Потребно време за читање: 10 минути

139. Создавање-Творење-Креативност

Крајно и врвно: создавањето односно творењето и креативноста како нивен совршен израз е суштина на индивидуалната заедно со колективната опстојба.

Почетно и постојано, без што не е можен ни првиот чекор и ни стамениот ôд во времето: создавањето односно творењето и креативноста како нивен совршен израз е доказ на самосвесноста заедно со свесноста за траењето на достојниот живот.

Македонски народни пословици и изреки

По бура морето бисери исфрла.

Нема опстанок само со правење митови.

Боли кога се кршат идолите.

Наша прва грешка е правење грешки.

Делата како траги неизбришливи.

Пословици и изреки од народи на светот

Бидејќи е најголем мајстор-тоа значи дека не го признава своето совршенство. (Италијанска)

Творечката идеја подготвена на жртви не може да ја убие ни гроб. (Турска)

Секој успешен проект пред своето завршување изгледа како потенцијална катастрофа. (Англиска)

Најверојатна работа во врска со човечкиот мозок е дека сме го добиле без упатство за употреба. (Германска)

Народ кој останал со архаично образование по лансирањето на сателит и создавањето нуклеарно оружје, е опасен и безмилосен. (Француска)

Латински изреки

Креативноста-сегашен момент кој создава иднина.

Креативност-подвиг кој не е без жртви.

Во секоја работа има место за креативност.

За да продолжите напред, мора да ја прифатите вистината на дадената ситуација.

Домисла, гесло, мисла водилка

Уметноста, слободата и креативноста ќе го променат општеството побрзо од политиката.
Анонимус

Ограничувањата постојат само во нашите умови. Ако ја користиме фантазијата, си отвораме свет на бесконечни можности.
Анонимус

Неговата вистинска дарба не беше нужно во тоа што беше чисто спонтан, туку во создавањето на изгледот на спонтаност.
Анонимус

Во основата на иднината на компаниите е создавањето нови искуства на клиентите, производи, програми и процеси.
Анонимус

Рекле, издумале        

Во однос на нивните животни системи, многумина творци се како човек кој изградил огромен дворец, а живее во климава куќарка.
Серен Кјеркегорд

Не е добро да се сонуваат соништа за утопија, ако не може да се создаде прикладно законодавство.
Лорд Килмуир

Големи создаваат големо, добри трајно.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Во суштина, проблемот на создавањето е проблем на концентрација.
Херберт Спенсер

Не е оригинален оној што не  имитира никого, туку оној кого никој не може да го имитира.
Франсоа Шатобријан

Јас не сум попаметен од другите, јас само повеќе размислувам!
Алберт Ајнштајн

Логиката ќе ве одведе од А до Б. Фантазијата ќе ве одведе кај што ќе посакате.
Алберт Ајнштајн

Фантазијата е најважна. Таа претставува увид во идни животни убавини.
Алберт Ајнштајн

Фантазијата е поважна од знаењето.
Алберт Ајнштајн

А успех=X работа+Y игра+Z држи ја устата затворена.
Алберт Ајнштајн

Без промена нешто спие во нас и се буди резигнираноста. Спијачот мора да се разбуди.
Френк Херберт

Креативните луѓе се најстроги судии и на своите успеси и на неуспесите зашто сакаат да учат од нив. Најлоша работа е депресеијата, а не рецесијата. Никогаш нема да победите ако не знаете да губите.
Џон Хокинс

Иновациите се рискантни, но рискантно е и да скокнете во автомобил и да отидете до продавница и да купите леб.
Питер Дракер

Фантазијата често ќе нè одведе во светови кои никогаш не постоеле. Но, без нив не одиме никаде.
Карл Саган

Иновациите се она што луѓето ги дели на водачи и следбеници.
Стив Џобс

Некои сликари сонцето го претвораат во жолта дамка. Други жолтата дамка ја претвораат во сонце.
Пабло Пикасо

Секое дете е уметник. Проблем е како да остане уметник кога ќе порасне.
Пабло Пикасо

Интелигенцијата е најправедно распоредена работа на светот-никој не се жали дека ја има малку.
Џорџ Бернард Шо

Фантазијата никогаш не доведува до разочарување.
Ерих Марија Ремарк

Креативноста е толку нежен цвет, што пофалбите го поттикнуваат неговиот цвет додека обесхрабрувањето често го задушува во зародишот.
Алекс Озборн

