Momentum XV
Сцената бавно се врти.
Глас 4
Еве голема мудрост (се цитирам себеси): „Хуморот е терапија за преплашените“. Може да важи и сега.
Глас 1
Него ќе го користиме кога конечно ќе сетиме дека очите ни се навикнуваат на темница. Дотогаш сите на ред пред нас ќе ги облекуваме во крпи и домашни облеки.
Глас 8
Обично жените внимаваат на своите појави, а на телата ако им се голи.
Глас 6
Возбудата ќе биде поголема кога ќе поставиме крпите и домашната облека да паѓаат побрзо од нивното време.
Можеби е подобро
да се патува.
Па тргнавме рано фатени за раце,
случајно да не ја заборавиме
сликата со куќи
во кои спиевме и ги уривавме потоа
некако чудно задоволни
и свест
дека правиме нешто неверојатно.
Водата ќе порасне, а се знае:
водата е крв,
иако е одамна заборавено
оти крвта не е вода.
Ќе нѐ измори за да задоцниме.
За сонцето скриено да ни ги исуши
јагодите собрани во росно утро,
а потоа да ни испукаат усните
изгорени од сон.