ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

Потребно време за читање: 2 минути

26. Јазак

Црвената завеса на сцената се крева и пред публиката се Митре и Митрејца во нивната кујна. Митре седи во дрвено столче на дрвена кујнска маса и чита весник, а Митрејца вари кафе.

Наедднаш од столица рипа Митре:

-Јазак! Јазак!

Митрејца:

-Што е бе, Митре? Што ти е? Што ти стана?

Митре:

-Јазак да им е на двајцана, Митрејце. Јазак!

Митрејца:

-Кои двајца бе, шлакнат ниеден?!

Митре:

-Како кој, Митрејце моја? Како кој?! Кои други има двајца освен двајцана? Јазак!

Митрејца:

-Е, доста веќе! Јазак, па јазак! Смири се, соземи се, подиши длабоко и кажи ми полека, мирно, збор по збор што е работата…Што да им е јазак на двајцана?

Митре се смирува, се созема, подишува длабоко и почнува полека, мирно, збор по збор:

-Јазак да им е на двајцана! Политиканти ниедни! До толку ли да гледаат саде ќар баш во сè? Си тераат свои политики, ебави политиките, и гајле им е за народот. Саде ќар. Јазак!

Митрејца:

-А какви им се тие ебаим политики?

-Зар не гледаш со свои очи? Не слушаш со свои уши?…Се перчат, скокаат ко петли на кокошки, ми ги отекоа со „граѓани“ па „граѓани“, ко да нема народ, ко да ќе им изгорат устите ако речат народ. А кога на оние на кои им се давајгазовци ќе им свирнат, ќе им го свирнат…

Митрејца малку нервозно:

-Митре, ај малу прибери се. Стануваш вулгарен. Не ти личи.

Митре луто и со дигнат глас:

-Што мори вулгарен?! Не е така? Така е! Баш се такви. Народот им вика „Јазак, страшливци!“, а тие „Мораме да бидеме конструктивни!“ Ебави конструктивноста! Народот им вика „Јазак да ви се татичињата и мамичињата што ве направиле!“, а тие „За доброто на граѓаните на оваа држава мораме да прифатиме, да отстапиме, да се согласиме“. „На оваа држава“, па „На оваа држава“. Море марш надвор од неа!

Митрејца го смирува.

-Добро, Митре мој. Ај престани да се сакалдисуваш. Може да ти удри на срце, на џигер, на бубрезите во лој…Добро, еве и јас викам: Јазак! Јазак!

Митре ја гледа зачудено, скоро да ги ококорил очите:

-Што јазак, мори?!

Митрејца.

-Па тоа…Јазак!

По едноминутно молчење и меѓусебно загледување Митре ѝ подвикнува:

-Јазак да ни е нам, Митрејце, што им дозволивме на двајцана да се мајтапат со нас! Ѓоамити се договориле за наше добро. Јазак! Политиканти ниедни! И што договорија? Дека отсега па натаму и во иднина треба да се договараат како што ќе им свирнат оние на кои им се давајгазовци, а не да тераат инает ко две магариња на мост. А за друго им е! За ќарот да не им пропадне, да не им престане, да не им се сневиди! Јазак! А бе стапови за нив, па сто удри еден број. Јазак!

Митра зборува смирувачки и заклучува:

-Знаеш што, Митре мој? Ептен имаш право. И на двајцана јазак! Баш се за стапови, па сто удри еден број. Ама и ти се чудам. Што чекаш? Што очекуваш од нив? Политиканти биле, политиканти се и политиканти ќе останат. Јазак! А во право си и дека на оние им се давајгазовци. Туку…Ти правиш разлика меѓу политичар и политикант? Ако правиш, значи знаеш кој е кој и оти обајцата давајгазовци се за јазак. Ама не знаеш друго што знае твоја Митрејца, Митре мој: дека тие не се ниту политичари, ниту политиканти! Тие се нешто помеѓу. Ко ни риба ни девојка. Ко исто да им се фаќа дали се машко-женско, машко-машко или женско-женско. Јазак оти се политички политиканти!

Митре:

-Јазак!

Црвената завеса се спушта, а публиката аплаудира френетично и долго.

 

Leave the first comment