Потребно време за читање: < 1 минута

2. Земна песна

Тој сè уште стои цврсто
на земја каменита,
а снага му веќе премалена.

Не сака никој да го здогледа,
ниту да го догледа
како крајот да му е близу
неминовен.

Не дека се плаши
да не остане сам
пред пустелијата
што наеднаш се простре
меѓу два негови здива.

И не дека крвта му е
веќе огнена,
та срцето и свеста
како веќе да не се негови.

Просто затоа што
земјата каменита,
на која сè уште стои
цврсто,
нема кој да ја заживее,
па да слее во неа
корени
на минати и сегашни
животи
што ќе им одолеваат
на од немости посилни,
на со очи скрвавени,
на до голи коски испустени
невремиња.

Тие, пак, сè поблизу
до пајаковата мрежа
спроти него.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here