34. Има една смрт
Има една смрт во живот
што не е исчезнување,
ниту одење во неврат
без никаква трага
на постоење или опстој.
Во живот е како никогаш
да не била за смрт
со длабоко паметење,
со безмерно тагување.
Смрт која никогаш
не се случила,
ниту некогаш како сега
ќе се случи.
Една смрт
меѓу маж и жена заедно
откога долго биле сами,
во себе заробени;
како смрт нивна,
последна.