Топ-листите се мошне раширени, прифатени форми на презентација, афирмација, но и рангирање на музичкото, и не само на музичкото творештво.
Една од причините за тоа е во едноставноста- стандардизацијата, клишето за нивна реализација: презентација на музички новитети, гласање на слушателите, рангирање според гласовите, и тоа е се.
Мошне ретко кај нас тие се „прават“ според утврдени строги критериуми, со рецензентски пристап- оценка, вреднување на музичките дела во нивната комплексност (музика, аранжман, текст, изведба- интерпретација).
И бидејќи не нудат естетска валоризација, нивниот “ефект” е речиси исклучиво комерцијален, со „оправдување“ дека „за вкусовите не треба да се расправа“.
Послушајте ја првата епизода од проектот Политоника.
[mixcloud https://www.mixcloud.com/Avizo/политоника-музичка-енциклопедија-емисија-1/ width=100% height=120 hide_cover=1]