СОВРЕМЕ, Самосвест, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

40. Замисла

Јас со тебе можам
да почнам да освојувам
нов простор со наше време,
се разбира педа по педа,
од извор кон хоризонт,
помеѓу две самобитности
кои ќе го споделуваат само
она што може да се случува
во мир, спокој, ведрина.

И ти со мене можеш
да почнеш да догледуваш
нов изгрев на сонце,
по пробдеана ноќ со мисла
дека и младоста и староста
ни минаа незапирливо,
какви што сме од раѓање
на наша рожба
па сѐ до последно семе
во пустелијава.

Не разбирам зошто чекаме
некој да се крене на нозе,
да застане на чело,
та со молскавици во зеници
да окамени јунаства
опејани за паметење,
за слобода во создавање
безмерно, безгранично.

Ова што го правиме,
што го градиме,
што го надградуваме
јас и ти заедно,
мора да биде знајно од нас
како трепет, како љубов.

Leave the first comment