Во далечина

Загледан во далечина
до кај што му стига погледот
замислува како се раскрилува
и како полетува кон чисто небо
и како долетува во предел
со спокојна сончевина.

Па неговата сенка почнува
да игра со неа игра
плодородна со предци
и потомци во коренот.

Па како човек
веќе не раскрилена птица
влегува во нејзината срцевина.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Замислувања, поетска студија, 71

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.