43. Присобрани бисери на мудроста
Пословици
Мртвиот слон ги остава своите кјови, тигарот своето крзно, а човекот своето име. (Индиска)
Обединети, дури и мали работи стануваат јаки. Бесен, дивиот слон може да биде врзан со мали страци слама испредени во коноп. (Индиска)
Читањето за човек лишен од мудрост е исто што и огледалото за слепиот. (Индиска)
Треба да се знае да се жртвува брадата за да се сочув а главата. (Турска)
Пријатна е музиката од оддалечен тапан. (Турска)
За будалиот секој ден е празник. (Турска)
Ако си наковална, биди трпелив. Ако си чекан, биди јак. (Турска)
Ако не фрлиш во вода угоре, не очекувај ништо низ вода. (Српска)
Кој многу дели, скоро ќе проси. (Српска)
Кој плука во небо, на образ му паѓа. (Српска)
И ѓаволот знае што е право, ама не сака, туку како што му е драго. (Српска)
Од какво значење е ако сонуваш да пиеш млеко од земјен или од златен сад? (Еврејска)
Лошиот инстинкт е сладок почеток, но горчлив крај. (Еврејска)
На Бога молитва, а на работникот плата. (Бенгалска)
Небото е високо, а царот далеку. (Руска)
Има нешта на кои им е потребен сведок, но и такви што се самите за себе сведоци. (Арапска)
И будалиот работи според своето убедување. (Корејска)
Имај време заа работа-тоа е цената на успехот. Имај време за размислување-тоа е извор на моќта. Имај време за игра-тгоа е тајната на младоста. Имај време за читање-тоа е основа на мудроста. Имај време за пријателства-тоа е патот на среќата. Имај време за мечтаење-тоа е патот кон ѕвездите. Имај време да сакаш и да те сакаат-тоа е привилегија на боговите. Имај време да гледаш околу себе-премногу е краток денот за себичност. Имај време за смеа-тоа е музика на душата. (Ирска)
Оној што се шегува секогаш не е лице на кое може да му се верува. Грубите шеги на пријателот се исто што и предавство. (Африканска)
Латински изреки
Да живееш, значи да се бориш. (Vivere est militare.)
Дипломат е чесен човек испратен во туѓина за да лаже во интерес на својата држава.
Секој разговор е излишен кога ќе проговори златото.
Златото е поштетно од железото.
Истакни се, но немој да стрчиш.
Никаде не е кој е секаде.
Кој се користи со своето право, никому не му нанесува неправда.
Лакот ќе ослаби ако го држиш долго натегнат.
Ништо не очекувај од други што би можел сам да направиш.
Сè свое со себе носам. (Omnia mea mecum porto.)
Варди се од човек кој прочитал само една книга. (Cave ab homine unius libri.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Не постои оган како што е страста, не постојат синџири како што е омразата. Не постои мрежа како што е илузијата, не постои поплава како што е желбата.
Дхама-пада
Негативниот инстинкт е најпрвин како минувач потоа станар и најпосле како господар во куќа.
Талмуд
Кој е мудар?-Оној што од секого поучува. Кој е јак?-Оној што себеси се зауздува. Кој е богат?-Оној што е задоволен со својата судбина.
Талмуд
Кој е патот до небото? Вистинољубието. Како човек може да најде среќа? Со правилно владеење. Што мора да потчини за да избегне тага? Своите мисли. Кога е човек сакан? Кога нема суета.
Махабхарата
Над сетилата е умот. Над умот е интелектот. Над интелектот е егото. Над егото е неманифестирано семе, Првобитната Причина.
Упанишад
Кога сите сетила се смирени, кога е умот спокоен, кога интгелектот не се колеба-тогаш, велат мудрите, достигнуваат најголема состојба. Ова спокојство на сетилата и умот се нарекува Јога. Оној шрто го достигнува, се ослободува од заблудите.
