На почетокот од оваа 8-ма емисија од проектот ‘Ова не е топ- листа’ последни променливи изданија на нашите плеј листи кои ги имаат формите на топ- листи. Значи, со некаков привремен редослед, без особено значење или аргументација, и со нови предлози.
Најавивме последни изданија затоа што 9-тата и 10-тата емисија ќе бидат ретроспективни, како илустрација и потврда на се што кажавме, вклучително и во оваа емисија, за топ- листата како форма и содржина, на се што изнесовме како наша аргументација ‘за’ и ‘против.’ Ова не е топ- листа’ затоа што е, наедно претставува и обид за еден нов пристап кон создавање, креирање, негување на топ- листите, пред се музичките во електронските медиуми, особено на радиото, во однос на вреднувањето и афирмацијата на творештвото воопшто, посебно на музичкото.
Како што најавивме, во оваа емисија поопстојно за еден мошне значаен аспект на топ- листата, најприсутен кај нас, а кој е во нејзината основа, можеби и изворот на нејзиното настанување: игра- забава- комуникација, се за постигнување на комерцијални цели.
[mixcloud https://www.mixcloud.com/Avizo/uploading-политоника-музичка-енциклопедија-емисија-8/ width=100% height=120 hide_cover=1]