Најосамена телефонска говорница

Потребно време за читање: 2 минути

Телефонска говорница среде пустината Мојаве, во Калифорнија, станала толку популарна што морале да ја размонтираат; со своето ѕвонење им го пореметувала мирот на пустинските животни и ја загрозувала околината:

Во годините на Втората светска војна, не се знае точно кога, на група рудари во пустината им требала телефонска врска со светот, па растегнале жици и на крстопат на две неасфалтирани патишта поставиле говорница. Рудата е извадена во 60-тите години на 20. век, рударите си заминале, а говорницата останала среде ништо и никој не ја користел. Повторно заѕвонила дури во 1997. година.

Имено, некој тип со прекар Дојс ја пронашол говорницата на карта, го прелистал именикот и одлучил од чисто љубопитство да го повика бројот(619) 733-9969. Ѕвонел, ѕвонел, и конечно една жителка на пустината, Лорен, го слушнала ѕвонењето и-се јавила, па е реализиран првиот дојдовен разговор по 30 години. Лорен имала рудник ма вулканска дрозга (за блокови од тула) 15-тина милји подалеку и тоа ѝ бил најблискиот телефон.

Дојс бил толку фасциниран од говорницата во пустината што ѝ посветил web-страница на која го навел бројот: (760) 733-9969-повикувачкиот во меѓувреме е променет-и луѓето почнале да се јавуваат само за да видат дали некој ќе сака да ја крене слушалката. А потоа изнајмиле и теренци и отпатувале во пустината Мојаве-само за да одговорат ако телефонот заѕвони. Еден тексашанец кампирал 32 дена покрај говорницата и се јавил на телефонот повеќе од 500 пати. Љубопитните се јавувале од сите страни на светот-од блискиот Лос Анџелес до Нов Зеланд и Косово.

И како што обично бидува, „најосамената говорница на светот“ сопствениот успех ја осуди на пропаст. 20-тината-30-тината посетители на ден почнале да го нарушуваат кревкиот екосистем на пустината, па Pacific Bell и Управата на националните паркови говорницата ја размонтирале.Останал само нејзиниот број, без приклучен апарат.

Снимен е и филм за пет различни лица чии животи се испреплетени околу неа. Ја снимил Џон Пат. Бет, која настојува да ги реши проблемите во љубовниот живот, Мери, која поради очајна животна ситуација размислува за проституирање, Алекс, која ја губи љубовта на својот живот, Глори, која мисли дека ја опседнуваат вонземјани, и Ричард, кој по развод станал алкохоличар, се среќаваат пред говорницата.

Филмот освоил 13 награди на исто толку независни фестивали.

Leave the first comment