Биди промената која сакаш да ја видиш во светот.
Махатма Ганди

Морето не можеш да го преминеш гледајќи во водата.
Рабиндранат Тагоре

Она што е зад нас и она што е пред нас е ситница во однос на она што е внатре во нас.
Ралф Валдо Емерсон

Секој уметник најпрвин бил аматер.
Ралф Валдо Емерсон

Секогаш сум бил отпадник, и тоа јако ме загрижува. Но немаше желба да комуницирам со колегите или со колега. Тоа беше само многу години подоцна, сфатив зошто така испаѓа. Тие беа рамнодушни спрема креативноста.
Курт Кобејн

Секој креатор е должен да ја изрази својата состојба на умот.
Сократ

Создавачот може да биде еден, ако тој го има она што го инспирира.
Платон

Уметноста никогаш не зборува за тоа, таа секогаш го покажува  она пшто би требало да биде.
Аристотел

Создавањето зборува за Создавачот.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Најголем проблем на дамарот на уметноста: како би пронашле необично во вообичаеното и вообичаено во повеќе фантастично.
Дени Дидро

Креативноста бара храброст да се издвоиме од сигурното.
Ерих Фром

Во процесот на создавање човекот влегува во дијалог со светот.
Ерих Фром

Креативноста не може да се научи-како да се стане добар писател. Но, на младиот писател може да му се помогне да открие во себе каков писател сака да биде.
Марио Варгас Љоса

Не учиш да одиш почитувајќи ги правилата. Учиш така што одиш, паѓаш и стануваш.
Ричард Брансон

Ако не дишеш низ пишувањето, ако не плачеш низ пишувањето, ако не пееш низ пишувањето-тогаш немој да пишуваш. Културата нема никаква корист од тоа.
Анаис Нин

Уметноста ни овозможува да се пронајдеме и да се изгубиме себеси во исто време.
Томас Мертон

Уметноста е линија околу твоите мисли.
Густав Климт

Вистинската цел на уметноста е најпрвин да ја култивира духовната природа на самиот уметник.
Џорџ Инес

Да се биде уметник значи да се верува во животот.
Хенри Монро

Уметноста не е она што го гледаш, туку она што го правиш за други да го видат.
Едгар Дега

За креативност е потребна храброст.
Анри Матис

Уметничкото дело е вресок на слободата.
Кристофер Лаш

Ако ние, граѓаните, не ги поддржуваме нашите уметници, тогаш ја жртвуваме својата фантазија на олтарот на суровата реалност и завршуваме така што не веруваме во ништо и имаме безвредни соништа.
Јан Мартел

Да се ​​создаде нешто ново е лесно, предизвикот е да се создаде нешто што ќе трае. Сфатив дека и големите бранови започнуваат со мали бранови.
Адам Браун

Човек може да стане невидлив едноставно со молчење.
Али Бенџамин

На крајот на краиштата, децата не се само возрасни во процесот на создавањето. Тие се луѓе чии сегашни потреби, права и искуства мора да се сфатат сериозно.
Алди Кон

Потрагата по совршенство само завршува со создавање апсурдни количества стрес и разочарување.
Ариел Форд

Незнаењето може да е блаженство, но не води до ослободување. Вашето тело е инструмент за создавање посакувани психички состојби. Користете го разумно.
Банте Хенелопа Гунаратана

Затоа што од создавањето на светот така се случило минатото да е секогаш подобро од сегашноста.
Барбара Вуд

Имаше ли смисла да се создаваат книги и уметнички дела кога човештвото живееше на работ на исчезнувањето?
Блејк Крауч

Најголемата емоција во создавањето е мостот до оптимизмот.
Брајан Харолд Меј

Но музиката се чини дека сведочи за постоењето на светот од моментот на неговото создавање.
Вангелис

Верувам дека само кога Душата и Науката ќе се обединат ќе ни бидат обезбедени средства за создавање подобар свет.
Брус Липтон

Секој од нас има уникатна индивидуалност и во тоа е твојот талент. Животот е создавање на ред од хаос. Силата на човечкиот дух се заклучува во способноста со интерес и оптимизам.
Бернард Бекер

