Потребно време за читање: < 1 минута

11. 2. 20. Сообраќај

И сообраќајот теба да добие соодветен третман на современото-модерното радио. Не само затоа што е тој самостојна стопанска дејност со специфична економска функција, со специфична-сообраќајна политика, туку и поради фактот што има мошне значајно место и улога во севкупниот развој на земјата. Од него зависат и многу други стопански дејности (туризам, трговија-промет на стоки, инфраструктурата во нејзината севкупност итн.).

Основната дефиниција на сообраќајот го акцентира токму таквото значење и поврзаност: оваа дејност се занимава со пренос на материјални добра, луѓе и вести од едно место на друго, со што се овозможува промет на стоки и задоволување на општествени потреби за превоз на лица и меѓусебна размена на мисли, идеи, проекти, поврзување и ефикасна реализација.

При третирањето на сообраќајот како стопанска дејност треба да се имаат предвид неговите економски функции: сообраќајна инфраструктура-патишта, железнички пруги, реки и канали, но и основните параметри на економиката на сообраќајот: изучување и анализа на појавите, формите и специфичното дејствување во областа на сообраќајот; истражување, изучување и анализа на специфичните економски особености на сообраќајот што се условени од неговите технички, технолошки и организациони карактеристики.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Конкретниот новинарски ангажман во презентацијата и афирмацијата на постигањата во развојот на сообраќајот, како и во решавањето на проблемите и надминувањето на состојбите, подразбира континуирано следење. Не само изделено, туку многу повеќе во корелација со другите области во кои сообраќајот партиципира.

Тоа значи не само повремена програмска застапеност (нови инвестиции и сл), туку и искористеност на постојните капацитети, нивно одржување, осовременување, функционалност и поврзаност со севкупната инфраструктура во земјата и странство. Во наши услови, но и со оглед на перспективниот развој, сообраќајот е во најнепосредна врска со туризмот и услужните дејности.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here