ПРИРОДНА СОСТОЈБА, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

21. Белки

Белки има надеж дека
времево за нас,
во кое доживуваме
едновремено
дамнешни и сегашни,
одгатнати и незнајни
доживеалици,
ќе потрае сѐ до
извесна утрешнина.

Белки веќе никој
не може да нѐ запре
на чекор до тишина
полна спокој,
полна ведрина,
во која
сал со добра мисла,
заемно и согласно
опстојуваат
сите птици
и сите животни,
сите дрвја,
и сите треви,
сите цвеќиња
и сите луѓе.

Како свет што секој
може да го има за свој,
без предумисла,
без скаменети мигови
на неповратност.

Leave the first comment