Ако ги слушате сите зборови што човекот ги кажал од денот кога е создаден, ќе помислите: ова е Бог. И ги гледаш на делата, велиш: ова е ѕвер.
Андреј Волос

Тоа се раѓа за ново познание, ново истражување, нова расчленување на перцепцијата и создавање нови структури. Вчерашниот ден суштествува, звучи, но неговото ехо треба да биде земено предвид .
Виктор Шкловски

Инвестирајте сè во денес, оваа минута и овој момент. Само со повторно создавање на хармонија помеѓу внатрешното и надворешното, можете да постигнете целина и здрав живот.
Владимир Муранов

Дисциплинираните, конзистентните и упорните дејствија се повеќе одлучувачки фактор во создавањето успех, отколку секоја друга комбинација од нешта.
Грант Кардон

Вашиот мозок е дизајниран да создава идеи, а не да ги складира.
Дејвид Ален

Вистинското искуство е за создавањето. Она што останува по создавањето е споредно.
Дејвид Левитан

Не ми се допаѓа ништо што започнува со „пред“-како поминато, повторно измислено, пресоздадено-го мразам тоа. Секогаш е како да живееш во минатото-копирање, имитација.
Џек Вајт

Па, животот на чесниот човек е да реши еден проблем и да создаде два нови.
Џевад Карахасан

Купувањето е последниот фолклорен обред кој придонесува за создавање на општество.
Џејмс Балард

Потрошеното време за рационализација на медиокритетството може да се потроши за создавање на величественото.
Џен Синсеро

Очајот е неопходна состојка за учење нешто или создавање на нешто.
Џим Кери

Човечкиот мозок не научува толку многу со конзумација, колку со создавање.
Џим Квик

Свилената буба го симболизира писателот кој е осуден на мака во името на создавањето непостојани вредности.
Џоан Роулинг

Пред сè, вашата култура ќе биде движечка сила за создавање на издржливост, цврстина, страст и став за надминување на пречките на вашиот пат.
Џон Гордон

Нема помоќен импулс за создавање од загрозувањето на совеста.
Џон Штајнбек

Општо земено, боговите и религиите се адаптации на ниво на група за создавање сплотеност и доверба.
Џонатан Хајд

Всушност, создавањето музика не е ништо друго, освен работа на изум, потпомогнат и поттикнат од емоции.
Џорџ Гершвин

Грешката е почетна точка на создавањето.
Џорџ Штајнер

Ако навистина верувате дека создавањето е добро, нема да има штета во изучувањето на науката.
Џозеф Мари

Воспитанието значи потрага по способностите на детето, а не создавање нови способности кои ги нема во него.
Џузепе Мацини

Недоразбирањето на процесот на спонтано уредена економија оди рака под рака со неразбирање на создавањето ресурси и богатство.
Џулијан Симон

Самодовербата е вкоренета во процесот на создавање, а не во она што е веќе направено.
Џулија Камерон

Образованието живее на старата содржина, интелигенцијата-создавањето на новото и сознавањето на старото како ново.
Дмитриј Лихачов

Животот е периодот помеѓу создавањето и уништувањето.
Дмитриј Нагиев

Додека умот и егото го контролираат правецот на создавањето, секогаш ќе има проблеми во надворешниот свет затоа што егото мисли само на себе и живее во двојство.
Друнвало Мелхиседек

Кога пишувате како уметник, треба да го исчистите вкусот на сопствената политика при создавањето херои, а активизмот е нешто токму спротивното.
Ева Енслер

Генијалноста се движи кон создавање, а не кон уништување. Многу малку ги комбинирале и двете.
Едит Хамилтон

Латералното размислување… е процес на користење на информации за создавање креативност и увид за преструктуирање. Латералното размислување може да се научи и практикува.
Едвард де Боно

Би направил навистина реско разграничување меѓу создавањето и производството. Мислам дека тие се многу различни нешта.
Елинор Катон

Два се најмоќни стремежи на човекот-тоа е стремежот кон создавање и стремежот кон разурнивање.
Ерик Берн

Секој разговор според својата сушност носи како создавање, така и уништување.
Ерик де Кармел

Подучувањето значи создавање ситуации во кои може да се откријат структури.
Жан Пијаже

Знаењето, обработката на податоци и творештвото ќе бидат во основата на создавањето вредност.
Жан Тирол

Една минута бевме спомен во создавање, а следната бевме само спомен. Нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот.
Карина Хали

