѝ се причинува дека е злато, бедата богатство, а стакленцата-бисери.
Мигел де Сервантес
Љубовта е како заразна болест: колку повеќе човекот се плаши од неа, толку повеќе е изложен на неа.
Николас Себастијан Шамфор
Љубовта која се практикува во општеството главно се сведува на размена на моментна желба и допир на две кожи.
Николас Себастијан Шамфор
Љубовта на луѓето повеќе им се допаѓа одошто бракот од иста причина поради која романите се позабавни од историјата.
Николас Себастијан Шамфор
Со текот на времето почнуваме да ги сакаме нештата што некогаш сме ги мразеле, и да ги мразиме оние нешта што некогаш сме ги сакале.
Роберт Луис Стивенсон
Љубовта е тиранин кој нема обѕири спрема никого.
Корнелиј
Љубовта се раѓа од верба, живее од надеж, а умира од милостина.
Џан Карло Меноти
Кога љубовта сака да зборува, разумот треба да молчи.
Жан-Франсоа Рењар
Љубовта е како треска: таа се раѓа и исчезнува, а потоа човековата волја нема никаков придонес.
Анри Бејл Стендал
Најлошо е да не бидеш сакан, но уште поголема несреќа е-да не сакаш.
Албер Ками
Трагедија на секоја љубов е рамнодушноста.
Сомерсет Мом
Подобро е да сакаш и да загубиш, одошто никогаш да не сакаш.
Алфред Тенисон
Да бидеш вљубен значи да бидеш под постојана наркоза.
Хенри Л. Менкен
Тешко е да се сака, уште потешко да не се сака, а најтешко е да најдеш сакан што те сака.
Александар Сергеевич Пушкин
Кој сака поради љубов, тој е слеп.
Платон
Кого љубовта не го допре, тој живее во мрак.
Платон
Љубовта ги смирува луѓето; љубовта успива ветрови и стишува бура на море.
Платон
Љубовта е пролетно растение кое се исполнува со својот мирис на надеж, дури и урнатините што ќе ги обрасне.
Гистав Флобер
Јазикот на љубовта е во очите.
Џон Флечер
Љубовта е како долна облека; поубава е кога се менува почесто.
Џон Флечер
Кога некого сакаме поради неговите доблести, тоа не е ништо сериозно. Но, кога ќе почнеме да го сакаме поради неговите недостатоци, тоа е веќе љубов.
Саша Гитри
Човек треба секогаш да биде вљубен. Тоа е причината поради која не смее да се ожени.
Оскар Фингал Вајлд
Луѓето кои сакаат сам еднаш во животот всушност се површни. Она што тие го нарекуваат верност, тоа е мрзеливост на навиката или недостаток на фантазија. Во верноста е страста за сопственост. Многу работи би отфрлиле кога не би се плашеле дека други ќе ги земат.
Оскар Фингал Вајлд
Секогаш! Тоа е страшен збор. Жените толку радо го употребуваат. Тие упропастуваат секој роман обидувајќи се да трае вечно.
Оскар Фингал Вајлд
Секогаш ни се смешни чувствата и возбудите на лицата кои сме престанале да ги сакаме.
Оскар Фингал Вајлд
Љубовта е второ Сонце на природата.
Џорџ Чепмен
Љубовта е простор и време мерени со срцето.
Марсел Пруст
Не сакаме со раце и зборови, туку со дела и вистина.
Апостол Јован
Љубовта е како водата: ако нешто ја разбуричка, таа станува како бара.
Артуро Граф
Да се сака и да се согледаат маните на оние што ги сакаме, да се мрази и да се согледаат добродетелствата на оние што ги мразиме, две се нешта многу ретки под небото.
Конфучиј
Сакај како ќе мразиш еден ден, мрази како да ќе сакаш еден ден.
Килон
Блазе си им на саканите, и на оние што сакаат, и на оние кои можат да се воздржат од љубов.
Хорхе Луис Борхес
Многу можат должностите, а бескрајно повеќе љубовта.
Томаш Масарик
Љубовта не смее да го успие разумот.
Томаш Масарик
Кога човек знае зошто сака, тој повеќе не сака. Да се споредува во љубовта е исто што и да се престане да се сака.
Јанко Јесенски
Далечината е камен на искушение за вистинските чувства.
Жан-Баптист Анри Лакордер
Кога би ја исклучиле фантазијата, мажот би бил исто среќен во прегратка на собарка, како и војвотка.
Семјуел Џонсон
Не верувај дека пријателорт е без мани и сакај девојка, а не ангел.
Готолд Ефрем Лесинг
Во љубови само почетоците се провлечни. Поради тоа многу често почнуваат од почеток.
Шарл-Жозеф де Лињ
При разделби љубовниџите најлесно се издаваат.
Иво Андриќ
На љубовниците времето им е секогаш кратко. Ниедна патека не е доволно долга.
Иво Андриќ
Без љубов телото е темнина во која душата страда поради своето присуство.