Упанишад
Што е љубовта? Да се сака човештвото. Што е мудроста? Да се сфати човештвото.
Агни Јога
Доволен е само еден страк трева да го покаже правецот на ветрот.
Зен филозоф
Не е доволен патриотизмот, не е доволна науката, ни религијата, ни уметноста, ни политиката, ни економиката, не е доволна ни љубовта, ни работата, без оглед колку сме несебични, ни размислувањето, без оглед како било возвишено. Нема корист од ништо што е издвоено од дург и неусогласено со други.
Записи за суштината на нештата
Никој не мора да оди никаде. Сите сме веќе таму, само кога би го знаеле тоа. Таму не се доаѓа. Таму доаѓа кон нас, или подобро: таму е вушност овде. Кога би знаел кој сум, всушност би престанал да се однесувам како оној за кого се сметам, би знаел кој сум.
Записи за суштината на нештата
Ако сретнеш непознат човек, стори му некое добро зашто можеби никогаш повеќе нема да го видиш. Ќе немаш друга прилика.
Запис од исток
Кој се искачил на небото и пак слегол? Кој го собрал ветрот во свој плашт? Кој ги утврдил сите краишта на земјата? Како му е името? И какво е името на синот негов? Знаеш ли?
Библија
Разликата помеѓу дијамантот и дипломатијата е во тоа што дијамантот се бруси додека не стане совршено прозрачен, а дипломатот се бруси и усовршува додека не стане сосем непрозрачен.
Анонимус
Чудно е како луѓето со забавувачки дух привлекуваат многу повеќе отколку оние со возвишен дух!
Анонимус
Првата свеќа внесува светлина, останатите само ја засилуваат.
Анонимус
Тајна на кариерата: секогаш да му се допушти на претпоставениот дека е во право.
„Nepszabadsag“
Меѓу маните ги има оние што се потемни.
„Nepszabadsag”
И најголемите таленти се губат во неработа. Несреќа е што голем талент на други користиме со среќа.
,,Nepszabadsag”
Рекле, издумале
Она што си ти, тоа не можеш да го видиш; она што го гледаш, тоа е само твојата сенка.
Рабиндранат Тагоре
Својата сенка ја фрлаат пред себе оние што својот фенер го носат на грб.
Рабиндранат Тагоре
Човек кој е повлечен во себе не може да остгвари свој сопствен живот. Потребно е да излезе од себе.
Рабиндранат Тагоре
Страк трева е достоен за големиот свет во кој расте.
Рабиндранат Тагоре
Кога ова дрво би сакал да го затресам со своите раце, тоа не би го можел. Но ветрот што не го гледаме го мачи и го свиткува како што сака. Најлошо нè свиткуваат невидливи раце.
Фридрих Вилхелм Ниче
Јас сум премногу горд за да верувам дека некој може да ме сака: тоа би претпоставувало дека знае кој сум јас. Исто така, малку верувам дека ќе сакам кого било: тоа би претпоставувало дека сум нашол човек кој би ми бил рамен-што би било чудо над чудата.
Фридрих Вилхелм Ниче
Две работи ми ја исполнувааат душата со сè понов и сè посилен восхит и стравопочит, што сè почесто и попостојано моето размислување со нив се занимава: ѕвезденото небо над мене и моралните закони во мене.
Имануел Кант
Нема да го ставам животот во сетила што затапуваат, ниту во срце што се кине, туку во мозокот кој сè надживува.
Оноре де Балзак
Кој знае дека не знае, е највисок. Кој се прави дека го знае она што не го знае, е со болен дух. А кој ја гледа таа болест, не е со болен дух.
Лао Це
Човекот е слободен онолку колку што е мудар, а е подложен на судбината толку колку што е големо неговото неразбирање.
Конфучиј
Кога не можеш да му служиш на човекот, како можеш да му служиш на бога? Кога не го разбираш животот, како можеш да ја разбираш смртта?