Обидот да се создаде рај на земјата неизбежно води до создавање на подземен свет.
Карл Попер

Пишувањето е повеќе за уништување отколку за создавање. Не можам да зборувам за други писатели, но пишувам за да создадам нешто што е подобро
Карл Уве Кнаусгард

Сè што гледате е во процес на создавање и растворање, на умирање или живот. Сè е во состојба на промена.
Кели Барнхил

Меморијата е пресоздавање, вредно затоа што е едновремено повеќе и помалку од оригиналот.
Кен Лиу

Радикалното простување е многу повеќе од едноставно ослободување од минатото. Тоа е клучот за создавање на животот што го сакаме и светот што го сакаме.
Колин Типинг

Тој што ја гледа убавината е соучесник во нејзиното создавање.
Кристијан Боуви

Работата за актерот се состои во две области: способноста за постојано создавање реалност и способноста да се изрази таа реалност.
Ли Стразберг

Најсуштинската состојка во создавањето на нашата вселена е сознанието што ја набљудува.
Лин Мектагарт

Во одреден момент од нашите животи мораме да се откажеме од фантазијата да создадеме подобро минато.
Лори Готлиб

Иновацијата е создавање и пресоздавање на нова клиенстска вредност на пазарот.
Мајкл Гелб

Стратегијата е создавање на единствена и вредна позиција која вклучува разновидни активности.
Мајкл Портер

Најважното нешто во бизнисот е-да се фокусирате на создавање на нешто важно. Јас просто работам на она со што би сакал да се забавувам.
Марк Цукерберг

Не знаеме што ќе донесе иднината, но тоа е затоа што секогаш сме во процес на создавање, а не затоа што тоа е вонземска сила на која треба да ѝ се покоруваме.
Марк Кингвел

И има само неколку „состојки“ неопходни за создавање здрав човек-вистинска, целосна, свежа храна, хранливи материи (витамини и минерали)…
Марк Хајман

Ние сме она што нè направи еволуцијата. Но, во суштина еволуцијата е создавање на сè поефикасни машини за убивање.
Маркус Сеики

Секој случај на скршено срце може да нè научи на моќни лекции за создавање на љубовта која навистина ја сакаме.
Марта Бек

Враќањето назад не значи создавање промени. Се работи за разбирање.
Маршал Голдсмит

Денес почнуваме да забележуваме дека новите медиуми не се само механички трикови за создавање светови на илузија, туку нови јазици со нови и единствени изразни сили.
Маршал Меклуан

Што може да биде полошо за роден поет од тоа да се роди во доба на разумот! За да се создаде книжевно ремек дело, не е доволен еден талент. Талентот мора да го погоди времето.
Метју Арнолд

Да се ​​биде одличен соговорник е за две работи: создавање интрига и интерес и создавање емотивна врска.
Метју Хаси

Мислам дека единствениот начин да станеш писател е со усовршување на гласот, создавање на свој сопствен глас.
Меган МекКаферти

Верувајте дека она што се чувствувате правилно за вас е тајната на среќата и создавањето на животот од вашите соништа.
Мел Робинс

Ако сајтот за вести одеднаш замолчи, тоа во никој случај не придонесува за создавање интриги-читателите едноставно си заминуваат. И по смртта, животот продолжува.
Мира Грант

Создавањето на светот е примерен модел за создавање на целиот живот. Смртта е недостижна ако не е поврзана на овој или оној начин со нова форма.
Мирча Елијаде

Мора да се запомни дека давањето совет е создавање непријател. Не советувај, не советувај воопшто, но ако сакаш да советуваш, тогаш советувај.
Михаил Литвак

Гледањето и признавањето на вистината за себе, за нашата улога во создавањето на сопствените проблеми и начинот на кој се однесуваме спрема другите е од витално значење за лекување.
Морган Скот Пет

Судбината е неизбежност во непрестаното создавање на светот. Треба да внимаваме да не оставаме безначајни букви зад себе.
Морис Друон

Процесот, а не резултатите треба да биде причината зошто писателот пишува. Инаку, создавањето на роман од четиристотини страници е премала задача.
Ненси Крес

Создавањето митови е апсолутно неопходно за создавање поедноставени слики од кои живеат луѓето.
Норман Дејвис

