fbpx Прескокни до главната содржина

Православен верски календар-6. септември (24 август-стар стил)

Во спомен на Светиот свештеномаченик Евтихиј и Светата маченичка Сира (Кира)

Светиот свештеномаченик Евтихиј е еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражавател на светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вброен меѓу седумдесетте апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за епископ-мисионер, Евтихиј многу патуваше, имајќи за сопатник Ангел Божји. Во затворот примаше небесен леб од Ангелот. Кога му го стружеа телото со железо, од него течеше крв со необично благоухано миро. Го фрлаа во оган и на ѕверови, а најпосле го убија со меч во Севастопол.

Светата маченичка Сира (кира) е роднина на света Марија Голиндуха (25 јули). Персијка од градот Хирхаселевкос, ќерка на голем жрец огнопоклоник. Воспитана во незнабоштво, девицата Сира дозна за Христа од некои бедни жени христијанки и нејзиното младо срце се разгоре со љубов кон Господа. Еднаш кога боледуваше, а додека сè уште не беше крстена, побара од христијанскиот свештеник прав од црквата, меѓутоа тој дури и тоа ѝ го одби, бидејќи беше некрстена. Тогаш таа со голема вера се допре до одеждите на свештеникот и оздраве. Тоа чудесно исцеление уште повеќе ја утврди во Христовата вера. Но, нејзиниот бездушен татко ја предаде на измачувања, при што беше охрабрувана со небесни виденија. Ја удавија насилно со коноп и ја потопија во вода, во 558. година, во времето на персискиот цар Хозрој I, а во осумнаесеттата година од нејзиниот живот. Така оваа света девица го заврши патот на земјата и се пресели во Ангелските престојувалишта на небото.

Прочитај и за ... >>  Се случи на денешен ден - 15 август: Ресен, Панамскиот канал, независна Индија, Вудсток и сигналот „Wow!“

 

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.