Избор од македонски народни пословици за глупоста:
- Ако беше му било кусо алиштето, ќе му се придаеше, ами коа му је умо кус, не можиш да му го придаиш;
- Ама глаа, ама тиква; ама глаа, ама црпка;
- Арно му је брадата бела, ами коа му је глаата дебела;
- Глаата да му падни кога нема во неа семки;
- Глупаиот не припознаа добрина што да му се праи, и да му напраиш добрина, не припознаат; и да не му напраиш, па не припознаа;
- Даруш, магаруш, не даруш, па магаруш;
- Кадијата умо да му го носи;
- Капа му дупи тој што го има;
- Лета, лета магаре, речи му, и шутио ќе ти поверуа;
- Магарињата не се со рогои, ами сет со долзи уши;
- На две магариња сено не знаи да му врли (али слама);
- Од многу ум што има, дури се ошути. Ум нема;
- Откоа се ожени, уште поеќе се ошути;
- Пари има, ум нема. Ум има, пари нема;
- Умо му лета по чавките. Шут.
Пословици од народите на светот за глупоста:
- Варди се од брзање зашто тоа секогаш доведува до каење: оној што брза зборува пред нешто да дознае, одговара пред нешто да сфати, одлучува пред нешто да провери, куди пред во нешто да се убеди. (Арапска)
- Глупостите за кои најмногу жалиме се оние што никогаш не сме ги направиле. (Хрватска);
- Молчи или зборувај нешто повредно од молчењето. (Германска);
- Мудроста што ја преминува мерата е полоша од глупоста. (Монголска);
- Паметниот ги крие своите добрини, будалиот ги држи на јазикот. (Монголска);
- Подобро е со мудар да се плаче, отколку со будала да се пее. (Словенска);
- Ако ти е паметта слаба, мораш да имаш силен грб. (Бугарска);
- Глупави се сите кои така изгледаат и половина од оние кои не изгледаат така. (Повеќе народи);
- Глупавиот што станал свесен дека е глупав повеќе не е глупав. (Повеќе народи);
-Ако е некој луд, не биди му другар. (Повеќе народи); - Ако си испратил деветтмина глупаци нешто да ти купат, ти си станал десеттиот. (Повеќе народи).