fbpx Прескокни до главната содржина

Настроение

-Настроен си?

-Да, како секогаш кога сме заедно.

-А какво ти е сегашното настроение?

-Ти реков, секогаш исто. Значи, добро, весело, радосно, разиграно. Не дозволувам никогаш да ме фати лошо. А твоето?

-Моето настроение е лошо, но не во некаква врска со тебе или со нас. Затоа што немам настроение за работа.

-Па немој да работиш. Одложи за утре…Не ти е итна работата. Има време. Ќе ја сработиш.

-Проблем е што таквото настроение не ми е само денешно. Ми трае со денови. Ти тоа не можеш да го разбереш затоа што сакаш да го работиш тоа што го работиш, а и не зависиш од него. Ни материјално ни како било инаку. Не велам дека јас не си ја сакам работава. Да не си ја сакам, ништо не би можело да ме спречи да ја напуштам или да почнам некоја друга. Но е веќе несомнено дека од ден на ден ми станува сè потешка.

Прочитај и за ... >>  Трагата

-Секому му се случува тоа. Да го фати такво настроение и да го држи со денови…Не грижи се, ќе помине. Земи неколку дена одмор…Јас ќе те одменам. Ќе сработам од твојата колку можам…А да не не е во прашање настроение? Да не е в ред нешто со здравјето? Знаеш и сама дека никакво настроение не е од нигде никаде.

-Не е од болка или болест…Ме стегнал некој саклет…

-Да ти сварам чај, кафе?…Ајде, седни…Да не сакаш да легнеш?

-Не, не сум снеможена…А да ја оставиш и ти работата, па да излеземе на кеј, да прошетаме?

-Мислиш дека тоа ќе ти го смени настроението?  

-Се надевам…Излегуваме! Домашниве работи нека чекаат!…Нема каде да одат!

МОЛКНАТИ ДИЈАЛОЗИ, раскази, 6

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.