Весна Парун
Кој во љубовта очекува само среќа, тој нема поим што е љубов.
Перл Бак
Чарот на првата љубов е во тоа што не знае дека еден ден сосем ќе исчезне.
Бенџамин Дизраели
Првите љубови се како првите заби: испаѓаат без болка и им даваат место на нови.
Александар Дима
Нема поголема пропаст за љубов од исчезнување на фантазијата.
Џорџ Мередит
Кога мажот ќе ѝ вети на жената дека ќе ја сака секогаш, се претпоставува дека таа секогаш ќе биде толку убава и привлечна. Ако таа се промени, тој не се смета за обврзан дека ќе го исполни своето ветување.
Шарл-Луј д Секондат Монтескје
Омразата е пристрасна, а љубовта уште попристрасна.
Јохан Волфганг Гете
Сепак е среќа сакан да се биде. И среќа, боже, да се сака!
Јохан Волфганг Гете
Љубовта е смешна работа: мажот ја бакнува жената во темето затоа што ѝ се убави нозете.
Лили Палмер
Да се биде сакан значи повеќе ододшто да се биде богат, затоа то тоа значи да се биде среќен.
Клод Тилиер
Повеќето луѓе бараат повеќе љубов отколку што ја заслужуваат.
Мари фон Ебнер-Ешенбах
Љубовта е загуба, одрекнување; таа е најбогата кога дала сè.
Карл Гуцков
Да се жали загуба на некој што сме го сакале е среќа во споредба со принуда на живеење од оној што не го сакаме.
Жан д Ла Бриер
Пријателството и љубовта се две гранки на еден корен. Само, на љубовите неколку цвета повеќе.
Фридрих Готлиб Клопсток
Љубовта е како сипаници: колку е болниот постар, толку потешко се излекува.
Франсоа Волтер
Во љубовта никој не пораснал.
Ерих Марија Ремарк
Никој мне може да ти биде толку туѓ како човек кого некогаш си го сакал.
Ерих Марија Ремарк
Нема вистинска љубов без љубомора, ни љубомора без мамење, ни мамење без причина.
Сомерсет Могам
Љубов спрема слобода е љубов спрема други луѓе; љубов спрема моќ е љубов спрема самиот себе.
Вилјем Хазлит
Љубовта не се состои во гледање еден во друг, туку во гледање во ист правец.
Антоан д Сент-Егзипери
Уметност на љубовта: да се знае да се комбинираат темпераментот на вампир со чедноста на љубичица.
Емил Чоран
Болката што ја предизвикува љубовта може да ја излечи само љубов.
Етиен Реј
Љубовта е како пламен кој брзо гасне кога ќе престане да се зголемува.
Елиен Реј
Тешко му на оној што во љубовта сака да внесе искреност.
Жорж Санд
Во љубовта бегството е единствена победа.
Наполеон I Бонапарта
Љубовта е како возење со автомобил: стартуваш нагло, возиш пребрзо, а кочиш кога е веќе предоцна.
Карл Сејган
Љубовта е секогаш благородна и убава, но стварноста ќе се погрижи таа да мине низ шума од трње и коприви.
Мартин Кесел
Чистата љубов го прави сонот на животот вистина.
Јохан Каспар Лаватер
Љубовта не ја познава својата длабочина до часот на разделбата.
Калил Џибран
Јас сакам не само да бидам сакана, туку тоа и да ми се каже. Светот на молчењето е доволно простран од онаа страна на гробот.
Џорџ Елиот
Нема сјај во очите на оние во кои душата нема топлина.
Жозеф Жубер
Без љубов секој е секогаш во загуба.
Меша Селимовиќ
Љубовта е маѓионичар кој прави ситни и безвредни нешта да можат да причинуваат голема радост.
Роберт Грин Ингерсол
Се сомневам дека што било на светот може повеќе да ја разубави душата од сознанието дека во наша близина постои чисто и благородно суштество кое без резерва може да се сака.
Морис Метерлинк
Иако секое човечко битие поседува способност да сака, нејзиното остѕварување е едно од натешките достигнувања.
Ерих Фром
Љубовта не знае за закони, дури ни за законите на здравиот ум.
Џон Голсворди
Како ветер в кафез или вода во сито, така останува совет во ушите на вљубените и будалите.
Блез Паскал
Љубовта нема години. Таа секогаш се раѓа.
Блез Паскал
Како тоа една иста ноќ што ја минавме заедно на твоето срце му донесе мир, а мене засекогаш ме исполни со луда љубов?
Госпоѓа Ино Бето
Во љубовта ретко кога има вистинско сојузништво.
Лајош Зилахи
Добро е што љубовта ја сместиле во книги, зашто таа само таму е можна.
Вилијам Фокнер
Би сакал да ги здружат нашата осаменичка љубов со местата најненаселени на светот. За оние што се сакаат како ние да можеме да ги научиме местата. Многубројни се, а се толку малку.
Пол Елијар