292. А бре доста им се упикуате на окупаторско-асимилаторските и наци-фашистички соседи! Ко да сте нивна власт!?
293. Ни нема спас со натурениве на власт!
294. Отсекоаш сте биле будалишта и секоаш ќе бидите. И на власт и во опозиција.
295. Тие не треба да постојат за вас штом вие не постоите за нив.
296. Мораме како било, кога со ними не мојме никако.
297. Коа гнево на народо ќе се излеј на улици, ќе нема сила шо ќе го запри.
298. Нема поголемо и појако сакање од на род и пород.
299. Се веј и допрва ќе се развеј знамето на народо со негоото сонце слободарско!
300. Се лажиш ако мислиш оти ќе преживејш и ќе ти се прости велепредавство.
301. Појќе не мојт да го носи тесно скроеното, па ене го угул гол како пробуа да се сокрие од народо.
302. Нема утрешнина за оној шо во денешнина на сила ѝ измеќаруа.
303. Секоаш нешто живо и за заживуање некоаш во опустошена земја!
304. Вака али онака, секако али некако, отсега али посега по наше ќе биди.
305. Којзнај, можи ќе бидам со вас и коа ќе ме нема.
306. Од мене за вас и речено и сторено, од вас за мене доста е сторено.
307. Шо можиме уште заедно? Уште многу со здравје, сакање и пристојна живеачка.
308. Ме знајш кој сум и шо сум, ама не мојш да ме припознајш. Знајш зошто? Оти ништо не споделуаме.
309. Два метра под земја штом напрај да те мрази секој жив шо не е твој измеќар!
310. Бреј, овие шо се на власт да ти биле ептен големи давајгазовци!