fbpx Прескокни до главната содржина

Борба-Војна-Мир

Тивки клокоти

Борбата за живот ваков или онаков, не секаков, не каков било, како и борбата во живот се суштествени за опстанокот на човекот и на човечката цивилизација.

Борбата против нечиј живот, значи за смрт, не е борба на човек, туку на ѕвер во него. Секојдневна борба за живот во живот?Не, туку за опстанок и напредок, за вредна и убава живеачка наспроти бедно и грдо живуркање.   

Најважна е целта пред, за време и на крајот на секоја војна. Во историјата на човештвото никогаш никој против никого не војувал бесцелно. Вистинското прашање е дали целта заслужувала/заслужува жртвувања, смрти, разурнувања, беспокојства и омрази.

Единствена оправдана цел на војната е постигнување мир. Не каков било, туку долготраен и животворен. Никогаш никој не почнува војна по мир. Тоа што се нарекувало и прилегало на мир дотогаш всушност било одложена војна.

Меѓу војна и мир-борба.  

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 82

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.