Конфучиј
Подобро е да се запали макар и најмала свеќа, одошто да се проколнува темнината.
Конфучиј
Ако изразувањето не е правилно, тогаш не се зборува она што се мисли. Ако се зборува она што не се мисли, тогаш не се работи она што треба да се сработи. Ако не се работи она што треба да се сработи, тогаш моралот и знаењето опаѓаат. Ако моралот и знаењето опаѓаат, правдата ќе промаши. Ако правдата промаши, луѓето ќе бидат збунети и беспомошни. Затоа не смее да има произволност во она што ќе се каже.
Конфучиј
Кога ќе најдеш човек со кого вреди да се зборува и не зборуваш, си изгуб ил човек. Кога ќе најдеш човек со кого не вреди да се зборува и зборуваш, си изгубил зборови. Мудриот човек не губ и ни човек ни зборови.
Конфучиј
Кога цар се вози во кола на Добродетел, а Музиката му е кочијаш, кога разни управувачи се среќаваат со учтивоста, кога службениците ги рфегулираат работите врз основа на закони, кога научниците заемно се поттикнуваат, држејќи се за честа како мерило, и кога народите се обединуваат во мир, тоа е здравје на светот. Тоа се нарекува Величествена Хармонија.
Конфучиј
-Многу самуваш и долго молчиш, синко мој, затравен си со соништа, изморен од патиштата на духот. Ликот ти е наведнат и лицето бледо, спуштени веѓите и гласот како чкрипење на затворска врата. Излези во летен ден, синко мој!
-Што виде во летниот ден, синко мој?
-Видов дека земјата е јака и небото вечно, а човекот слаб и кратковечен.
– Што виде во летниот ден, синко мој?
-Видов дека љубовта е кратка, гладта вечна.
– Што виде во летниот ден, синко мој?
-Видов дека овој живот е ствар мачна која се состои во неправилна смена на гревот и несреќата, дека да се живее значи да се редат илузија на илузија.
– Сакаш да сониш, синко мој?
-Не, татко, одам да живеам.
Иво Андриќ ( Ex ponto)
Ништо не се раѓа од ништо; ништо не може да се врати во ништо.
Персеј
Од исток светлина, од запад луксуз. (Ex oriente lux, ex occidente luxus.)
Станислав Јержи Лец
Прво да се живее, после да се филозофира. (Primium vivere, deinde philosophari.)
Фокилид
Три се главни степени во духовното напредување на човеот: покајување, очистување и усовршување. Што е покајување? Напуштање на грешниот живот и каење поради него. Што е чистота? Срце кое има милост за секое суштество? Што е усворшување на себеси? Длабочина на смирувањето.
Исак Сирин
Кога патникот партува со свет човек, тој со тоа го пребрзува погрешното и го доближува исправното.
Син Це
Ако Духот не се преобрази во голем Пат, среќата не е поголема од непостоењето на несреќа.
Син Це
Кога небрежно ќе се заборави што е добро, а што зло, злото многу лесно се придвижува.
Син Це
Кога ќе ставиш дрва за потпалување заедно, огнот ќе почне од најсувото; ако е и земјата сосема рамна, водата ќе тргне кон исквасеното место.
Син Це
Вистинските зборови не звучат пријатно; зборовите што звучат пријатно не се вистинити. Исправениот човек не наговара, ниту уверува; оној што наговаа и уверува не е исправен човек. Мудрецот не знае многу работи; оној што многу знае не е мудар. Мудрецот не натрупува за себе; тој живее за други луѓе и со тоа станува побогат; им дава на други и ужива поголемо изобилие.
Таи-Те-Чинг
Дрво со широка кросна нараснува од фиданка. Деветкатна тераса попчнуца од грутка земја. Патувањето од илјада милји почнува со еден чекор.
