‘Ова не е топ листа’ ви ги предлага следниве нумери за македонската и странската топ листа во рамките на овој проект.
[mixcloud https://www.mixcloud.com/Avizo/политоника-музичка-енциклопедија-емисија-6/ width=100% height=120 hide_cover=1]
Дали предлозиве се погодени, дали можат да бидат и ваши, дали можете да ги изберете, или некои од нив, што ќе бидат вградени во листите? Или мо`еби имате други, поинакви предлози?
Како да се направи предлог, што да се предложи, како да се направи избор? Врз основа на кои критериуми? (Да, несомнено е дека каков било предлог или избор претпоставува критериум.) Ова е едно од суштинските прашања, или ако сакате проблеми, најнепосредно поврзани со креираwето и кредибилитетот, валидноста на една топ- листа.
Најлесниот избор на предлози е од веќе направен, позајмен или компилиран од други. Тоа најчесто се прави поради немање на сопствен критериум, немање на сопствен вредносен систем и, следствено, страв да не се погреши, да не се направи погрешен избор. Единствениот предуслов е информираноста, односно следењето на она што е веќе рангирано во светот, што е на светските топ- листи.
Ваквиот еклектичен пристап дава гаранции дека нема да се погреши, но мошне лесно се открива нестручноста и некомпетентноста на креаторот, составувачот на топ- листата. Доволно е само да се праша зошто некоја нумера е избрана или е веќе на ова или она место? Единствениот можен одговор: ‘Присутна е, или е високо рангирана на светските топ листѝ.
Со оглед на времево- општествово во кое сме (информатичко, лесен пристап до информациите и за најбаналните индивидуални потреби и интереси- Интернет), се наметнува прашаwето која е смислата, која е функцијата, целта на една таква топ- листа? Кому му е таа потребна? (Освен, на пример, колку да се пополни празно- вишок на време, на пример, во рамките на една радио- програма.)
‘Ова не е топ листа’ ви нуди таква светска мини топ- листа: …
[mixcloud https://www.mixcloud.com/Avizo/политоника-музичка-енциклопедија-емисија-6/ width=100% height=120 hide_cover=1]