44. Негова за радување
Нȇма ми е песнава
испеана за радување
наше и на наши
од дамнина во иднина.
Е зашто треба да е
за меѓу нас да живее
сосе игри надежни
на зборови во шепоти.
Нȇма ми е ама екотна
во простор обграден
со ѕвезди небесни,
неугасливи.
За радување дека
најпосле сме
тела од страсти
и страсти на тела
што заживуваат
во родно огниште.