Лао-Це
Кога ќе се роди човек, тој е мек и слаб; кога ќе умре, тој е цврст и крут. Кога билките и дрвјата се живи, меки се и се свиткуваат; кога не се живи, кршливи се и суви. Затоа, тврдоста и крутоста се придружници на смртта, а мекоста и свиткувањето придружници на животот.
Лао-Це
Од сите нешта на светот нема ништо послабо од водата. Но, ништо како таа не го совладува она што е цврсто. Дека слабост совладува сила и нежностг совладува крутост, н ема никој што не го знае тоа. Но никој не го сообразува своето однесување спрема тоа.
Лао-Це
Оној што знае, не зборува. Оној што зборува, не знае.
Лао-Це
Св етот човек дејствува, но не присвојува. Усов ршува не чекајќи признание. Без каква било желба да изгледа мудар.
Лао-Це
Вистинските зборови не мораат да бидат избрани зборови. Избраните зборови не мораат да бидат вистинити зборови.
Лао-Це
Љубовта и омразата не можат да го допрат. Добивката и загубата му се рамнодушни. Почестите и немилоста не дејствуваат на него. Затоа го цени целиот свет.
Лао-Це
Кој познава други, мудар е, Кој се познава себеси, гледа јасно. Кој победува други, има сила на мускулите. Кој се победува себеси, јак е со духот. Кој е задоволен, богат е. Кој го следи својот пат, има јачина на волјата. Кој се држи до своето место, трае. Кој умира, а делото му останува, е со траен живот.
Лао-Це
Најмеката супстанца на светот продира низ најтврда. Она што е без облик, продира низ оние без пукнатина. Со ништо во вселената не може да се спореди учењедто без зборови и користа од непреземање на никава акција.
Лао-Це
Движењето го совладува студенилото, мирувањето ја совладува жештината. Кому му е позната вистинската тајна на мирувањето, тој станува пример на целата вселена.
Лао-Це
За добрите изјавувам дека се добри, и за лошите изјавувам дека се добри. Тоа добрината на Добродетелта. На чесните им верувам, и на лажливците им верувам. Тоа е верата на Добродетелта.
Лао-Це
Јас имам три богатства: првото е-Љубов, второто е-Никогаш премногу, а третото-Никогаш прв на светот.
Лао-Це
Кога човек има љубов, нема страв. Кога не дејствува премногу, поседува залихи на сила. Кога не се труди да биде прв на светот, може да го развие својот талент и да го пушти да дозрее.
Лао-Це
Небото и Земјата траат долго. Ако Небиото и Земјата траат долго, тоа е затоа што не живеат за себе. Ете зошто бескрајно траат.
Лао-Це
Да се раѓа, а не да се поседува. Да се дејствува, а не да се присвојува. Да се управува, а не да се потценува.
Лао-Це
Тешкото е корен на лесното. Мирувањето е господар на движењето. Во лесната подвижност се губи средиштето. Во забрзаната дејност се губи власта над себеси.
Лао-Це
Откога луѓето престанаа да учат од учителот, тешко е од нив да се очекува да не бидат неуки. Старите мудреци се многу повисоки од обичните луѓе, опа сепак учеле од учител. Затоа мудрите се уште попаметни, а глупавите уштет поглупави.
Хан Ји
Кога сееш мисла, ќе ожнееш дејствувљање. Кога сееш дејствување, ќе ожнееш навика. Кога сееш навика, ќе ожнееш карактер. Кога сееш карактер, ќе ожнееш судбина.
Свами Сивананда
Има само една каста-тоа е чистата хуманост. Има само еден јазик-тоа е јазикот на срцето. Има само една религија-тоа е религијата на љубовта. Има само еден бог и тој е секаде присутен.
Сатја Саи Баба
Почни го денот со љубов. Исполни го денот со љубов. Заврши го денот со љубов. Тоа е патот кон Бога.
Сатја Саи Баба
Животот е искушение, одолеј му. Животот е сон, оствари го. Животот е игра, играј ја. Животгот е љубов, уживај во неа.
Сатја Саи Баба