ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 14

Потребно време за читање: < 1 минута

14. Клучна согледба

Нема слобода и демократија без лична одговорност!

А што е со правото?

Прво лична одговорност, па потоа лично и колективни права. Во асолна држава и напредно општество лично се одговара за лично сторено дело, но и еднакво лично и колективно за  неговото сторување. Колективната одговорност поготово кога личната е обусловена од неа. Тоа е најчесто, дури неминовно во држави и општества со партократско владеење. Конкретно: еднаква одговорност на сторителот на делото-„партискиот војник“ и на партијата која му го овозможила, почесто го задолжила да го стори тоа.

Личната одговорност е единствена, но може да биде и обично е наспоредна, па и испреплетена со колективната. Последично: еднаква казна? Да, но неретко поголема партиската. Тоа во демократијата дури со поголема, драстична казна. Сè до забрана на дејствување на партијата, односно нејзино укинување!

Сегде кај што прдничи правото се сотира личната одговорност.

Сегде кај што суштински не владее демократијата личното и колективните права не само што се доминантни, туку стануваат параван за нечесно владеење и страховладеење. Во кои најпрвин страдаат слободата и слободоумноста.