Нема ништо полесно од замена на отсутните мисли со создавање систем.
Освалд Шпенглер

Можностите во животот доаѓаат со создавање, а не случајно.
Парамаханза Јогананда

И робот и потписникот се коавтори во создавањето на сликата на незнаење и немаштија.
Ренди Гејџ

Едната страна на службата е служење, но другата страна е создавањето пространство во себе, каде што можностите да го дадеш најдоброто од себе стануваат уште повеќе.
Раф Мартин

Ние-односно нашиот живот и нашата душа-сме во процес на постојано распаѓање и повторно создавање.
Ричард Фланаган

Возраста помага човек да стекне некои од перспективите неопходни за создавање хармонија меѓу очигледните противречности.
Роберто Асаџоли

Внимателниот избор на зборови е најважниот и можеби најзанемарениот инструмент за создавање силни врски меѓу родител и дете, и всушност секоја здраворазумска врска.
Робин Берман

Она за што мислите сега е создавање на вашиот иден живот. Вие сами создавате свој сопствен живот со своите мисли.
Ронда Бирн

Противречности и борби-тоа е единственото нешто што останало непроменето од создавањето на светот!
Селма Лагерфол

Сакам луѓето да разберат дека постои такво нешто како создавање хармонично преживување меѓу кучињата и луѓето.
Цезар Милан

Магијата е природна. Тоа е хармонично движење на енергии за создавање на неопходната промена.
Скот Канингем

Како што гледам јас, училиштето никогаш не завршува. Ако сакате да се ставите себеси во позиција на создавање значителна вредност, треба да се ангажирате да бидете студент во текот на целиот живот.
Стив Павлина

Зборовите се само честички од информации, но јазикот е целосниот код. Тој е поврзан со секоја етапа од создавањето значење, од основните емоции до апстрактната мисла.
Стивен Котлар

И уметноста може да помогне за создавање на  промената.
Сузан Вриланд

Музиката е она што им придодава енергија на мислите.
Том Јорк

Наместо да вложуваме енергија во уништувањето на болката, треба да вложиме енергија во создавање задоволство. Уметноста на живеењето е уметност на комбинирање на мечтите и реалноста.
Том Хоџкинсон

Слушајќи ги прекорите на глупакот, тие за тебе ќе бидат кралска титула. Потребни се векови работа за да се создаде мал цвет. Женската голотија е Божја креација.
Вилијам Блејк

Не е важна темата на делото толку, колку опитот за неговото создавање.
Умберто Еко

Искуството ќе ја докаже расипаноста на човештвото, а убедувањето во тоа служи само за создавање недоверба, сомнеж-претпазливост-и понекогаш без причина.
Фани Барни

Не ги гледам овие Соединетите Американски Држави како завршен производ. Сè уште сме во процес на создавање. Никој никогаш нема да го лиши американскиот народ од правото да гласа, освен самиот американски народ.
Франклин Рузвелт

Метафорите се интересен пример за создавање магија во прозата.
Франческа Лиа Блок

Никогаш не се осудувајте себеси низ туѓи очи.
Фуад Виенто

Невозможно е да се измисли научен експеримент кој ќе го опише процесот на создавање или дури да се востанови дали таков процес може да се случи.
Хенри Морис

Творештвото и уметничките дела имаат мисија која оди подалеку од едноставно создавање музика во името на музиката.
Херби Хенкок

Чинот на пишување што било може да биде исто толку согласност, колку и создавањето.
Чарлс Бакстер

Има моменти за култивирање и создавање, кога го потхранувате својот свет и раѓате нови идеи и сочиненија.
Чогјам Трунгпа

Секој момент-тоа е нова можност за создавање на она што може да нè направи среќни.
Шакти Гаваин

Вистинската цел на алхемијата е создавање „вечен круг“ или универзален релјеф.
Шимада Соџи

Само уметничките дела се бесмртни.
Ирвинг Стоун

Многу успешни писатели признаваат дека иако создавањето херои е забавно, пишувањето заплет е потешка работа.
Јирген Волф

…интерес кон новото, одбивање да го прифатиме новото иде од фактот што сега ме интересира само создавањето сопствени нешта.
Јуриј Олеша

Понекогаш во животот треба да умееш да чекаш. Мислам дека за создавањето на пчелата е нужно повеќе мудрост отколку за создавање црна дупка.
Џастин Гордер